Италијанската Фиорентина е заинтересирана за полскиот напаѓач Кшиштоф Пјонтек кој игра за Херта, пренесуваат медиумите од Фиренца. Екипата од Берлин го проценуваат играчот на 20 милиони евра. Во исто време, постои можност Пјонтек да се пресели во Фиорентина на позајмица со опција за откуп. Пољакот претходно играше во италијанскиот шампионат. Половина од сезоната 2018/2019 година играше за Џенова, а во летото 2019 година се пресели во Милан. Пјонтек ги брани боите на Херта од јануари 2020 година, сумата на трансферот беше 27 милиони евра. Во изминатата сезона на Бундеслигата тој одигра 15 натпревари за Херта, во кои постигна 4 гола…
Author: riste
Дефанзивецот на Јувентус Матијас Де Лихт, мораше да прави операција на рамото, кое му правеше проблеми во текот на изминатата сезона. Холанѓанецот донесе одклука истата да ја направи веднаш по завршувањето на обврските за својот клуб од сезоната која штотуку заврши за „старата дама“. По операцијата која помина успешно сооштено е дека заздравувањето ќе трае во наредните три месеци, што значи дека ќе биде надвор од фудбалските терени некаде до ноември. Ова значи дека 20-годишниот фудбалер ќе го пропушти почетокот на новата сезона во Серија А. но и неколку натпревари на Холандија во новата сезона од Лигата на Нации. Јувентус успеа…
Неколку дена пред четврт-финалето од Лигата на шампионите против РБ Лајпциг, Атлетико Мадрид доби тежок удар. Клубот потврди два случаи на коронавирус по тестовите извршени во саботата. Двајцата заразени веќе се сместени во изолација во нивните домови. Според венсикот „Марка“, еден од двајцата е фудбалер. „Во саботата, 8 август, сите членови на нашиот прв тим што ќе патуваат за Лисабон ги поминаа тестовите, како што се бара со протоколот на УЕФА пред четвртфиналето од Лигата на шампионите. Резултатите излегоа денес и двајца членови беа позитивни, што значи дека ќе останат дома. Сега ќе ги повториме тестовите на оние кои беа…
Продолжува доминацијата на Мерцедес во квалификациите во Формула 1 шампионатот. Валтери Ботас од Мерцедес денес беше најбрз пред неговиот клупски колега Луис Хамилтон и ќе тргне од првата позиција на утрешната трка на патеката „Силверстоун“. Финецот во последниот круг успеа да постигне најдобро време и да дојде до пол позицијата на трката за ГН на Велика Британија. Хулкенберг заврши зад водечкиот двоец на Мерцедес, додека до него ќе биде Макс Верстапен. Од третиот ред ќе стартуваат Рикиардо и Штрол, додека Леклер се најде дури на осмото место. Трката за ГН на Велика Британија се вози утре со почеток од 15.10 часот.
Најверојатно дека во Јувентус нема да застанат само со отказот на Маурицио Сари. Скоро е сигурно дека тренерот нема да биде единствениот отпуштен од Јувентус по неубедливата сезона. Според „Скај Италија“, во првите редови е и спортскиот директор Фабио Паратичи. Паратичи ја презеде функцијата пред само една година, на местото на Џузепе Марота. На него и потпретседателот Павел Недвед им се припишува решението за разделбата со Масимилијано Алегри по крајот на претходната сезона. За местото на Паритичи сега се споменува неговиот заменик, Федерико Керубини.
Еден ден откако Јувентус испадна од Лигата на шампионите, раководството на Јувентус го ослободи тренерот Маурицио Сари, јавуваат италијанските медиуми. Веста се очекува да биде официјално објавена од клубот во секој момент. Синпќа Јувентус беше елиминиран од Олимпик Лион во осминафиналето на Лигата на шампионите. Во единствената сезона на Сари на кормилото на Јувентус, тимот стана шампион во Серија А, но го загуби финалето во Купот на Италија и Супер купот. 61-годишниот тренер од Неапол дојде во Јувентус минатото лето, откако претходно исто така престојуваше само една сезона во Челзи. Веќе почнаа шпекулациите кој ќе биде наследникот на Сари на…
Борусија (Дортмунд) направи уште еден обид да го задржи Џејдон Санчо со тоа што му понуди нов, уште попрофитабилен договор, тврди „Билд“. Англискиот интернационалец е трансферна цел број 1 на Манчестер Јунајтед, но „Олд Трафорд“ продолжува да одолговлекуваат и не сакаат да платат скоро 120 милиони евра што ги бараат Германците. За само два дена истекува рокот што му го даде Дортмунд на Јунајтед за договорот. Патем, Санчо во моментов има најголема плата во Борусија – 210.000 евра неделно, а понудата на клубот е да ја зголеми на 285.000 евра. Сепак, ова е помалку од она што му го понуди…
Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе е вклучен во групата која патува за Лисабон за одигрување на четвртфиналето од Лигата на шампионите против Аталанта. Средбата ќе се одигра во среда во Лисабон. Присуството на Французинот на списокот не значи дека тој ќе биде во составот за дуелот со Италијанците. Тој има сериозна повреда на зглобот од финалето во Купот на Франција. Натпреварот ќе биде првиот од завршниот турнир што ќе се одржи во Португалија. ПСЖ се надева дека Мбапе ќе биде подготвен за следните натпревари доколку екипата се пласира понатаму. Поради оваа причина, Анхел Ди Марија е во групата, иако беше…
Барселона ја испушти шансата за освојување на титулата во Ла Лига и сезоната може да биде целосен неуспех за Каталонците доколку бидат елиминирани од Лигата на шампионите. Вечерва, Лионел Меси и неговите соиграчи се домаќини на Наполи во реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите со јасна мисла дека немаат право да направат грешка. Првиот натпревар заврши 1:1, а Наполи беше подобар тим и покажа дека може да се пушти во битка со екипата на Кике Сетиен. Барса последен пат остана без трофеј во сезоната 2013/14, а единствената шанса за продолжување на традицијата е успехот во Лигата на шампионите. Тимот…
Одморот за Баерн (Минхен) заврши. Баварскиот гигант ги освои трофеите во Германија, но целта е да се повтори 2013 година, кога тимот последен пат ја освои Лигата на шампионите. Вечерашниот реванш против Челзи во осминафиналната рунда не би требало да биде проблем за Баерн затоа што имаат убедлива предност од првата средба на „Стемфорд Бриџ“ кога победија со 3:0. Во Минхен, сепак, никој не ја заборави ноќта на „домашното“ финале во Лигата на шампионите во 2012 година, кога Баварците веќе размислуваа за прослава на титулата, но Дидие Дрогба и соиграчите им ги помешаа плановите. За успехот во Лондон на крајот…
