Борусија (Дортмунд) е заинтересирана за напаѓачот на Олимпик Лион Мемфис Депај, кој треба да го замени Џејдон Санчо, кој се очекува да си замине од клубот. Името на Англичанецот најмногу се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед, а тој се очекува ова лето да се пресели на „Олд Трафорд“. Депај, е поранешен играч на „црвените ѓаволи“, сака да го напушти Лион, откако тимот не успеа да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона. Според „Билд“ од Борусија Дортмунд се подготвени да понудат околу 40 милиони евра за правата на холандскиот напаѓач. 26-годишниот играч успеа да направи нова добра сезона…
Author: riste
Наполи денес и официјално го потврди трансферот на еден од фудбалерите кои беа поврзувани со овој клуб изминатите неколку месеци, Виктор Осимен од Лил. 21-годишниот млад нигериски репрезентативец кој доаѓа од екипата на Лил, каде оваа сезона блесна со своите игри и очекувано го привлече вниманието на европските гиганти. Младиот фудбалер својата професионална кариера ја започна во германскиот Волфсбург од каде направи трансфер во Шарлерој – Белгија, па по само една сезона се пресели во Лил. Во редовите на францускиот тим одигра сезона за паметење и на 38 натпревари постигна 18 гола. Интересно е што Осимен е најскапото засилување во…
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел призна дека шансите Килијан Мбапе да се опорави и да настапи против Аталанта во четвртфиналето на Лигата на шампионите се мали. 21-годишната sвезда заработи повреда на зглобот за време на финалето во Купот на Франција против Сент Етијен. „Се уште се надеваме дека Мбапе ќе игра против Аталанта, но шансите се многу, многу мали. Ова ќе влијае на тимот, но се надевам дека ќе најдеме решение”, рече Тухел. Натпреварот против Аталанта е на 12 август, а денес ПСЖ се соочува со Лион во битката за трофејот во Лига купот. Германскиот тренер смета дека Мауро Икарди…
Најверојатно Осман Дембеле нема да се појави на теренот за Барселона против Наполи на натпреварот кој се игра за осум дена, пишува „Диарио Спорт“. По краткиот одмор на тимот, францускиот играч се врати на тренинг , но продолжува да се подготвува индивидуално. Според каталонскиот весник Барселона не планира брза со вклучувањето на Дембеле во игра, бидејќи тој е надвор од терените речиси шест месеци. Според истиот извор од Барселона се подготвени да ги разгледаат сите понуди за Осман Дембеле. Во оваа фаза има заинтересирани клубови, но нема предлози. Барселона сака да му даде повеќе простор за развој на 17-годишниот Ансу…
Светскиот шампион со германскиот национален тим Бенедикт Ховедес ја заврши својата фудбалска кариера. 32-годишниот дефанзивец последен пат играше за Локомотив (Москва), но го раскина договорот со заедничка согласност со клубот минатиот месец. „Имав понуди од клубови во Германија и во странство, но повеќе не сакав да зависам од одлуките на другите луѓе. Чувствував дека ми треба повеќе време за да се опоравам и решив да ја повлечам линија. Неодамна патував со сопругата и децата во Јужна Франција и бев многу повеќе со семејството и знам дека сакам да бидам многу повеќе со нив “, рече Ховеде во интервју за „Дер…
Иднината на напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг останува нејасна. Неговиот договор со лондончаните истекува за една година, а Интер и Барселона внимателно ја следат ситуацијата. Утре „Топџиите“ ќе се сретнат со Челзи во финалето на ФА Купот. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета коментираше дека освојувањето на трофејот може да му помогне на Обамејанг да остане. На прашањето дали утрешниот натпревар може да биде последен за напаѓачот во екипата на Арсенал, Артета рече: „Јас немам такво чувство. Освојувањето трофеј ми помага да верувам дека нема да му биде последен меч за нас. Ако го подигнеме пехарот, тоа ќе помогне да остане…
Генералниот сектретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Филип Поповски иницираше работен состанок во „Куќа на фудбалот“ со претставници на најголемите спортски асоцијации во нашата држава. На состанокот присуствуваа првите оперативци на КФСМ и ОФМ, Владимир Георгиевски и Зоран Карановиќ, претставникот на РФМ, Славе Николов, како и комесарите за натпреварувања во четирите наши најголеми федерации. Главна тема на состанокот беа здравствените протоколи за спортските натпревари и предизвиците со кои се соочуваат организаторите на натпреварувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а се во директна поврзаност со мерките за заштита на здравјето на спортистите и спортските работници. Спроти почетокот на новата…
Од Германија стигнува информацијата дека екипата на Волфсбург е заинтересирана за услугите на нашиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски. Десниот бек на Спортинг Лисабон е еден од оние кои може да го засилат овој тим од Будеслигата. За таа цел од Волфсбург се подготвени на Спортинг Лисабон да му понудат 4 милиони евра. Ристовски дојде во Спортинг во 2017 година од Ријека и веќе 3 сезони со успех го носи дресот на овој тим за кој има одиграно 52 првенствени натпревари. Во дресот на нашата селекција Стефан Ристовски има одиграно 52 натпревари и постигнато еден гол.
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба, сака да се пресели во Барселона, пренесува „Sport.es“. Според изворот, се одолговлекуваат преговорите на 28-годишниот Австриец за продолжување на договорот со Баварците, бидејќи играчот сака да добие 20 милиони евра годишно. Алаба ја смета Барселона за клуб способен да одговори на неговите барања. Каталонците се подготвени да потпишат со играчот, но една година подоцна, кога му истекува договорот со Баерн Минхен. Во сезоната 2019/20, Алаба одигра 38 натпревари за Баварците, во кои постигна 2 гола и направи 2 асистенции. Во моментов неговата вредност се проценува на 65 милиони евра.
Љубителите на НБА кошаркарската лига ќе можат повторно да уживаат во мајсториите на НБА ѕвездите затоа што од вечерва после полноќ ќе се одиграат првите официјални натпревари од НБА лигата после пауза од четири месеци и 18 дена. Први натпревари се Њу Орлеанс – Јута во 30 минути по полноќ, и градското дерби Лејкерс – Клиперс во 3 часот по полноќ. Најсилната кошаркарска лига на светот беше прекината кога стигна веста дека центарот на Јута џез, Руди Гобер, е позитивен на коронавирусот. Завршницата на сезонава ќе биде многу поинаква од она што беше досега. Наместо 30, ќе играат 22 тима,…
