Претседалеот на УЕФА, Александар Чеферин наградата која ја доделува секоја година за луѓе кои оставиле посебен белег во фудбалот и во натпреварите под капата на УЕФА оваа година му ја додели на Дидие Дрогба. Овој поранешен фудбалер влегива во кругот на големи имиња како Боби Чарлтон, Еузебио, Рејмонд Копа, Јохан Кројф, Франческо Тоти, Дејвид Бекам и Ерик Кантона кои биле добитници на наградата. Оваа награда од првиот човек на Европската фудбалска централа, Александар Чеферин годинава наградата му беше врачена на Дидие Дрогба кој цели девет сезони настапуваше за екипата на Челзи и беше дел од Лигата на Шампионите. Во својата кариера Дрогба го…
Author: riste
Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепката за осминафиналето од најмасовното фудбалско натпреварување во нашата земја, Националниот Куп. Во оваа фаза од осминафинале се приклучија Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Љум кои беа слободни во првото коло. Ждребката донесе неколку интересни дуели, како на пример Академија Пандев – Вардар, Струга Трим Љум – Работнички, Ренова – Пелистер и други. 1/8 финални парови во Купот на Македонија: Академија Пандев – Вардар Македонија Ѓ.П. – Каменица Саса Шкендија – Гостивар Шкупи – Кит Го Кожуф – Силекс Струга Трим Љум – Работнички Брегалница – Беласица Ренова…
Џенова официјално објави дека ќе побара одложување на претстојниот натпревар против Торино во сабота. Клубот има 14 случаи на коронавирус, меѓу нив има фудбалери и дел од персоналот на клубот. Само пред три дена имаше само двајца играчи со позитивни тестови на ковид -19. Според здравствениот протокол во Италија, нема минимален број на заразени во клубот што би довело до задолжително одложување на натпреварот. Во овој случај, потребна е согласност од другиот клуб. Спортскиот директор на Џенова, Даниеле Фаџано се сомнева дека тоа е причината за тешкиот пораз со 0:6 од Наполи во неделата. Неговата екипа прими пет гола во…
Италијанската Серија А загуби повеќе од 500 милиони евра приход поради пандемијата на коронавирусот, изјави извршниот директор Луиџи Де Сиерво, предупредувајќи дека фудбалската индустрија е во тешка ситуација. За да се ограничи инфекцијата со КОВИД-19, италијанската влада го отфрли предлогот да им се дозволи на повеќе гледачи да присуствуваат на спортските настани, вклучително и зголемување на бројот на гледачи на натпреварите во Серија А на една четвртина од капацитетот на стадионот. „Досега Серија А загуби повеќе од 500 милиони евра“, изјави извршниот директор на Серија А, Луиџи Де Сиерво, додавајќи дека ова се должи на недостаток на приход од натпреварите…
Ракометарите на Металург денес во Швајцарија, односно во Цирих треба да го одиграат можеби најважниот натпревар во првиот дел од сезоната. Металург го очекувата клучните 60 минути за влез во групната фаза од новоформираната Европската лига на ЕХФ. Екипата од Автокоманда брани два гола од првиот меч, а тренерот Зоран Кастратовиќ верува дека може да влезат во групите. „Верувам во мојот тим и знам дека момците можат да одиграат многу подобро отколку што одиграа во првиот натпревар. Ни беше сосема јасно дека патникот за Европската лига ќе се решава во Швајцарија. За успех ќе мора да го промениме малиот број…
Лондонски Арсенал повеќе од пет години не успева да забележи победа на гостински терен кај клуб од големата шестка на Островот. Големата шесторка ги вклучува Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем, Челзи и Арсенал. Последната победа на Топџиите во натпревар на гости со една од овие екипи е на 18 јануари 2015 година. Тогаш Арсенал го победи Манчестер Сити на „Етихад“ со 2:0. Серијата трае и понатаму откако синоќа на „Енфилд“ во мечот од 3.коло на Премиер лигата против Ливерпул загубија со 3:1. На овој стадион, лондончани веќе осум години не можат да победат. Арсенал следното коло ќе играат со…
Играчот за врска на Арсенал, Лукас Тореира продолжува со потрагата по нов тим. Уругваецот не е вклучен во плановите на менаџерот Микел Артета и се наоѓа на трансфер листата на Топџиите, кои му одредија трансферна сума од 20 милиони евра. Не недостасува интерес за фудбалерот, бидејќи тој се поврзува со Рома, Атлетико Мадрид и Торино. Засега, кандидатите за неговиот потпис чекаат и немаат дадено официјална понуда. Се вели дека самиот Тореира би сакал најмногу да се врати во Серија А. Токму тој се прослави со настапите во екипите на Пескара и Сампдорија, пред да биде продаден на Арсенал минатото лето…
Ливерпул веќе неколку години е еден од најдобрите тимови во Премиер лигата и Арсенал е далеку од тоа ниво, изјави менаџерот Микел Артета откако лондончани загубија со 1:3 на „Енфилд“ во натпревар од третото коло на англискиот фудбалски шампионат. Шпанецот додаде дека „топџиите“ наскоро нема да можат да се борат за шампионската титулаи дека тоа преку ноќ не може да се направи. Клоп го презеде Ливерпул во почетокот на сезоната 2015/2016 и првиот голем трофеј го освои летото 2019 година во Лигата на шампионите. Артета веќе го подигна ФА купот, но Ливерпул го симна Арсенал на земја синоќа со играта…
Тампа Беј го победи Далас со 2:0 во Едмонтон и ја последната средба од финалето во битката за „Стенли купот“ во НХЛ лигата со тоа што го совлада Далас со 4:2 во победи. Така, клубот го освои шампионскиот пехар по втор пат по 2004 година. Дефанзивецот Виктор Хедман го доби трофејот за најкорисен играч во елиминациските натпревари. Заврши со 22 поени (10 гола и 12 асистенции) на 25 натпревари. „Ова е најдобриот момент во нашите животи како хокеари. Толку многу емоции. Ќе бидат потребни месеци за да помине оваа еуфорија, но ние ќе бидеме шампиони засекогаш, нашите имиња ќе бидат…
Барселона ја одбила понудата на Манчестер Јунајтед да го купи напаѓачот Ансу Фати, пренесуваат медиумите во Шпанија, повикувајќи се на радиото „Каталуња“. Во информацијата се вели дека каталонскиот клуб во текот на летото одбил да го продаде играчот за 150 милиони евра. После тоа, износот на обештетувањето во договорот за младиот напаѓач се зголеми од 170 милиони на 400 милиони евра. Фати е играч кој потекнува од школата на Барселона. Минатата сезона тој учествуваше на 24 натпревари од шпанскиот шампионат (11 – во првиот тим), на кои постигна седум погодоци, даде една асистенција и доби два жолти и еден црвен…
