Author: riste

Баерн (Минхен) е на врвот на ранг-листата на УЕФА, со стигнувајќи до финалето во Лигата на шампионите. Баварците го симнаа од тронот Реал Мадрид. И двата клуба имаат по 134 поени, но Баерн има предност бидејќи тие освоија повеќе оваа сезона – 34 против 17. Третата позиција ја држи Барселона, а потоа следува Атлетико Мадрид, а италијанскиот гигант Јувентус е петти. Другиот финалист во Лигата на шампионите, ПСЖ е на седмото место со 113 бода. Шампионот на Англија Ливерпул, кој ја освои Лигата на шампионите пред една година, е на десеттото место со 99 бодови. Оваа ранг слиста се прави…

Read More

Уругвајскиот напаѓач, Единсон Кавани ќе добие 10 милиони евра по сезона во португалскиот гигант Бенфика. Така тврди популарниот новинар Џанлука Ди Марцио во објавата на неговиот Твитер профил. Според неговите информации, Кавани се очекува да потпише 3-годишен договор во понеделник, 24 август. Уругваецот е слободен агент од 1 јули, кога му истече договорот со ПСЖ. „Бенфика е одличен клуб и тимот е секогаш конкурентен. Ќе имам среќа ако одам таму”, коментираше Кавани пред неколку дена.

Read More

35-годишниот бразилски дефанзивец во редовите на ПСЖ, Тиаго Силва, најави евентуално останување на „Паркот на принцовите“. Неговиот договор истекува овој месец, а се очекуваше тој да се врати во Милано, Италија или барем во Серија А. Во последните денови се зборуваше за интерес од Челзи. Сепак, Тиаго Силва е подготвен да остане во ПСЖ доколку му биде понудено. Парижаните се подготвуваат за финалето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен во Лисабон и овој натпревар е приоритет за дефанзивецот во моментот. „Ние ја држиме судбината во нашите раце. Клубот наполни 50 години во последната сезона од мојот договор и играме…

Read More

Тренерот на Севиља, Јулен Лопетеги изрази оптимизам пред финалето на Лигата на Европа против италијанскиот Интер. Лопетеги го пофали противникот, но рече дека целта на неговиот тим е да се врати во Шпанија со трофејот. „Интер има добро избалансиран тим. Тие можат да напаѓаат на различни начини и да бидат добри во одбраната, давајќи им на противниците минимум шанси за гол. Ние ќе му пристапиме на овој меч како и на секој друг. Излегуваме со респкет кон противникот, но целта ни е да ја освоиме Лигата на Европа. За да го постигнеме тоа, ние мора да бидеме смирени и да…

Read More

Борусија Менхенгладбах го ангажираше со позајмица Валентино Лазаро за една сезона, објави клубот од Бундеслигата. 24-годишниот Австриец, кој играше за Херта Берлин во Германија од 2017 до 2019 година, доаѓа од италијанскиот Интер, иако минатата сезона ја мина на позајмица во англискиот Њукасл. Лазаро за време на изминатата сезона постигна 2 гола на 15 натпревари за англискиот клуб. Порталот „Transfermarkt.com“ ги проценува неговите права на 15 милиони евра. Пред тоа, учесникот во Лигата на шампионите, Борусија Менхенгладбах го ангажираше Ханес Волф од РБ Лајпциг заедно со десниот бек Штефан Лајнер, а тројцата работеа со тренерот на Марко Розе во Ред…

Read More

Јулен Лопетеги е уверен дека неговиот тим Севиља мора да покаже нешто невообичаено за да го победи Интер во финалето на Лигата на Европа кое се игра утре (петок) во Келн. „Интер има карактеристичен стил на игра. Сите екипи предводени од Антонио Конте го имаат. Не е лесно толку одлични играчи да бидат вистински тим и да играат толку атрактивно. Нивниот состав е полн со играчи со исклучителен талент. Тие настапуваат повеќе од одлично, завршија само еден бод зад шампионот Јувентус во Серија А. Тие имаат многу одлични играчи и искусен тренер, ќе ни треба нешто необично да победиме“, изјави…

Read More

Најважната личност во Барселона, Лионел Меси го прекина одморот за да се сретне лично со новиот тренер Роналд Куман, тврди шпанскиот весник „Спорт“. Наследникот на Кике Сетиен се очекуваше да оствари он-лајн состанок со капитенот на тимот, но Лео одлучи дека е подобро да има состанок во четири очи со Холанѓанецот. Тоа е причината зошто напаѓачот се врати во главниот град на Каталонија, каде што Куман е веќе неколку дена. Вчера, тренерот рече дека сака Меси да остане во својот тимот по секоја цена, затоа што тој е најдобриот на светот. Сепак, Меси е во последната година од неговиот договор…

Read More

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, планира сериозни промени во составот на Каталонците и тоа би можело да влијае на Ливерпул. Тренерот сака да го привлече неговиот холандски сонародник Жоржињо Вијналдум. 29-годишниот играч од средниот ред има уште една година од договор со Ливерпул и преговорите за негово обновување сè уште не се започнати. Според „АС“, Куман го советувал Вијналдум да не потпишува нов договор за да може полесно да го привлече на „Камп Ноу“. Двајцата работат заедно во националниот тим на Холандија. По срамното испаѓање на Барселона од Лигата на шампионите по поразот со 2:8 од Баерн, се очекуваа…

Read More

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги делегираше судиите за финалето од Лигата на шампионите, кое в недела ќе ни го даде новиот шампион на Европа. На натпреварот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ во Лисабон, правдата ќе ја дели италијанскиот судија Даниеле Орсато. 44-годишникот, кој зад себе има огромно искуство на највисоко ниво, се смета за еден од најдобрите судии од  Италија. Помошници покрај аут-линиите ќе му бидат Лоренцо Мањанели и Алесандро Џиалатини, додека четврти судија ќе биде Романецот, Овидиу Хатеган. Во ВАР-собата главна улога ќе има Масимилијано Ирати, а ќе биде помогнат од Марко Гуида од Италија, Роберто Диаз Перез дел…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Марио Младеновски, откако не го мина тест-периодот во Динамо Киев, одлучи кариерата да ја продолжи во Данска. Тој денес и официјално беше промовиран во нов играч на Фремад Амагер, второлигаш од Данска. Токму овој клуб треба да биде новиот предизвик за поранешниотдефанзивец на Вардар кој иако има 19-годинии поради проблемите во редовите на македонскиот шампион се реши да го напушти „црвено-црните“ и својата кариера да ја продолжи во странство. Заедно со својот менаџер Горан Попов ги разгледуваа сите опции, сепак на крај ја прифитија понудата од данскиот второлигаш кој најавува амбиции за пласман во првата лига на Данска во новата…

Read More