Author: riste

Новиот фудбалер на Челзи, Хаким Зијеш го напушти теренот поради повреда на пријателскиот натпревар против Брајтон (1:1). Зијеш го напушти теренот, поткрвнувајќи во 59-та минута, а беше заменет со Конор Галагер. Германскиот напаѓач Тимо Вернер исто така го игра својот прв натпревар за Челзи, а во 4-та минута го отвори резултатот. 27-годишниот Мароканец за првпат настапи во дресот на Челзи отккао се пресели од Ајакс. Во јули, Челзи го реализираше овој трансфер со кој Хаким Зијеш од Ајакс дојде на „Стемфорд Бриџ“, откако потпиша договор со лондонскиот клуб на пет години. Според неофицијалните информации, трансферот на фудбалерот чинел 40 милиони…

Read More

Вардар успеа да се врати од мртвите и да извлече резултат кој го однесе на Ф4-турнирот во СЕХА. Најтрофејниот клуб во регионалното натпреварување загуби од хрватскиот тим Нексе со 25:26, но поради победата во Нашице од еден гол (31:30), се пласираше на завршниот турнир каде ќе треба да ја брани титулата. Сите очекуваа сигурна победа на Вардар на домашен терен, но тоа не се случи иако Вардар добро го почна натпреварот и во поголемиот дел од првото полувреме имаше предност, но на одмор се замина со нерешени 13:13. Во вториот дел од средбата бледа игра на Вардар која знаеше да…

Read More

Ракометарите на Металург се на добар пат да обезбедат пласман во второ коло од квалификациите за Европската лига на ЕХФ затоа што покажа одлична игра и остварија добра предност (35:28) на домашен терен во првиот дуел од првото квалификациско коло против хрватска Спачва. Екипата од Винковци играше добро во воведните петнаесетина минути, а потоа се останато беше во знакот на домаќинот. Доколку избраниците на Зоран Кастратовиќ одиграат вака и на реваншот во Винковци нема да имаат никаков проблем да се пласираат во следното коло. Најефикасни кај Металург беа Поповиќ со шест гола, Серафимов даде пет, а Тарабокија и Додиќ имаа по четири…

Read More

Арсенал го освои првиот трофеј оваа сезона во Англија, откако триумфираше на „Комјунити Шилд“. Лондончани победија по подобро изведување на пенали. Натпреварот заврши 1:1 во регуларното време. Освојувачот на ФА Купот минатата сезона Арсенал го освои „Комјунити Шилд“ по 16-ти пат во историјата. Додека сите навивачи на „топџиите“ чекаат Пјер-Емерик Обамејанг да потпише нов договор со клубот, тој уште еднаш стана херој за тимот. Напаѓач од Габон го отвори резултатот во 12-та минута, а потоа го реализираше и последниот пенал, со кој ја обезбеди победа на неговиот тим предводен од Микел Артета. Арсенал во регуларниот дел од натпреварот водеше се…

Read More

Македонија денес имаше три претставника во натпреварите од првото колоод квалификациите за Лига Европа, два од нив ги продолжувата натпреварите, а еден ги завршува уште по првиот настап. Шкендија беше подобра од Сумгајит од Азербејџан со 2:о благодарение на головите на Ибраими и Дориев од пенал, додека Ренова славеше против Алашкерт во Ерменија со 1:0 благодарение на голот кој го постигна Мишевски во вториот дел. Единствениот тим кој се враќа од гостувањето во Азербејџан како поразен е Шкупи кој загуби во Баку кај Нефчи со 2:1, а единствениот гол за чеирчани беше дело на Дарбо во 93.минита за намалување на поразот.…

Read More

Фиорентина е заинтересирана за Уругваецот со шпанско потекло Лукас Тореира, објави познатиот спортски новинар Џанлука Ди Марцио. Според „Трансфермаркет“, овој фудбалер чини околу 30 милиони евра. 24-годишниот играч е во сопственост на Арсенал, одигра 37 натпревари во текот на изминатата сезона и постигна еден гол. Тореира им се приклучи на „Топџиите“ во летото 2018 година, чинеше 28,7 милиони евра. Арсенал нуди размена на Лукас Тореира за Амаду Дијавара. Доколку се случи трансферот во Фиорентина, Тореира ќе игра рамо до рамо со неговиот сонародник Мартин Касерес. Виолетовите завршија на 10-то место во Серија А во сезоната која е зад нас.

Read More

Интер ја активираше клаузулата за привлекување на фудбалерот од Сасуоло Стефано Сенси, пренесуват медиумите во Милано. 25-годишниот Италијанец минатата сезона ја мина на позајмица во Интер и ќе остане во клубот. Тренерот Антонио Конте беше импресиониран од квалитетите на играчот, и покрај честите повреди кои го одбележаа неговиот настап во текот на сезоната. Договорот за трансфер ќе биде во вредност од 20 милиони евра, при што Сенси добива 2 милиони евра годишно. Во текот на изминатата сезона тој успеа да одигра 16 натпревари и постигна 3 гола во сите натпреварувања. Сенси има и четири натпревари за репрезентацијата на Италија.

Read More

Голгетерот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг се согласил за нов договор со клубот. Обамејанг дал усмена согласност, а менаџерот на Арсенал, Микел Артета се надева дека напаѓачот наскоро и официјално ќе потпише. Договорот е за три години, за време на кој тој ќе добива 250.000 фунти неделно. Сепак, играчот треба да го стави својот потпис и кога ќе направи тоа, во Арсенал ќе се чувствува далеку подобро. „Позитивно сум расположен. Имавме многу плодни разговори со него и неговиот агент. Убеден сум дека наскоро ќе имаме договор“, рече Артета. Шпанецот веќе обезбеди неколку нови засилувања. Арсенал го донесе Вилијан како слободен играч,…

Read More

Тиаго Силва денеска треба да ги помине медицинските прегледи во Милано, пред да потпише договор со Челзи. 35-годишниот дефанзивец веќе се согласи за личните услови со лондончани, иако ПСЖ направи последен обид да му понуди нов договор. По извршувањето на прегледите, тој утре ќе отпатува за Лондон. Потоа ќе биде изолиран 14 дена пред да влезе во Челзи. Договорот на Бразилецот ќе биде на 12 месеци, но со опција да се продолжи за уште една година. Тиаго Силва се збогуваше со навивачите на ПСЖ оваа недела преку порака на социјалните мрежо. Тој го напушти францускиот клуб по 8-годишен престој во…

Read More

Претседателот на Барселона, Joзеф Бартомеу е подготвен да си поднесе оставка доколу Лионел Меси излезе и јавно каже дека претседателот на Барселона е големиот проблем што тој сака да го напушти клубот. Бартомеу би заминал, но управниот одбор ќе остане непроменет сè додека не се одржат нови избори. Според одредени информации, Лео Меси веќе ја донел својата одлука и дури и оставката на претседателот нема да го примисли Аргентинецот да остане во тимот од Каталонија. Според весникот „АС“, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо побарал од луѓето на Меси за да откријат дали францускиот клуб е во состојба да влезе во…

Read More