Author: riste

Раководството на регионалната ракометна СЕХА лигата денес го најави планот за сезоната 2020/21, а стартот на натпреварите е планиран за 10 октомври. Наместо дванаесет, оваа сезона ќе се натпреваруваат десет екипи поделени во две групи. Македонија повторно ќе ја претставуваат Вардар и Еурофарм Пелистер, а титулата ќе ја брани Веспрем од Унгарија. ЦСКА Москва и кинескиот тим Пекинг Универзитет нема да учествуваат во овогодинешното натпреварување. Група А: Вардар, Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје и Нексе Група Б: Еурофарм Пелистер, Веспрем, ППД Загреб, Мешков Брест и Металопластика По завршувањетоо на групната фаза следува четвртфинале, а веднаш потоа и завршен турнир на четирите најдобри екипи. Од прв поглед се…

Read More

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, ќе го пропушти дербито со Арсенал во третото коло од Премиер лигата. Натпреварот ќе се игра во понеделник на „Енфилд“, а причината за отсуството на играчот од средниот ред е повредата на бутот, која ја доби во првото полувреме од мечот со Челзи на крајот од минатата недела. Тогаш на местото на Хендерсон во игра влезе и го имаше своето деби новото засилување Тиаго Алкантара. Шпанецот се очекува да започне како стартер во понеделник, иако Јирген Клоп одби да го потврди ова. Другата вест е дека eо Гомез продолжил со тренинзи денес и веројатно ќе…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Борха Мајорал може да ја помине следната сезона во Рома, пренесува „Кориере дело Спорт“. На 23-годишниот Шпанец се гледа како на алтернатива на sвездата на Рома, Един Џеко, кој може да го напушти клубот. Италијанскиот клуб ќе мора да плати 3 милиони евра за едногодишна позајмица. Сезоната 2019/20, Мајорал ја помина во Леванте, каде на 36 натпревари постигна 9 гола и 2 асистенции. Италијанските медиуми објавија дека Мајорал дал согласност и кажал „Да“ за трансефр во Рома, но сега останува самите клубови да се договорат околу позајмицата.

Read More

Поранешниот шеф на тимот на Ферари во Формула 1, Стефано Доменикали ќе ја преземе позицијата Извршен директор во Ф1 од 1 јануари 2021 година, ова го потврдија претходно денес од сопствениците на шампионатот – Либерти Медиа. Доменикали, кој ја водеше Скудерија помеѓу 2008 и 2014 година, ќе го замени Чејс Кери, кој ќе ја задржи улогата во управувањето со спортот, но како неизвршен директор. „Среќен сум што се приклучив на организацијата на Формула 1, спорт кој отсекогаш бил дел од мојот живот. Роден сум во Имола и живеам во Монца. Со години се занимавав со спортот откако го напуштив Ферари…

Read More

Германскиот тим Шалке 04 објави дека еден од играчите на тимот бил позитивен на коронавирус. Вчера беа спроведени тестови за КОВИД-19 на целиот тим. Сите други резултати се негативни. Позитивниот фудбалер на КОВИД -19, чие име не беше соопштено, е во самоизолација дома. Утре Шалке 04 има натпревар како домаќин против Вердер Бремен во натпревар од 2.коло од Бундеслигата.

Read More

Денес и официјално, Луис Суарез беше промовиран како нов фудбалер на Атлетико Мадрид. Уругваецот ги мина медицинските прегледи и стави потпис на двегодишен договор со тимот од „Ванда Метрополитано“. Еден од најдобрите голгетери во Ла Лига ќе игра под водство на Диего Симеоне кој подолг период инсистираше за неговиот ангажман. Суарез доаѓа како засилување на нападот и ќе треба да го пополни празното место кое е испразнето со заминувањето на Алваро Мората во Јувентус. Луис Суарез во својата кариера има настапувано за домашната екипа Насионал, а потоа преку Гронинген стигна до Ајакс. Дел од својата богата кариера ја помина и во Ливерпул,…

Read More

Новиот италијански второлигаш, Монца која е во сопственост на поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони и неговиот прв соработник Адриано Галијани, потпиша договор со Кевин-Принс Боатенг, кој ќе пристигне од Фиорентина во следните 24 часа. „Газета дело Спорт“ открива дека поранешниот напаѓач на Милан, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Бешикташ, потпишал едногодишен договор со Монца. Претседателот Силвио Берлускони, кој има за цел промоција во Серија А, продолжува да го гради тимот кој ќе биде конкурентен за експресна промоција во елитата.

Read More

Македонскиот преставник во Лига Европа, Шкендија и оваа година има можност да биде домаќин на уште еден голм клуб како што е Тотенхем. Откако пред неколку сезони играа против екипи како што се Гент, Милан и Розенборг, сега ждрепката посака во третата квалификациска рунда, инаку последна пред плејофот за влез во групите, Шкендија да го добие моќниот тим на Тотенхем, предводен од еден од најдобрите светски тренери Жозе Мурињо. Доколку ситуацијата беше нормална, ова ќе беше вистински фудбалски спектакл во Скопје, но сега за жал на нашиот најголем стадион ќе бидат само актерите , бе присуство на публиката која сигурно…

Read More

Манчестер Јунајтед ќе загуби повеќе од кој било друг клуб во Премиер лигата доколку натпреварите во Премиер лигата 2020/2021 се одиграат без публика. Овие резултати од сопственото истражување ги објави „Телеграф“. Доколку тимовите мораат да играат пред празни трибини, Манчестер Јунајтед ќе загуби 150 милиони евра. Исто така многу ќе загуби и лондонски Арсенал, кој според оваа пресметка ќе загуби 133 милиони евра. Ова е многу значајна загуба за „топџиите“, бидејќи приходите од билетите изнесуваа скоро една четвртина од сите приходи на клубот. Првично беше планирано навивачите да се вратат на англиските стадиони на 1 октомври, но британскиот премиер Борис…

Read More

Англиски Тотенхем подготви понуда од 50 милиони евра плус бонуси за словачкиот дефанзивец на Интер Милан Шкрињар. Раководството на Тотенхем веќе разговарале со агентот на Шкрињар во Милано. Претходно вчера „Скај Спорт Италија“ откри дека од Интер барале 60 милиони за нивниот играч, но од Тотенхем  не се подготвени да ја платат оваа сума. „Нероазурите“ се надеваат дека ќе го продадат 25-годишниот Шкрињар, а со добиениот дел од сумата ќе се обидат да го купат Никола Миленковиќ од Фиорентина.

Read More