Швајцарскиот дефанзивецот Стефан Лихтштајнер го објави крајот на својата фудбалска кариера на 36 години, откако ја отфрли понудата за останување до Европското првенство следната година. 36-годишниот десен бек ја објави својата одлука во изјава преку Швајцарската фудбалска федерација. Неговата првична одлука беше да игра на ЕУРО 2020 и потоа да заврши, но поради пандемијата на коронавирус првенството беше презакажано за следната година. Откако беше замолен од федерацијата да ја преиспита својата позиција и да ја заврши кариерата следната година, тој одговори дека сега е добро време да се збогува со фудбалскиот терен како играч. Лихтштајнер е еден од најредовните играчи…
Author: riste
Ливерпул ќе добие рекордни 175 милиони фунти за освоената титулата во англиската Премиерлига, откако сезоната беше доиграна по прекинот кој го предизвика пандемијата на коронавирусот. Тимовите ќе добијат целосен износ на договорот за ТВ-права, а надоместокот од околу 330 милиони ќе биде вратен во текот на сезоната. Доколку клубовите гласаа да влезат во годинашни намалувања, Ливерпул би добил 21 милион фунти помалку. Сезоната 2019/2020 беше прва во тригодишен циклус во кој парите од пренесуваните натпревари во странство беа распределени меѓу клубовите според нивната позиција во првенството, наместо подеднакво.
Поранешниот капитен на Валенсија, Дани Парехо сега е официјално играч на Виљареал, објавија од „Естадио де ла Керамика“. 31-годишниот играч од средниот ред го раскина договорот со Валенсија и со тоа и се придружи на „жолтата подморницва“ со бесплатен трансфер. Играчот од средниот ред потпиша договор за 3 + 1 година. Парехо се пресели во Валенсија во сезоната 2011/12 и зад себе има 381 натпревар и 65 голови. Интересно е што кога го купија бредводник на Валенсија беше Унаи Емери. Емери сега е тренер на Виљареал и повторно го купува Парехо. Ова е второ засилување за Виљареал во текот на…
Општина Прилеп реагираше на информацијата пренесена од Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) со која го официјализираше примопредавањето на реконструкцијата на стадионот „Гоце Делчев“. По тој повод денес се огласи и ФФМ која побара почит и пристоен дијалог од другата страна, со образложение дека ги исполнила сите обврски од договорот. Фудбалската федерација на Македонија изразува разочарување од односот на одговорните лица во Општина Прилеп и изјавите споделени од страна на градоначалникот на општината, Илија Јованоски кои се однесуваат на реконструкцијата на стадионот “Гоце Делчев” и договорените обврски меѓу Фудбалската федерација на Македонија и општина Прилеп. Фудбалската федерација на Македонија не бара…
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ќе направи тест за коронавирус пред да го предаде пехарот во Лигата на шампионите на победниците на турнирот, соопшти УЕФА. Чеферин и генералниот секретар на УЕФА Теодор Теодоридис ќе бидат тестирани два дена пред финалето на трите европски турнири – Лига Европа (21 август), Лигата на шампионите (23 август) и Женската лига на шампиони (30 август). „Раководството на УЕФА ќе биде тестирано пред првиот натпревар, како и помеѓу фазите, во согласност со прописите на локалните власти“, се вели во соопштението. Лигата на шампионите беше суспендирана во март поради пандемијата на коронавирус и продолжи на 7…
Актуелнио Европскиот првак и македонски претставник во СЕХА лигата, Вардар 1961 се наоѓа на чекор до пласман на завршниот турнир од регионалната СЕХА лига, а за да ја брани титулата му претстои реванш четвртфиналниот меч со хрватскиот Нексе. Истиот беше предвидено да се игра во март, но поради пандемијата со Ковид-19 истиот беше одложен. Денес стигна потврдата за одигрувањето на овој реванш натпревар. СЕХА лигата заедно со Вардар 1961 се договориле средбата да се одигра на 29 август во Скопје со почеток во 20:15 часот без присуство на гледачи. Првиот натпревар во Хрватска го доби Вардар со 30:31. Нашиот тим е еден од двата тима во СЕХА лигата…
Идниот добитник на „Златната копачка“, Чиро Имобиле, објави дека е решен да остане во Лацио. Напаѓачот го бараат многу клубови откако постигна 36 гола во Серија А – најмногу од сите во Европа. „Планирам да се посветам на Лацио засекогаш“, рече Имобиле. „Ќе го обновам мојот договор со уште три сезони – до 2025 година, кога ќе наполнам 35 години“ рече Имобиле. Играчот го откри името на еден од кандидатите за него: „Додека се зборуваше за можна промена на сопственоста на Њукасл, тие го повикаа мојот агент. Исто така знам дека го бараа италијански тренер – Лучијано Спалети или Масимилијано…
Реал Мадрид во новата сезона ќе смета на уште еден младиот играч од средниот ред Мартин Едегард, кој беше префрлен во Реал Сосиедад за време на последната сезона, пренесува „АС“. Минатото лето, двата клуба се согласија да го позајмат за 1+1 година, но сега Зинедин Зидан реши да ја искористи опцијата за враќање на талентот. Тренерот е импресиониран од развојот на 21-годишниот норвешки репрезентативец и реши да му даде шанса да се бори за настап во првиот тим. Едегард е во сопственост на шпанскиот шампион веќе пет години, но овој период настапуваше за екипите на Херенвен и Витесе во Холандија.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го анализираше мечот кој неговиот тим го доби по продолжение против ФК Копенхаге, од четвртфиналето на Лига Европа со (1:0). „Оваа сезона по трет пат сме во полуфиналето. Дојдовме до оваа фаза на сите турнири во кои учествувавме. Денес голманот на Копенхаген одигра одличен натпревар. Покрај тоа, ние успеавме да постигнеме гол и да победиме. Полуфиналето ? Ќе биде одличен натпревар во секој случај. Имаме целосни информации за Вулверхемптон, а Севиља е импресивна. Стигнавме до третото полуфинале од сезоната и сега сакаме да стигнеме до финалето“, изјави Солскјер за официјалната веб-страница на УЕФА.…
Перуанскиот напаѓач Џеферсон Фарфан може да ја продолжи кариера во МЛС лигата. Според информациите кои беа објавени следната дестинација на Фарфан може да биде Интер Мајами, клуб кој е сопственост на Дејвид Бекам, и кој покажуваат интерес за играчот. Не е исклучена можноста Фарфан да стане фудбалер и на бразилскиот Интернационал. Да потсетиме дека на 5 август Локомотив Москва го најави заминувањето на Фарфан, кој сега е слободен агент. Фарфан играше за Локомотив Москва од 2017 година, одигра 51 натпревар и постигна 20 гола. Како дел од оваа екипа е шампион на Русија (сезона 2017/2018), победник на Купот (сезона 2016/2017,…
