Моментот за трансфер во Тотенхем е совршено, изјави новиот напаѓач на тимот Герет Бејл, кој се врати назад во Лондон по 7-годишно отсуство. Тој ќе игра за Тотенхем како позајмен играч од Реал Мадрид до крајот на сезоната. „Овој клуб е посебен за мене. Отсекогаш знаев дека ќе се вратам еден ден, а сега тоа е реалност. Јас сум во вистинско време во мојата кариера за овој трансфер и мислам дека совршено ќе одговарам на Тотенхем. Мотивиран сум, сакам да да настапам на ниво и едвај чекам да играм повторно“, изјави Бејл, кој има 56 гола на 203 натпревари за…
Author: riste
Од екипата на Лестер Сити официјално го објави привлекувањето на Ченгиз Ундер од составот на Рома. Зделката е во форма на едногодишна позајмица со можност за траен трансфер. 23-годишното крило ги мина последните три сезони на „Олимпико“ по неговиот трансфер од Истанбул Башакшехир, одигра 88 натпревари и постигна 17 погодоци за Рома. За репрезентацијата на Турција има одиграно 21 натпревар, а притоа постигнато 6 погодоци.
По долги преговори, екипите на Барселона и Интер постигнаа договор за цената на играчот за врска Артуро Видал, пренесува „Скај Спорт Италија“. Нероазурите ќе платат само 1 милион евра за играчот со бонуси. Денеска се очекува Видал да пристигне во Милано, а утре да ги мине лекарските прегледи и да потпише двегодишен договор со клубот. Во меѓувреме, дефанзивецот Диего Годин ќе го напушти „Џузепе Меаца“ и следната недела и ќе му се приклучи на Каљари.
Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Дони Ван де Бек го коментираше резултатот на натпреварот кој неговиот тим го одигра, но го загуби од Кристал Палас (1:3). Да потсетиме, 23-годишниот холандски фудбалер го постигна единствениот гол за „црвените ѓаволи“ на оваа средба. „Среќен сум што дебитирав за Манчестер Јунајтед, но разочаран од резултатот. Не ја спуштаме главата и се подготвуваме за следниот натпревар“, напиша Дони Ван де Бек на својот профил на Твитер . Ван де Бек потпиша петгодишен договор со Манчестер Јунајтед. Играчот за врска беше дел од Ајакс. Минатата сезона тој учествуваше на 23 натпревари од холандскиот шампионат…
Екипата на Тотенхем денес ги промовираше своите две нови засилувања, старо-новиот фудбалер Герет Бејл и Серхио Регилон. Велшанецот ќе пристигне на едногодишна позајмица, а засега не е познато дали Тотенхем ќе имаат опција за откуп на договорот. Бејл по цели седум сезони поминати во Реал Мадрид се враќа во колубот во кој блескаше, па сега ќе има шанса да ја „оживее“ кариерата. Промената од тогаш до сега е неговиот број, па наместо 11 која сега ја носи Ламела, Бејл ќе биде новата „9-ка“ на Тотенхем. Освен Бејл, во тимот на Жозе Мурињо пристигнува и Серхио Регилон, исто така од Реал Мадрид,…
Англискиот шампион Ливерпул за само два дена промовираше и второ ново име во своите редови, станува збор за португалскиот фудбалер Диого Жота. 23-годишното крило доаѓа од редовите на Вулверхемптон. Детали на зделката не се објавени, но медиумите во Англија велат дека „црвените“ овој трансфер ќе ги чини 50 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Жота беше во Вулверхемптон од 2017 година и на 111 натпревари постигна 33 гола. Претходно, во кариерата го носеше дресот на Порто, Атлетико Мадрид и Пакош Фереира. Португалецот треба да ја зголеми конкуренцијата во нападот, каде веќе англискиот шампион ги има Салах, Мане, Фирмино и Минамино. Вчера, Јирген…
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изрази задоволство од одлуката на Пјер-Емерик Обамејанг да потпише нов договор со „топџиите“. „Обамејанг остана поради нашиот неверојатен тим. Мислам дека тоа е доволна причина. Имаме одлични луѓе кои работат тука, и тој ја чувствува љубовта од навивачите“, рече Артета. „Јас го сторив своето, објаснувајќи му што се обидуваме да сториме, му објаснив што градевме. Тоа е тоа“, рече Артета. Запрашан за интересот на Барселона и Интер, тој одговори: „Нашиот клуб не е помал од наведените. Фудбалскиот клуб е најважната работа. Важно е да бидете сигурни дека играчите веруваат во проектот“, заврши менаџерот на Арсенал…
Швеганецот со македонско потекло Дејан Кулушевски ова лето го направи трансферот од соништата и од Парма се пресели во редовите на актуелниот шампион Јувентус. Кулушевски веќе одигра неколку пријателски средби со новите соиграчи, а денес и официјално беше промовиран како засилување во просториите на клубот. Тој на прес-конференцијата нагласи дека дошол во Торино за да ја освои титулата во Италија. „Натпреварот кој не очекува в недела е многу важен, затоа што е на почеток на новата сезона, јас сум среќен што конечно ќе имам шанса да заиграм за Јувентус. Спремен сум да одговорам на задачата ако добијам шанса од тренерот, со нетрпение го чекам…
Челзи ќе мора да игра без повредените Хаким Зијеш, Бен Чилвел и Кристијан Пулишиќ во натпреварот против актулениот шампион Ливерпул во недела. Ова го откри на прес-конференцијата пред натпреварот менаџерот на „сините“ Френк Лампард. Пулишиќ сè уште не се опоравил од повредата што ја заработи во финалето на ФА купот на почетокот на август, додека во оваа фаза надвор од комбинација се новајлиите Зијеш и Чилвел. Добрата вест за Лампард е подобрувањето на состојбата на централниот напаѓач Тимо Вернер. Германецот имаше болка во ногата по мечот со Брајтон во понеделникот, но тој го надмина тоа и е подготвен да игра…
Дефанзивецот на Хамбургер, Тони Лајстнер, кој минатата недела удри навивач на стадионот на крајот од Куп натпреварот против Динамо (Дрезден), беше казнет со дисквалификација за 5 натпревари и парична казна од 8.000 евра, објави денес Германскиот фудбалски сојуз (ГФС). Лајстнер, роден во Дрезден, се искачи по скалите до трибините преку оградата, каде се соочи со гледач што скандираше нешто за време на натпреварот. По размената на зборови, Лајстнер го турнал човекот на земја пред да се сврти и да се врати назад по скалите. Малку подоцна, играчот рече дека овој човек многу пати го навредувал. „Освен што е напад врз…
