Author: riste

Барселона не се откажа од идејата за купување на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Агентите на фудбалерот во моментов се во каталонската престолнина да преговараат за негов трансфер на „Камп Ноу“, тврдат медиумите во Барселона. Двајцата агенти ќе имаат задача да разговараат со челниците на Барселона, а потоа да им го пренесат на Мартинез и Интер новиот предлог на Каталонците. Лаутаро има откупна клаузула вредна 111 милиони евра, но таа истече, а понудите на Барса досега не беа ни приближно до таа сума. Сега, сепак, се очекува од „Камп Ноу“ да излезат со многу посериозен предлог и да го натераат…

Read More

Македонската клупска кошарка ќе добие свој преставник во АБА кошаркарската лига, а тоа се очекува да биде официјализирано во текот на денешниот ден. Ова стана јасно откако дефинитивно тимот на Приморска го откажа своето учество во АБА конкуренцијата. Приморска од Копер дефинитивно се откажа, па во новата сезона од АБА лигата ќе има македонски претставник. Словенечкиот клуб се најде во големи финансиски проблеми, иако досега се бореше со сите сили да остане дел од елитата. Од Приморска ги информирале играчите дека се без обврски и можат да бараат нови клубови. Оваа словенечка екипа во 2019 годин освои четири трофеи (шампионатот на Словенија, Купот и Суперкупот на Словенија,…

Read More

Милан објави дека напаѓачот Андре Силва е продаден на Ајнтрахт (Франкфурт). Соопштението беше објавено синоќа, а продажбата на Анте Ребиќ од германскиот тим во Милан се очекува да биде финализирана во наредните денови. Андре Силва и Анте Ребиќ беа разменети со позајмицана две години. Потоа, двата клуба изразија желба трајно да ги задржат играчите, но преговорите за двата трансфери одеа одделно. „Милан може да го објави трансферот на Андре Силва во Ајнтрахт (Франкфурт) со траен договор. Клубот му посакува сè најдобро во иднина и му благодари за професионалноста”, изјавија од Милан. 24-годишниот Португалец беше привлечен од „Сан Сиро“ од Порто…

Read More

Милано официјално објави дека потпишаа договор со Сандро Тонали од Бреша. Договорот е во форма на едногодишна позајмица со можност за откупување на истиот. Се проценува дека клубот платил 10 милиони евра за трансферот и се обрзал за уште 15 милиони евра за купување на играчот, како и дополнителни 10 милиони евра како бонуси. Предвидено е 10% за неговиот сегашен клуб Бреша од следниот трансфер. Договорот на младиот играч за врска ќе биде на пет сезони со годишна плата од 2 милиони евра. Тој е споредуван со италијанската легенда Андреа Пирло, иако негов идол е уште еден славен играч за…

Read More

Уште еден фудбалер од шампионската генерација на Вардар денес се збогуваше со клубот и навивачите. Владица Брдаровски со порака на својот фб се збогуваше со навивачите и клубот во кој помина незаборавни 5 години. „Поминаа прекрасни 5 години, со големи успеси – 4 титули, и најголемиот македонски историски успех влез во ЛЕ, незаборавни спортски спомени со сите мои соиграчи и цел тим на Вардар. Заедно бевме сведоци на многу борби, неправди, силни чувства на радост и тага, смеа и плач, но секогаш напред и во тешки и убави моменти. Од се срце и душа се заблагодарувам на сите Комити кои…

Read More

Францускиот Олимпик Лион најверојатно ќе мора да се одлучи да го продаде својот најдобар играч во нападот Мемфис Депај, а тоа ќе мора да го направи уште ова лето, со цел да заработи од неговиот трансфер. Веќе подолго време се шпекулира дека Мемфис Депај е голема желба на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, со кого соработуваа во репрезентацијата на Холандија, а според последните информации преговорите за неговата преселба на „Камп Ноу“ се во завршна фаза. Наводно, Холангаѓецот ги договорил личните услови со каталонскиот тим, па сега преостанува уште двата клуба да пронајдат заеднички јазик околу висината на обештетувањето. Последните информации…

Read More

Аталанта официјално го објави ангажманот на 27-годишниот Кристијано Пичини, кој во новата сезона ќе игра со трансфер од Валенсија. Така, тимот доби нов десен бек по трансферот на Тимоти Кастане во Лестер, чиј слободен број 21 ќе го носи токму новиот играч. Пичини е петто ново засилување на тимот од Бергамо, претходно беа откупени договорите на Марио Пашалиќ, Алексеј Миранчук и Симоне Мураторе, а ангажиран е и Кристијан Ромеро со поазјмица. Така, италијанскиот репрезентативец се врати во својата татковина, каде играше за Фиорентина, Карарезе, Специја и Ливорно. Минатата сезона тој забележа само два официјални натпревари за Валенсија поради повреда на…

Read More

Герет Бејл, кого не го планираат во Реал Мадрид за следната сезона, се врати во шпанската престолнина со повреда на коленото, објавија медиумите од Шпанија. Велшанецот во неделата играше за својата репрезентација против Бугарија и го заврши натпреварот без никакви проблеми. Сепак, денес тој остана во теретана и вежбаше со играчите кои се со повреди. Велшкиот репрезентативец се очекува да се сретне со челниците на кралскиот клуб во наредните денови и двете страни да постигнат договор за неговата иднина. Бејл не е во плановите на Зинедин Зидан, но тој има договор со Реал Мадрид и неговата висока плата е пречка…

Read More

Играчот за врска на Бреша, Сандро Тонали беше на медицински прегледи во Милано и се очекува вечерва да го потпише петгодишниот договор со неговиот нов клуб. По тестовите, тој се врати во својот хотел, а подоцна треба да приостигне во базата на Милан за да го стави својот потпис на договорот со „росонерите“. „Многу сум среќен, честитки за сите навивачи“, рече Тонали пред новинарите и навивачите кога го напуштише медицинскиот центар. Неговиот трансфер се очекува официјално да биде објавен во доцните часови вечерва или утре.

Read More

Поранешниот десен бек на Вардар, Владица Брдаровски својата кариера ќе ја продолжи во косовската екипа Дрита, актуелен шампион на оваа земја. И покрај тоа што имаше интерес за неговите услуги од неколку клуба од Грција и Кипар, искусниот дефанзивец се одлучи да ја прифати понудата од Дрита. Со косовскиот клуб, Брдаровски потпиша едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен. Трансферот на Брдаровски во Дрита се реализира непосредно пред дуелот на косовскиот шампион против нашиот преставник Силекс, во рамки од квалификациите за Лигата на Европа. Брдаровски пет години настапуваше во дресот на Вардар, со кој успеа да направи одлични резултати и да биде дел од екипата која…

Read More