Author: riste

Баерн (Минхен) ја освои Лигата на шампионите по успехот во финалето над ПСЖ (1:0) и ја заврши сезоната со освоени три трофеи, а ѕвездата на тимот Роберт Левандовски може да се пофали со неколку импресивни достигнувања. Полскиот интернационалец и репрезентативец постигна 55 гола на сите натпреварувања, а ниту еден од играчите од петте водечки првенства во Европа не постигна повеќе голови од него. Левандовски ги остави зад себе Чиро Имобиле од Лацио (39 погодоци) и Кристијано Роналдо од Јувентус (37 погодоци). Првите пет ги комплетираат Ромелу Лукаку од Интер и Тимо Вернер од РБ Лајпциг со по 34 погодоци. Левандовски…

Read More

Кингсли Коман беше изненадувачкиот херој за Баерн Минхен во финалето во Лигата на шампионите против ПСЖ. Французинот го постигна единствениот гол за успехот со 1:0 во Лисабон и донесе многу тага во клубот од каде ја започна кариерата. „Јас сум играч на Баерн. Нема простор за сентименталност, иако пораснав во ПСЖ и клубот е во моето срце. Ги бранам боите на Баерн и се радувам што помогнав да победиме. Игравме со голем притисок. Нашата цел беше да победиме и тоа беше најважното нешто“, рече среќниот Французин. Коман има само 24 години, но веќе има освоено 20 трофеи. Тој е познат…

Read More

Предводникот на ПСЖ Томас Тухел беше многу смирен во својот говор, откако го загуби финалето во Лигата на шампионите против Баерн (Минхен). Тој рече дека е горд на настапот на неговиот тим и изрази уверување дека ако тие први дојдоа во водство, ќе триумфираа во финалето. „Дадовме сè. Го оставивме срцето на теренот. Ова е она што може да се очекува од финалето. Не можеме да го промениме резултатот. Дури и пред мечот мислев дека првиот гол ќе биде пресуден. На крајот тоа се случи. Два супер силни тима се сретнаа и еден победи со еден гол. Горд сум на…

Read More

Навивачите на Олимпик Марсеј синоќа по финалето во Лисабон излегле на улиците на градот за да го слават поразот на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите. Претходно беше објавено дека навивачите на ПСЖ се собрале во центарот на париз и дека имало инциденти по финалето во Лигата на шампионите. Полицијата морала да употреби солзавец и палки. Изминатите денови градските власти во Марсеј предупредија дека нема да биде дозволено низ улиците на овој град да се носат било какви реквизити или дресови на ПСЖ, знаејќи дека риватилетот на навивачите на Олимпик Марсеј и ПСЖ е голем и со цел да…

Read More

Тренерот на Баерн (Минхен), Ханзи Флик го запоша своето име во историјата на Баварците заедно со Јуп Хенкес. Двајцата се единствените тренери на Баварците кои освоиле трофеј, вклучително и титулата во Бундеслига, германскиот куп и трофејот во Лигата на шампионите. По финалето против ПСЖ (1:0) Флик ја истакна играта на тимот во дефанзивни дел и го пофали особено голманот Мануел Нојер и стрелецот на голот, Кингсли Коман. „Натпреварот се одигра со многу брзо темпо и имаше ситуации пред двата гола. Имаме најдобар голман на светот и во некои ситуации тој нè спаси. Многумина се прашуваа како ќе се справиме со…

Read More

Баерн (Минхен) е веќе шесткратен европски клупски шампион. Во финалето на Лигата на шампионите синоќа, Баварците го совладаа ПСЖ со 1:0 и го освоија трофејот за прв пат по 2013 година, кога го подигнаа највредниот фудбалски трофеј. Баерн се израмни со Ливерпул по бројот на европски титулу и се доближи до Милан, кој 7 пати дошол до најзначајниот клупски трофеј. Рекордер според освоените трофеи во КЕШ и ЛШ е шпанскиот гигант Реал Мадрид со своите 13 трофеи. Сите победници во КЕШ и ЛШ: 1956 година – Реал Мадрид 1957 година – Реал Мадрид 1958 година – Реал Мадрид 1959 година…

Read More

По заминувањето на Блес Матуиди извесно е дека ќе има и други играчи кои ќе го напуштат Јувентус. Новиот тренер Андреа Пирло планира чистка во екипата па затоа во клубот веќе почнале преговори соГонзало Игуаин и Сами Кедира за предвремено раскинување на договорите кои им истекуваат наредната година. Аргентинецот и Германецот не се во плановите на Адреа Пирло за наредната сезона и сега ќе биде потребно да се договора со управата на Јувентус за раскин на договорот со заемна согласнот, по што ќе може да си бараат нов клуб.

Read More

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез зборуваше за неговата неизвесна иднина во клубот, како и критиките кон фудбалерите по катастрофалниот пораз од 2:8 од Баерн (Минхен) во Лигата на шампионите. „Се зборува за неколку имиња што ги кажа претседателот и за промените што може да се направат. Но, никој не ми рече дека сакаат да го прекинат договорот со мене. Ако тоа е одлука на клубот, би било добро одговорниот да зборува директно со мене. Подобро на тој начин отколку да протекувам информации за тоа дали сум меѓу оние што сакаат да ги продаваат. Ќе видиме што се ќе се случува.…

Read More

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија може да се пресели во Барселона, пишува „Мундо Депортиво“. Според информациите, Каталонците понудиле 10 милиони евра за 19-годишниот фудбалер, но се уште чекаат одговор од управата на Манчестер Сити. Гарсија е на врвот на трансфер-желбите на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, кој би можел да стане замена за Жерард Пике, кој во последно време е подложен на сериозни критики и дури рече дека е подготвен да си замине доколку тоа биде побарано од него. Гарсија е тинејџер на Барселона, но во 2017 година се пресели во Манчестер Сити, каде минатата сезона одигра 14…

Read More

Откако ги обезбеди услугите на Игор Тудор како негов асистент, новиот тренер на Јувентус Андреа Пирло сака да го има во својот стручен штаб и легендарниот дефанзивец Алесандро Неста, пишува „Кориере дело Спорт“. Како и Тудор, кој го раскина договорот со Хајдук (Сплит), и Неста има тренерско искуство. Тој ги водеше екипите на ФК Мајами и Перуџа, а во моментов е тренер на Фросиноне, со кого го загуби финалниот плеј-оф за влез во Серија А од Специја. Пирло и поранешниот дефанзивец беа заедно во Милан девет сезони, каде двапати ги освоија Скудетото и Лигата на шампионите. Тие беа и соиграчи…

Read More