Author: riste

УЕФА на својата веб-страница ги објави имињата на судиите кои ќе го водат реванш натпреварите од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, закажани за 7 август. Натпреварот Манчестер Сити – Реал Мадрид ќе го суди Феликс Брих. Асистенти ќе му бидат Марк Борш и Стефан Луп. Германски судии ќе ја делат правдата и на средбата Јувентус – Олимпик Лион. Феликс Цвајер беше назначен за главен судија на оваа средба. На него ќе му помагаат Торстен Шифнер и Марко Ахмилер. Натпреварот Манчестер Сити – Реал Мадрид ќе се одигра во Манчестер, додека Јувентус и Лион ќе играат во Торино. Двете средби…

Read More

Раководството на Алавес го назначи Пабло Мачин за главен тренер на тимот, објавија медиумите во Шпанија. Договорот на тренерот е само за една сезона. Сопствениците на клубот од Баскија се договориле со сегашниот клуб на тренерот, кинескиот клуб Кингдао. Мачин кој има 45 години се враќа во Ла Лига, откако претходно ги водеше Еспањол, Севиља, Џирона и Нумансија. Екипата на Алавес изминатата сезона ја заврши на 16-то место со 39 освоени бодови, три повеќе од Легањес кој се пресели во втората лига.

Read More

Не делат само неколку дена до стартот на новата сезона во ПМФЛ, екипите се подготвуваат, а како дел од протоколот кој е предвиден за новата сезона е предвидено сите екипи да бидат тестирани на Ковид-19 пред да ги започнат натпреварите. Од вчера се почна со тестирањето, а од Вардар кој прв го започнува шампионатот со саботниот натпревар на домашен терен со Борец вече објавија дека денеска пристигнаа резултатите од тестовите направени врз најдобриот тим од минатата сезона во домашното првенство. Сите тестови на фудбалерите и стручниот штаб на Вардар се негативни. Ова значи дека „црвено-црните“ без проблеми можат да ја…

Read More

Германскиот гигант Баерн Минхен планира да раздели со дефанзивецот Жeром Боатенг ова лето, објавија медиумите во Германија. Според истите, германскиот клуб има намера да го продаде 31-годишниот дефанзивец во овој трансфер период. Од друга страна интересно е тоа што во моментот Баерн не добил никакви понуди за трансфер и не преговара со никој клуб. Самиот играч би сакал да остане во клубот, за да го исполни својот договор, кој важи до 2021 година, но постои опција и да го продолжи. Претходно беше објавено дека англиските клубови Челзи и Арсенал се заинтересирани за услугите на фудбалерот. Во последната сезона од Бундеслигата,…

Read More

Повратникот во Премиерлигата Лидс Јунајтед подготвува понуда вредна 15 милиони евра за привлекување на италијанскиот репрезентативец Алесандро Флоренци, пренесуваат медиумите во Англија. 29-годишниот крилен играч Флоренци, кој потекнува од школата на Рома и има 280 натпревари за својот матичен клуб, не е дел од плановите на тренот на оваа екипа Пауло Фонсека, а во пролетта играше на позајмица во шпанска Валенсија, во чии редови одигра 14 натпревари. Договорот за позајмица на играчот на „Местаља“ е истечен и тој се враќа во Рома, но од овој клуб с еподготвени да ги примат и разгледаат сите понуди за него.

Read More

Тотенхем е блиску до привлекување на данскиот репрезентативец Пјер-Емил Хојбјерг. Трансферот ќе биде во вредност од 15 милиони евра. Договорот се очекува да биде потврден за неколку дена. Поранешниот играч на Баерн (Минхен) на почетокот на трансфер периодот имаше понуда од Евертон, но одби да го носи дресот на „карамелите“. Хојбјерг стана дел од составот на Саутемптон во 2016 година, одигра 113 натпревари и постигна 4 гола во сите натпреварувања.

Read More

Македонската репрезентација до 19 години утре започнува со подготовките за турнирот во Чешка за пласман во Елитна фаза квалификации за Европско првенство. Селекторот Шкумбин Арслани ги одреди фудбалерите на кои што ќе смета за овој турнир. Голмани: Кристијан Китаноски (Брегалница), Кире Новаков (Триглав Крањ, Словенија), Марко Алчевски (Академија Пандев) Одбрана:  Албин Саити (Х. Драговољац, Хрватска), Филип Костовски (Силекс), Бенјамин Далипи (Х. Драговољац, Хрватска), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Имран Фетаи (Шкендија), Виктор Крстевски (Вардар), Славе Маркоски (Охрид Лихнидос), Алтрим Јакупи (Шкендија) Среден ред:  Хамза Рамани (Велазерими), Иван Николов (Академија Пандев), Сава Аврамовски (ОФК Београд), Димитар Тодоровски (Работнички), Филип Андоновски (Вардар), Бехар Фета…

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги сподели своите очекувања пред продолжувањето на настапите во Лигата на Европа. Да потсетиме дека Манчестер ќе игра против екипата на ЛАСК во 1/8 финалето на ова натпреварување. Овие два тима веќе го одиграа првиот натпревар од нивната осминафинална пресметка, во кој англискиот тим се покажа како пресиле, победувајќи со резултат 5:0 во Австрија. „Трофејот би бил голем чекор напред за Манчестер Јунајтед. Драго ни е што успеавме да го освоиме третото место во англиската Премиер лига на крајот од минатата сезона, но следниот чекор за оваа екипа е да го освоиме трофејот…

Read More

Еспањол го најави назначувањето на Висенте Морено за нивен главен тренер. Како што е објавено на официјалната веб-страница, договорниот период за соработка меѓу клубот и тренерот е до 2023 година. Морено ќе биде претставен во тимот денес, 5 август. Последниот клуб на Морено беше Мајорка. Под негово водство екипата заврши на претпоследното место на табелата во Шпанското првенство и се пресели во Сегунда дивизија. Еспањол, пак, ја заврши сезоната на последното место, освојувајќи 25 поени од 38 натпревари и следната сезона исто така ќе игра во Сегунда. Еспањол ја започна сезоната со Абелардо Фернандез, кој ја напушти функцијата во јуни.…

Read More

Колумбискиот интернационалец во редовите на Реал Мадрид, Хамес Родригез може да продолжи кариера во францускиот шампионат, пренесува весникот „Марка“. Според изворот, агентот Жорж Мендеш им ги понудил услуги на фудбалерот на францускиот ПСЖ. Се соопштува дека Реал Мадрид сака да добие 35 милиони евра за Колумбиецот. Претходно беше објавено дека интерес за Хамес Родригез има од Атлетико Мадрид, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Евертон и Вулверхемптон. Договорот на Хамес Родригез со Реал Мадрид трае до 30 јуни 2021 година. Трансферната цена на играчот од средниот ред е проценета на 32 милиони евра. Во сезоната на шпанскиот шампионат што заврши, 29-годишниот играч од…

Read More