Голманот на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, го опиша како немилост поразот од Интер во четврт-финалето од Лигата на Европа, што се играше синоќа во Дизелдорф. Поради пандемијата на коронавирусот, формат на елиминациите се смени и се игра само еден натпревар, кој во овој случај екипата од Милано ја искористи и победи со 2:1 и следниот понеделник ќе игра полуфинале со победникот од дуелот помеѓу Шахтјор Донецк и Базел. „Срамота е. Двата гола што ги примивме брзо ги искомплицираа нашите животи. Пробавме сè, но не успеавме, немавме среќа да постигнеме уште едне гол. Мора да извлечеме поука од сето ова и…
Author: riste
Тренерот на Интер, Антонио Конте направи анализа на четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа со Баер Леверкузен (2:1). „Ние сме многу среќни затоа што беше многу добар нашиот настап. Ние се подготвивме правилно за оваа средба, никогаш не дозволивме Баер да ја контролира топката, го реализиравме она што работевме на тренинзи. Како што секогаш велам, можевме да ја убиеме играта порано и малку да се опуштиме. Не дозволивме многу шанси во нашиот шеснаесетник, но факт е дека ние самите имавме доволно шанси да постигнеме повеќе од два гола. Момците покажаа колку се „гладни“, колку се решени да докажат дека она…
Трансферот на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед нема да се реализира ова лето. И покрај големиот интерес за ѕвездата на Борусија Дортмунд тој сепак ќе остане во тимот од „Сигнал Идуна Парк“ , а воедно како што најавивме вчера замина на подготовки со екипата на Борусија Дортмунд во Швајцарија. Сето ова го потврди и директорот на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, кој рече дека одлуката е конечна. „Планираме Санчо да биде во екипата и наредната сезона, тоа е конечна одлука. Минатото лето ја прилагодивме платата да биде соодветна со неговиот напредок. Го продолживме договорот до 2023 година“ , изјави директорот на…
Само два тима кои се дел од четвртфиналето во Лигата на шампионите го имаат освоено пехарот во ова натпреварување. Само Баерн (Минхен) и Барселона имаат почувствувано како е да се подигне пехарот во Лигата на шампионите. Манчестер Сити, Олимпик Лион, Атлетико Мадрид, РБ Лајпциг, ПСЖ и Аталанта никогаш не го кренале трофејот. Најблиску до него беше Атлетико Мадрид, кој загуби три финалиња. Манчестер Сити и Олимпик Лион стигнаа до полуфиналето само еднаш. Најдоброто достигнување на ПСЖ досега е четвртфиналето. Аталанта и РБ Лајпциг се најнеискусни во ова натпреварување. Барселона и Баерн имаат по пет трофеи. Двете екипи се среќаваат во…
Шкендија, Шкупи и Ренова, трите македонски претставници во квалификациите за Лигата на Европа, ги добија противниците во 1. квалификациско коло. Од сите три само Шкендија беше меѓу носителите, додека Шкупи и Ренова беа меѓу неносителите поради слабиот европски коефициент низ годините. Ждрепката сакаше Шкендија како носител да игра со Сумгаит (Азербејџан), Шкупи да игра со Нефчи од Азербејџан, а Ренова да се соочи со ерменскиот тим Алашкерт, Исто како и во Лигата на шампионите, во оваа рунда од Лигата на Европа ќе се игра само по еден натпревар за да се забрза темпото и да се комплетираат групите побрзо. Натпреварите од 1. квалификациска…
Новиот главен тренер на Јувентус Андреа Пирло нема намера да смета на некои од сегашните играчи на тимот. Вчера италијанските медиуми ги ставија Даглас Коста, Сами Кедира и Гонзало Игуаин меѓу оние кои ќе заминат, а покрај нив, се очекува да биде и Блес Матуиди. Францускиот играч од средниот ред веќе е понуден на клубовите Лига 1 и МЛС лигата. Матуиди (33 години) добива по 3,5 милиони евра по сезона. Во февруари неговиот договор автоматски беше продолжен до летото 2021 година, но Пирло планира да смета на другите играчи на средина на теренот и Французинот нема да остане на стадионот…
Веројатно ова лето нема да има трансфер на Џајдон Санчо во Манчестер Јунајтед, бидејќи истече рокот поставен од „жолто-црнците“ за клубот од „Олд ТРафорд“. Според ултиматумот, договорот требаше да биде комплетиран пред тимот на Лусиен Фавр да замине на претсезонските подготовки во Швајцарија. Фудбалерите на Борусија Дортмунд, вклучувајќи го и Санчо, веќе се качија во авионот на пат за Швајцарија без клубот од „Сигнал Идуна Парк“ да добијат понуда од Манчестер Јунајтед. Двата клуба не успеаја да се договорат за цената. Борусија врши притисок за 108 милиони фунти, но „црвените ѓаволи“ велат дека сумата е нереална во пресрет на пандемиската…
Истанбулскиот Бешикташ покажува интерес за напаѓачот на Бреша, Марио Балотели, велат медиумите во Италија. Претставниците на турскиот клуб веќе водат преговори со агентот на фудбалерот Мино Рајола. Бешикташ му понуди на напаѓачот договор со плата од 2,5 милиони евра годишно плус бонуси. Договорот на Балотели со Бреша важи до летото 2022 година, но договорот може да биде раскинат пред предвиденото, бидејќи клубот испадна од Серија А. Балотели се приклучи на Бреша летото 2019 година како слободен агент. Минатата сезона, 29-годишниот напаѓач учествуваше на 19 натпревари од италијанскиот шампионат (16 во првиот тим), во кои постигна пет гола, а исто така…
Поранешниот тренер на англискиот клуб Тотенхем, Маурисио Почетино може да го преземе италијанскиот тим Рома, пренесува „АС“. Според истата информација, доколку 48-годишниот аргентински тренер ја одбие понудата, раководството на римскиот клуб ќе продолжи да соработува со досегашниот тренер Пауло Фонсека. Договорот на Португалецот е до 30 јуни 2021 година. Почетино го водеше Тотенхем – од мај 2014 до ноември 2019 година. Под водство на Аргентинецот, лондонскиот клуб стигна до финалето од Лигата на шампионите за прв пат во историјата (во сезоната 2018/2019), каде загубија со 0:2 од Ливерпул. Почетино, исто така, го предводеше тимот до финалето на англискиот Лига Куп…
Шпанскиот весник „АС“ објави информација дека Алваро Одриазола наредната сезона ќе игра за екипата на Реал Мадрид. Одличниот десен бек по завршувањето на позајмицата во Баерн Минхен ќе му се стави на располагање на тренерот Зинедин Зидан и ќе биде дел од клубот во тнаредниот период. Одриазола дојде во Реал Мадрид во 2018 година од Реал Сосиедад, но одигра само 18 натпревари во кој не постигна гол. Во 2020 година беше даден на позајмица во Баерн Минхен каде исто така не се наигра затоа што одигра само 3 натпревари.
