Челзи му даде нова ажурирана понуда на Вилијан за нов договор, објави весникот „Гардијан“. Сините понудија двегодишен договор, но 31-годишниот Бразилец не се согласи бидејќи инсистираше на тригодишен договор. Во исто време, менаџерот на лондончани Франк Лампард сака клубот да го задржи играчот. Во сезоната 2019/20, Вилијан настапи на 47 натпревари за Челзи, постигна 11 голови и 9 асистенции. Веројатно неговиот последен натпревар во дресот на „Сините од Лондон“ ќе биде реваншот од 1/8 финалето на Лигата на шампионите со Баерн (Минхен) в сабота. Се повеќе се тврди дека Бразилецот ќе ја продолжи кариерата во Арсенал.
Author: riste
Лука Дончиќ (21) постави нов рекорд во НБА. Словенечкиот крилен кошаркар го забележа својот 23-ти трипл-дабл во кариерата во НБА лигата (28 поени, 13 скока, 10 асистенции) во драматичниот натпревар кој го загуби неговиот тим со 149: 153 по продолжение од Хјустон Рокетс. Само еден кошаркар во историјата на лигата има повеќе трипл-дабл во првите две сезони – легендата Оскар Робертсон (67). Но, тоа не е сè. Дончиќ стана играч со најмногу трипл-дабл во една сезона пред да наполни 22 години. Синоќа поранешната sвезда на Реал Мадрид, а сега прва ѕвезда на Далас го запиша својот 15 трипл-дабл во сезоната.
Ништо ново во Ф1 шампионатот, тимот на Мерцедес продолжува со својата доминацијата и ќе има два болида на стартните две места на утрешмната трка за ГН на Велика Британија која се вози на патеката „Силверстоун“. Луис Хамилтон беше најбрз во квалификациите со време 1:24.303, а зад него заврши клупскиот колега Валтери Ботас кој заостануваше за 0,3 секунди. Третото место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул. Веднаш до Верстапен од вториот ред ќе стартува и болидот на Ферари, возен од Чарлс Леклерк кој имаше четврто време, а неговиот клупски колега Себастијан Фетел заврши дури на десеттото место. Трката за…
Централниот дефанзивец на Барселона, Самуел Умтити не сака трансфер и покрај желбата на раководството на клубот да го продаде. Францускиот дефанзивец има договор до 2023 година и инсистира на тоа да го исполни до крај. Од „Камп Ноу“ имаат намера да се раздели со Умтити, кој никогаш не успеа да стане важна фигура во одбраната на екипата низ годините поминати во клубот. Тој многу често има проблеми со болка во коленото, што предизвика долги периоди на закрепнување. Светскиот шампион со Франција упорно одбива да биде подложен на операција. Каталонскиот клуб ќе се обиде да изврши притисок врз нивниот играч и да…
Фудбалерот кој ги освои срцата на Македонците со донација за девојка од Македонија, Марсело Брозовиќ може да биде ставен на трансфер-листа во екипата на Интер. Во самиот финиш на сезоната за петнаесетина дена Брозовиќ направи неколку испади со кои го наруши реномето на клубот. Најнапред возеше во алкохолизирана состојба, лудуваше по милано, а потоа направил инцидент во болницата откако болничарите не го примиле да го прегледаат неговиот полесно повреден пријател. „Газета дело спорт“ во најновото издание пишува дека Интер одбил да ги коментира сите инциденти што ги направи Брозовиќ , но дека трпението на управата е на самиот крај. Поради овие испади…
Управите на Манчестер Јунајтед и Борусија (Дортмунд) постигнале договор за правата на Џејдон Саннчо, тврди авторитетниот „Индипендент“. Од Дортмунд се согласиле да го намалат првичниот износ на трансфер на англискиот репрезентативец и да се сложат на повисока стапка на бонуси во иднина. Првично, „жолто-црнците“ инсистираа на 100 милиони фунти. „Црвените ѓаволи“ успеале да договорат 60 милиони фунти. Сепак, на него ќе бидат додадени мултимилионски бонуси. Некои од нив ќе бидат лесни за остварување, а други – не толку многу. На крајот на краиштата, ако сите бонуси се активираат истовремено, сумата може да ги надмине споменатите 100 милиони фунти. Германскиот клуб…
Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Рафаел Варане е уверен дека неговата екипа има сили да го елиминираат Манчестер Сити. „Граѓаните“ водат со 2:1 пред реваншот на британско тло. Францускиот дефанзивец мора да игра без капитенот Серхио Рамос, кој е казнет. „Ќе биде различен натпревар затоа што нема да има публика. Ние секогаш сакаме да победиме затоа што сме Реал Мадрид. Постигнавме многу последователни победи во Ла Лига, што ни дава самодоверба. Смирени сме. Имаме искуство на вакви натпревари”, изјави Варан за шпанските медиуми. „Зидан ни дава смиреност и самодоверба. Тој ме охрабрува да преземам ризици, да играм напред за да…
Екипата на Арсенал ја очекува денес последниот натпревар од сезоната, „Топџиите“ имаа уште една турбoлентна сезона, во која се сменија дури три тренери. Сезоната ја започна Унаи Емери, привремено го водеше Фреди Љунгберг, за потоа да седне на клупата на Арсенал, Микел Артета кој реално добро си ја врши работата и „топџиите“ заиграа подобро. И покрај сè, Арсенал на крајот од сезоната има можност да се бори за трофеј и тоа во најстарото натпреварување на Островот, а воедно и омиленото натпреварување на оваа екипа, затоа што се рекордери со 13 победи во финалето. Денешната средба против градскиот ривал ќе биде…
Струмичкиот прволигаш Академија Пандев се посвети на целосно подмладување на екипата, па по неколкуте потписи на играчите од младинската школа, клубот во своите редови донесе неколку млади и перспективни играчи како што се Никола Серфимов, Бојан Димоски, но и искусниот Марјан радески. Денес од страна на Академија Пандев потврдија дека во нивните редови доаѓа Милан Томиќ, кој беше дел од Црвена Ѕвезда. 20-годишниот играч, настапува на позицијата последен играч за врска, ги мина младинските категории на гигантот од Србија, но не успеа да се наметне во првиот тим. Засилувањето на Академија Пандев стави потпис со клубот на договор во времетраење од две сезони.
Македонскиот прволигаш и претставник во квалификациитге на Лига Европа, екипата на Шкупи денес го престави своето големо засилување во нападот. Костариканскиот напаѓач Фреди Алварез е нов фудбалер на тимот од Чаир, откако ги договори сите детали и од оваа сезона ќе настапува за оваа екипа. 25-годишниот Алварез настапуваше за младинската и олимписката селекција на Костарика. Во досегашната кариера пред се играше во својата земја, а последен негов клуб е Хиракал. Алварез има играно и за костариканските екипи Херидијано, Ајалуаленсе, Депортиво Мунисипал и Саприса.
