Тренерот на Интер, Антонио Конте ги сподели очекувањата за претстојниот натпревар во Лигата на Европа со Хетафе. „Ќе направам се што е во моја моќ да ја освојам Лигата на Европа. Неизбежно е дека има и други кои сакаат тоа да го правиме, но треба да одиме чекор по чекор. Денешниот натпревар ќе биде многу тежок и треба добро да се подготвиме за овој натпревар. Откако ќе заврши средбата ќе мислиме за следниот натпревар, но се тоа зависи од она што ќе одиграме вечерва. Ние мора да успееме, да ја демонстрираме желбата да одиме понатаму и да победиме“, изјави Антонио…
Author: riste
Манчестер Сити го објави своето ново засилување пред наредната сезона отккао го комплетираа трансферот на Феран Торес од Валенсија. 20-годишниот Шпанец кој настапува на крилната позиција имаше одлични настапи за Валенсија и со тоа го привлече вниманието на Пеп Гвардиола, кој реши да го донесе во неговата екипа и да ја засили конкуренцијата во офанзивата. Феран Торес и Манчестер Сити потпишаа петгодишен договор. Играчот целата професионална кариера ја мина во Валенсија, а има настапи за младинските репрезентации на Шпанија со кои оствари големи успеси. Торес би требало да биде адекватна замена за Лерој Сане кој се пресело во Баерн Минхен, за кого беше платена…
Тренерот на Барселона, Кике Сетиен размислува да ја користиформацијата 3-5-2 на саботниот реванш меч од 1/8 финалето на Лигата на шампионите против Наполи, пишува „Диарио Спорт“. Серхио Бускетс и Артуро Видал се казнети и нема да може да настапат. Френки де Јонг беше повреден до неодамна, но се чини дека тој ќе биде стартер против Италијанците. Иван Ракитиќ ќе игра во средниот ред, а голема е веројатноста дека Рики Пуич ќе се најде во стартниот состав. До скоро повредениот Антоан Гризман ќе биде на клупата, а во напад ќе се потпира на Луис Суарез и Лионел Меси. Сержи Роберто и…
Крилото Педро Родригез денеска ќе биде подложено на операција на рамото и ќе биде на теренот за околу еден месец, пишуваат медиумите во Италија. Педро кој има 33 години беше повреден во неговиот последен натпревар за Челзи во финалето од ФА Купот на Англија кој се одигра во саботата. Шпанецот е слободен агент и има договор со Рома, но договорот сè уште не е официјално потврден. Најверојатно дека во наредните денови кога ќе се знае конкретно повеќе за последиците од повредата ќе биде реализиран овој трансфер на Педро во Рома.
По две недели откако тимот тренира во Скопје тренерот Стевче Алушовски одбра кои ракометари ќе останат да тренираат со првиот тим на Вардар 1961. Тие продолжуваат со подготовките во Скопје и планирано е да настапат на турнир во Струга од 12 до 16 август. Алушовски реши со првиот тим да тренираа Мартин Карапалевски, Давид Гашоски и Давид Савревски. Другите ќе бидат отстапени во тимот на Работнички каде тренер ќе биде Стојан Петрушевски. Таму уште ќе играат: Стефан Атанасовски, Ален Ќосевски, Васил Гогов, Стефан Крстевски и Давид Савревски. Младиот Савревски ќе тренира со првиот тим на Вардар, а ќе настапува за…
Весникот „Марка“ утринава објави дека Барселона по се изгледа ја научи лекцијата од случајот со Нејмар, кога имаше откупна клаузула од 222 милиони евра, а ПСЖ си ја плати и си го доби Бразилецот. Па така сега од Барслеона немаат намера да ја направат истата грешка со својот мега талент Ансу Фати кој во октомври ќе стане полнолетен. Тогаш Барса ќе му понуди нов договор, многу поголем, а откупната клаузула ќе ја подигне до неверојатни 400 милиони евра. Засега таа изнесува 170 милиони, и од таму стравувањето дека таа сума би можел да ја плати Манчестер Јунајтед и да го…
Брентфорд би можел да заработи повеќе од 160 милиони фунто дополнителни приходи во текот на следните три години, ако во вторник го победи Фулам и се врати во Премиер Лигата, по 73-годишно отсуство, се вели во анализата на сметководствената фирма „Делоит“. Финалето од плеј-офот на Чемпионшип лигата се игра на стадионот „Вембли“ и преставува најскапиот натпревар во светскиот фудбал. Дополнителните 160 милиони фунти (208 милиони долари) што Брентфорд би можел да ги добие се состојат од приближно 85 милиони фунти од телевизиски права за сезоните 2021/2022 и 2022/2023 и 75 милиони фунти во т.н. „Паушални исплати“ ако испаднат од Премиерлигата…
Тренерот на Арсенал, Микел Артета го сподели своето мислење за напаѓачот на тимот Пјер-Емерик Обамејанг . „Давањето погодоци е најтешко во фудбалот, но не и за Обамејанг. Само погледнете го неговото второ финале во ФА Купот. Арсенал отсекогаш имал неверојатни напаѓачи и Пјер-Емерик заслужува да биде на исто ниво со други големи имиња. Трофеите ќе му помогнат за тоа, како и долг престој во клубот. Се надевам дека тој ќе остане со нас“, изјави Артета. Во сезоната 2019/2020, Обамејанг постигна 29 гола и 3 асистенции на 44 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Арсенал. Договорот на Пјер-Емерик Обамејанг со…
Горан Пандев и неговата екипа Џенова ја остварија целта, опстанок во Серија А, па од денес може да ја планирата иднината. Македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев планира и понатаму да остане во редовите на Џенова, а со тоа да биде во добра форма за настап за нашата репрезентација во обид да дојде до ЕП 2021 година. Пандев ја заврши сезоната како најдобар стрелец на Џенова, а вчера имаше уште една асистенција плус. На својот профил на Инстаграм побјави дека ќе игра уште една сезона на „Луиџи Ферарис“. „Беше долга и тешка сезона, во која фудбалот не беше во преден план. Обезбедивме опстанок…
Официјално се познати термините за одигрување на натпреварите од првото коло на Првата фудбалска лига. Шампионатот ќе го отвори шампионот Вардар кој ќе го пречека Борец од Велес, в сабота попладне, а сите останатите натпревари ќе се играат в недела попладне. Дуелот на „Чаир“ меѓу Шкупи и Шкендија го привлекува најголемото внимание меѓу неделните натпревари. Парови за 1.коло од сезоната 2020/21: Вардар – Борец (сабота 17:30 часот) Македонија Ѓ.П. – Работнички (недела 17:30 часот) Беласица – Силекс (недела 17:30 часот) Пелистер – Академија Пандев (недела 17:30 часот) Шкупи – Шкендија (недела 17:30 часот) Ренова – Струга Трим Љум (недела 17:30…
