Нашата фудбалска репрезентација зад себе го остава дуелот со Ерменија и победата од 2:1 и сега се подготвува за гостувањето кај Грузија, селекција која исто така славеше синоќа на гостувањето кај Естонија со 1:0. Селекторот Игор Ангеловски и нашите репрезентативци претпладнево одржаа тренинг и веќе размислуваат за следниот противник кој сигурно дека ќе биде уште поголем предизвик за Македонија. Натпреварот се игра на 8-ми септември (вторник) од 18 часот.
Author: riste
Играчот од средниот ред на Аталанта, Јосип Иличиќ, ќе се приклучи на тимот следната недела откако ја надмина депресијата во која беше, пренесува „Газета дело Спорт“. Тој може да пристигне во Бергамо во текот на утрешниот ден. На почетокот на август, стана познато дека Јосип Иличиќ страдаше од проблеми со менталното здравје. Играчот станал депресивен, според некои наводи поради неверството на неговата сопруга, според други информации тој бил под силно влијание на ситуацијата со коронавирусот и бројот на смртни случаи во Италија. Во сезоната 2019/20, Иличиќ постигна 21 гол и 9 асистенции на 34 официјални натпревари за Аталанта во сите…
Репрезентацијата на Чешка ќе мора да го одигра натпреварот со Шкотска во Лигата на нации. Откако забележаа победа против Словачка од 3:1 на гостински терен, вториот натпревар во Лигата на нации, Чешка треба да го игра утре против Шкотска. Поради ситуацијата со коронавирусот Чесите планираа еднострано да го откажат натпреварот затоа што еден член од стручниот штаб на репрезентацијата бил позитивен, додека двајца играчи, Шик и Соучек се испратени во изолација. Бидејќи се работи за физиотерапевтот, кој бил во контакт со многу фудбалери, а се покажа позитивен на коронавирусот, Чешка одлучи сите да ги испрати во изолација, а против Шкотска…
Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје и А.К. Работнички, а под покровителство на Град Скопје, денеска се одржа Авицена Женска трка. Трката се трчаше според специјалниот протокол кој што беше одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Со целосно почитување на мерките за заштита на здравјето и правилата на протоколот, учесничките истрчаа трка од 3 километри, со држење на дистанца и без групирање, со задолжителното носење на маски пред и по трката, редовна дезинфекција на раце и направен термален скрининг. Тие ја стартуваа трката пред главниот влез на А1 Арена – СЦ Борис Трајковски од…
Ракометарите на Вардар вечерва треба да играат уште едно финале во СЕХА лигата, а како противник го има добро познатиот ривал унгарскиот гигант Веспрем. Досега, овие две екипи одиграа две финалиња во ова натпреварување и имаат половичен ефект. Веспрем го победи Вардар за трофејот во 2016 година, кога во Вараждин беше 28:26, додека следната сезона во Брест славеше нашиот тим со 26:21. Пред нешто повеќе од една година овие ривали имаа и едно европско финале во 2019 година, кога Вардар по втор пат ја освои титулата во Европа. Од тогаш работите се променија, па Веспрем е голем фаворит пред вечерашната средба. Вардарци со реновиран тим, предводен од…
Напаѓачот на Севиља, Мунир Ел Хадади, се зарази со коронавирус, се вели во информацијата објавена на официјалната веб-страница на шпанскиот клуб. Првиот тим на Севиља е тестиран за инфекција со коронавирус пред да продолжи со процесот на подготовки. Тестот на 25-годишниот шпански фудбалер покажа позитивен резултат. Објавено е дека Ел-Хадади се чувствува добро, болеста е асимптоматска. Веднаш бил испратен во самоизолација. Ви текот на денешниот ден играчите и тренерите на Севиља повторно ќе бидат тестирани за коронавирус. Сезоната 2020/21 во Шпанското првенство ќе започне на 11 септември. Минатата сезона, Севиља освои 70 поени на 38 натпревари и заврши на 4-та…
Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман не ги крие симпатиите кон Мемфис Депај од Лион. Според каталонските медиуми, реална е опцијата холандскиот напаѓач да го носи дресот на Барселона. На „Камп Ноу“ бараат класична „деветка“ и покрај тоа што Мемфис Депај е повеќе крилен напаѓач, тој може да игра и како централен напаѓач. Договорот на холандскиот репрезентативец со Лион е до 2021 година, со што се намалува неговата трансферна сума. Се очекува да биде околу 20 милиони евра. Лаутаро Мартинез е многу поскап и ќе надмине 100 милиони евра.
Вечерва во Египет, беа извлечени групите за Светското првенство во Египет што ќе се одржи во 2021 година. Домаќинот, кој ќе биде предводен од Роберто Парондо, ја одбра групата Г, со Чешка, Шведска и претставник од Јужна Америка. Светскиот шампион Данска ќе игра со Аргентина, Бахреин и Конго во групата Д, додека европскиот првак Шпанија че биде дел од групата Б со Бразил, Тунис и Полска. ГРУПА А: Германија, Унгарија, Уругвај, Зеленортски Острови ГРУПА Б: Шпанија, Тунис, Бразил, Полска ГРУПА Ц: Хрватска, Катар, Јапонија, Ангола ГРУПА Д: Данска, Аргентина, Бахреин, ДР Конго ГРУПА Е: Норвешка, Австрија, Франција, Северна Америка (квали фикации) ГРУПА Ф: Португалија, Алжир, Исланд,…
И покрај поразот на гостувањето во Винковци, Металург се пласираше во второто коло од Европската лига откако беше подобар во двомечот со екипата на Спачва. Домапната екипа на Спачва вечерва славеше со 29:25, но одличната игра на домашен терен на Металург му донесе пласман во следното коло во квалификациите за настап во европската лига. Во првиот дел се играше изедначено и на одмор се замина со резултат 14:14, а во вториот дел дојде до опуштање во екипата на Металург што знаеше да го искористи домашниот тим за да дојде до победа од 29:25. Кај домашната екипа најрасположен за игра беше…
Македонија дојде до првите три бода во новата сезона од Лигата на нации, но жешкото време не беше единствената пречка за нашата репрезентација да одигра уште подобро против Ерменија. Лошата состојба на теренот дополнително ја отежна работата на нашите репрезентативци, а незадоволство по завршувањето на средбата беше големо кај Стефан Ристовски кој рече дека тој и неговите соиграчи не заслужуваат да бидат пречекани на ваков терен. „Сакам да им честитам на момците, овие три бода се златни за нас. Ова го кажувам затоа што знам дека фудбалски не изгледаше најубаво, но навистина условите за игра беа многу тешки. Сакам да упатам апел…
