Author: riste

Триото Лионел Меси – Луис Суарез – Нејмар имаше импресивната статистика за време на нивниот настап за Барселона. Ова беше објавено синоќа откако од Барселона замина и вториот од ова трио. Напаѓачите успеаја да постигнат 364 голови во сите натпреварувања. Аргентинскиот напаѓач постигна најдобар учинок кај овие играчи – 153 голови и 66 асистенции за три сезони помеѓу 2014 и 2017 година. Го следи Луис Суарез со 121 погодок и 59 асистенции. Нејмар имаше 90 постигнати голови и 48 асистенции. Да потсетиме, Барселона официјално го објави трансферот на 33-годишниот уругвајски напаѓач Луис Суарез во Атлетико Мадрид. Затоа, може да се…

Read More

Средбата од четвртото коло на македонската Суперлига, меѓу екипите на Металург и Работнички, е одложена на неодредено време, откако тимот на Работнички пријави дури 15 ракометари позитивни на Ковид 19. Овој натпревар требаше да се игра денес од 18 часот во Автокоманда. Сега се чека одлуката на РФМ, која во слична ситуација комплетно го суспендираше натпреварувањето во групата “А“. Металург вчера играше со Криенс во квалификациите за Европската лига, а сега ќе продолжи со подготовките за реванш средбата која идниот вторник се игра во Швајцарија, а каде Металург треба да ја брани предноста од првата средба од 26:24.

Read More

Аргентинскиот играч за врска на ПСЖ, Анхел ди Марија е казнет со четири натпревари за однесувањето за време на скандалозното дерби со Олимпик Марсеј во третото коло од Лига 1. Казната беше изречена за плукање кон дефанзивецот на Марсеј, Алваро Гонзалес. Ова се случи за време на скандалот меѓу играчите на двата тима. Тоа беше засновано на расправијата помеѓу Гонзалес и Нејмар. Бразилецот го обвини противникот за расизам, бидејќи наводно бил наречен „валкан мајмун“. Самиот Гонзалес негираше дека ги изговорил тие зборови.

Read More

Само два дена му беа потребни на Атлетико Мадрид да го реализира трансферот на летото во Ла Лига. Од синоќа Луис Суарез е нов фудбалер на овој мадридски клуб и денес со посебна церемонија и прес-конференција од 12:30 часот Суарез ќе се прости од Барселона пред раководството на клубот и неговите досегашни соиграчи. Третиот најдобар стрелец во историјата на Барселона заминува по пет сезони поминати од „Камп Ноу“ и за разделбата на една година пред истекот на договорот каталонскиот клуб ќе добие шест милиони евра во вид на бонуси. 33-годишниот напаѓач ќе добие двегодишен договор сп новиот клуб и ќе добива девет милиони евра по сезона. Суарез…

Read More

Правилото за пет замени, кое беше воведено на крајот на минатата сезона како мерка во фудбалот за справување со последиците од пандемијата, ќе се задржи на натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа и оваа сезона. На состанокот на Извршниот комитет на УЕФА кој ќе се одржи денес во Будимпешта, ќе се гласа за пакетот правила што ќе важат во текот на сезоната. Ла Лига, Серија А, Бундеслигата и Лига 1 веќе ја донесоа таа одлука и го зачуваа правилото со пет замени, само мнозинството екипи во Премиерлигата, со исклучок на најголемите клубови, гласаа против и не ја…

Read More

Реал Мадрид може да плати околу 100 милиони евра за напаѓачот на ПСЖ , Килијан Мбапе, доколку не го продолжи договорот со францускиот клуб, објави весникот „АС“. Според истиот извор, Кралскиот клуб ја разгледува опцијата за стекнување на фудбалерот во летото 2021 година. Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува летото 2022 година, а напаѓачот одбива да го обнови договорот. Мбапе се пресели во ПСЖ летото 2017 година од Монако најнапред со  позајмица. Една година подоцна, парискиот клуб ги откупи правата на напаѓачот. Сумата на трансфер беше 145 милиони евра. Минатата сезона, 21-годишниот напаѓач учествуваше на 20 натпревари од францускиот шампионат (17…

Read More

Прес-службата на Барселона објави дека 17-годишниот напаѓач Ансу Фати сега ќе игра во целост за првиот тим. Висината на обештетувањето за младиот напаѓач се зголеми од 170 милиони на 400 милиони евра. Фудбалерот исто така го смени бројот на дресот со кој ќе игра, а сега ќе го носи бројот 22. Претходно, тој број го носеше играчот за врска Артуро Видал, кој се приклучи на Интер во текот на вчерашниот ден. Фати потекнува од школата на Барселона. Минатата сезона тој учествуваше на 24 натпревари од шпанскиот шампионат (11 – во првиот тим), на кои постигна седум погодоци, даде една асистенција,…

Read More

Ливерпул сè уште не се откажал од желбата да го привлече централниот дефанзивец на Наполи, Калиду Кулибали. Според „Ла Паризиен“, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сака да формира дефанзивен пар меѓу Сенегалецот и Вирџил ван Дајк и верува дека клубот ќе го поддржи, иако Ливерпул веќе направи два сериозни трансфери кон крајот на минатата недела кога ги доведе Тиаго Алкантара и Диого Жота. Изданието тврди дека напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, исто така, се обидува да даде придонес во трансферот, убедувајќи го својот сонародник дека би било најдобро за неговата кариера да се пресели на „Енфилд“. Многу сериозен интерес за…

Read More

Романскиот тим ФЦСБ (Стеауа) побара одложување на натпреварот со  Слован Либерец (Чешка) во Лигата на Европа, поради епидемија на коронавирус, што го остави тимот со само девет играчи од одбраната и тројца голмани, објавија медиумите во земјата. Всушност, романскиот тим е без полн состав ден пред пресметката со Чесите и управата побара од УЕФА да го одложи натпреварот. Вкупно 13 играчи на ФЦСБ беа позитивни на Ковид-19. Заразени се уште осум други лица од спортскиот и техничкиот персонал на клубот што исто така е дополнителен проблем. Останува на УЕФА да донесе одлука за одложување на средбата или евентуално ако нема…

Read More

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека играчот за врска Деле Али се враќа во составот на тимот за гостување во Македонија против Шкендија од третото квалификациско коло во Лигата на Европа. Англискиот репрезентативец ги пропушти последните два меча на својата екипа, победите со 2:1 над Локомотив Пловдив во Лигата на Европа и со 5:2 над Саутемптон во Премиер лигата, откако на паузата беше заменет при поразот од Евертон од 0:1 на почетокот од сезоната во Премиер лигата. Ова доведе до шпекулации дека односите меѓу Мурињо и Деле Али не се добри и тој ќе го напушти клубот додека не…

Read More