Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари го коментираше поразот на тимот во натпреварот од 37. коло од италијанската Серија А против Каљари. Средбата се одигра синоќа, а Каљари славеше со 2:0. „Проблемот е што ние сме единствениот тим во Европа што треба да играме 5 пати за 12 дена. Ајде да видиме што ќе се случува утре и дали треба да ангажираме играчи под 23 години на теренот за да може секој да има малку одмор. Денес имаме уште девет повредени играчи, па имаме некои неизвесни за мечот со Олимпик Лион. Ќе видиме кој ќе успее да закрепне до тогаш“, изјави…
Author: riste
Напаѓачот на Зенит, Артем Џјуба го продолжи договорот со клубот, според официјалната веб-страница на тимот од Санкт Петербург. Новиот договор на 31-годишниот фудбалер со оваа екипа е според шемата „2+1“ година. „Фудбалскиот клуб Зенит му честита на Артем Џјуба за продолжувањето на соработката и му посакува среќа на теренот и пошироко!“ – се вели во соопштението. Џјуба ги брани боите на Зенит уште од 2015 година, а половина од сезоната 2017/2018 ја помина во Арсенал Тула. Пред да се пресели во клубот од Санкт Петербург, Артем ги бранеше боите на Спартак, од кои дојдеј. Од оваа екипа тој играше со…
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо направил список со четири главни цели за летниот преоден рок на клубот, објави лондонските медиуми. Португалецот планира да ја засили секоја од линиите на тимот со тоа што ќе земе играч од средниот ред, двајца одбрани и еден напаѓач. Прв на список на Мурињо беше играчот од средниот ред на Саутемптон, Пјер-Емил Хојберг. Тотенхем веќе работи на неговиот трансфер, иако имаат конкуренција за неговиот потпис од Евертон. Во меѓувреме, Тотенхем се распрашува и за дефанзивецот на Пекинг, Гуан Ким-Мин Јае. Тој беше насочен да го замени Јан Вертонген, кој заминува како слободен агент. Универзалниот дефанзивец…
Напаѓачот на Евертон, Ричарлисон е подготвен да остане во клубот уште една сезона и би заминал само со многу добра понуда. Бразилецот им се придружи на „карамелите“ од Ватфорд за околу 40 милиони фунти во 2018 година, а неговите добри настапи на „Гудисон Парк“ го привлекоа вниманието на некои од најдобрите тимови како што се Барселона и Манчестер Јунајтед. „Анчелоти ми рече дека смета на мене за новата сезона и да не брзам со трансфер. Не ми пречи да останам овде уште една сезона. Под водство на Анчелоти има сериозен напредок во мојата игра и јас дури и стигнав до…
Баер Леверкузен ќе смета на Каи Хавeртц до крајот на нивното учество во Лигата на Европа. Ова го изјави спортскиот директор на клубот Руди Фелер. По неговата одлична сезона, некои од европските гиганти се заинтересирани за Хаrетрц, но Челзи е фаворит да потпише со овој фудбалер. Според англиските медиуми, самиот играч сака да им се придружи на лондончаните и веќе има договор со нив. Сепак, Баер Леверкузен нема намера да го ослободи пред да ги заврши своите настапи во европските натпреварувања. „Нема никакво сомнение. Нема промена”, Рече Руди Фелер на прашањето дали Хавертц би играл за тимот во Лига Европа.…
Неверојатниот Златан Ибрахимовиќ оствари уште едно импресивно достигнување во својата кариера. Швеѓанецот постигна два гола во голот на Сампдорија за успехот на неговиот тим Милан со 4:1. Така, тој стана првиот играч во историјата кој имал повеќе од 50 голови во Серија А за двата гиганти од Милано – Милан и Интер. 38-годишниот ветеран е во втор период во дресот на „росонерите“, откако во јануари се врати на „Сан Сиро“. Во својот прв престој во клубот од 2010 до 2012 година, напаѓачот постигна 42 голови на 61 натпревар во Серија А. Со двата гола против Сампдорија, тој веќе има 9…
Екипата на Леванте објави дека постигнале договор за ангажманот на Хорхе де Фрутос од Реал Мадрид. Се шпекулираше изминатите денови дека токму овој млад крилен играч е еден од оние кои ќе го напуштат „Сантијаго Бернабеу“, а еве токму тоа и се случи. Шпанецот потпиша 5 годишен договор , а Леванте на шампионот на Шпанија за овој 23-годишен играч ќе му плати 5 милиони евра. Од Реал Мадрид не успеаа да издејствувата повратна клаузула, но затоа ќе добијат 50% од наредниот договор на играчот.
Бразилскиот напаѓач Хулк признал дека секојдневно има се пповеќе понуди за негово враќање во Европа, но и во Бразил. Тој неодамна изјави дека нема да го продолжи договорот со Шангај СИПГ, а тоа ги натера некои клубови веќе да влезат во преговори за негов ангажман. Се зборува дека Порто, Зенит, па дури е екипи од Бразил се заинтересирани негово враќање во нивните редови. Самиот Хулк открива дека добил понуди од Турција, Португалија, Шпанија, Италија, Англија, Германија…. Ова значи дека и покрај тоа што има 34 години и понтааму Хулк е баран од многу клубови.
Шпанските медиуми јавуваат дека Езекел Гарај ја напуштил „Местаља“, а многу веројатно дека тоа ќе го сторат и Елијаким Мангала и Муктар Дијакаби. За да не останат со само двајца дефанзиви, Паулиста и Гијам, Валенсија веќе тргна во потрага за нов централен дефанзивец, а еден од главните кандидати за тоа место е Мартин Ваљент, фудбалер на Мајорка кој веќе беше на списокот на желби на Валенсија во периодот кога Гарај се повреди на средината од минатата сезона. Валенсија сезоната во Ла Лига ја заврши на 9-то место со 53 освоени бодови и не обезбеди настап во Евро куповите.
Тренерот на катарскиот клуб Ал-Сад Чави Ернандез изјави дека е излечен од коронавирусот. „Ви благодарам многу за сите пораки и изрази на љубов што ги добив овие денови. Сакам да споделам со вас дека се опоравив и се вратив дома со семејството и тимот“, напиша Чави на својот Инстаграм. Ќе потсетиме, Чави неодамна го продолжи договорот со катарскиот Ал-Сад, кој го води од 2019 година. Договорот содржи опција да му се овозможи на 40-годишниот шпански тренер да замине во Барселона. Чави (40) својата кариера ја градеше низ настапите во Барселона. Кога беше фудбалер, тој ги бранеше боите на клубот 17…
