На патеката кај Барселона работите не се менуваат веќе петта година по ред, повторно возач на Мерцедес ја има пол-позиција на патеката Каталуња во Шпанија.
Оваа година Луис Хамилтон оствари најдобро време во денешните квалификации пред клупскиот колега Валтери Ботас, што е веќе честа појава оваа сезона. На третото место зад болидите на Мерцедес беше Макс Верстапен од Ред Бул кој е единствениот сериозен конкурент на двоецот на Мерцедес, Хамилтон – Ботас.
Серхио Перез ќе стартува од четвртата позиција, откако се врати во во својот болид, по позитивнот резултат за коронавирус.
Ова е четврта пол-позиција оваа сезона за бранителот на титулата, кој има убедлива предност во генералниот пласман.
Трката за ГН на Шпанија ќе се вози утре со почеток од 15:10 часот.