Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер го повреди рамото за време на тренингот и нема да може да игра во следните неколку недели, изјави Јирген Клоп. Најверојатно Алисон Бекер нема да може да настапи на дербито на Ливерпул со Евертон кое се игра на 17 октомври, како и на средбата со Ајакс на 21 октомври во Лигата на шампионите. Алисон сигурно ќе ги пропушти претстојните квалификации за Светското првенство со репрезентацијата на Бразил против Боливија на 10 октомври и против Перу на 14 октомври.
Author: riste
Предводникот на Астон Вила, Дин Смит ја прокоментира убедливата победа на неговиот тим над Ливерпул (7:2) во мечот од четвртото коло на англискиот шампионат. „Ливерпул имаше одлични резултати на „Вила Парк“, победувајќи со 5:0 во еден од моите први натпревари тука. Никогаш не сонувавме дека ќе дојдеме до толку голема победа како денес. Играта беше извонредна од почеток до крај. Создадовме огромен број шанси против неверојатната одбрана на Ливерпул и целиот тим како целина. Работевме напорно, одржувавме одлична динамика од крајот на минатата сезона и сериозно го подобривме квалитетот. Што се однесува до Оли Воткинс – многумина се сомневаа во…
Атлетико Мадрид е пред финализирање на зделката за трансфер на играчот за врска на Арсенал, Лукас Тореира. 24-годишниот Уругваец веќе е во Шпанија и е подложен на лекарски преглед, пренесува „Фокс Спорт“. Шпанците ќе платат 2 милиони евра за да го ангажираат играчот до крајот на сезоната 2020/21, и ќе имаат можност да го купат играчот за 18 милиони евра. Ова значи дека Атлетико Мадрид сега ќе се раздели со играчот од средниот ред Ектор Ерера. За 30-годишниот Мексиканец, клубот веќе има понуда од Зенит. Фудбалерот размислува и за враќање во Португалија. Минатата сезона, Ектор Ерера играше на 21 натпревар…
Францускиот играч за врска на Арсенал, Матео Гендузи е близу до приклучување кон Херта Берлин, пренесуваат медиумите во Германија. Во моментов, германскиот клуб преговара со Арсенал за позајмица на играчот за врска до крајот на тековната сезона. Во овој случај, трансферот нема да подразбира можност за откуп. Претходно беше објавено за интересот за Гендузи од англискиот Манчестер Јунајтед, шпанска Валенсија и францускиот Олимпик Лион. Гендузи се приклучи на Арсенал од Лориент во 2018 година. Како дел од лондонскиот клуб, тој го освои ФА Купот во сезоната 2019/2020. Во дреесот на Арсенал тој одигра 82 натпревари, постигна еден гол и забележа…
Ливерпул прими седум погодоци на еден натпревар за прв пат по 57 години, објави „Опта Спорт“. Последен пат кога Ливерпул примил толку многу голови на еден натпревар беше во април 1963 година. Тогаш Тотенхем беше клубот кој го победи Ливерпул со резултат 7:2. Во мечот од 4. коло на англискиот шампионат, Астон Вила го совлада Ливерпул со резултат со идентични 7:2 исто како што то аго направила екипата на Тотенхем пред 57 години. Оли Воткинс и Џек Грилиш беа немилосрдни кон одбраната на Ливерпул, но мора да се признае во неколку ситуации Ливерпул и немаше среќа, одбиената топка од нивните…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер мораше да биде крајно разочаран по понижувачкиот пораз од Тотенхем со 1:6. Тој призна дека ова бил неговиот најлош ден како играч и тренер во клубот. Норвежанецот ја презеде целосната одговорност за тешкиот пораз на „Олд Трафорд“. „Се чувствувам ужасно, ова е мојот најлош ден во Манчестер Јунајтед како тренер или играч. Не можете да победите во натпревар по толку многу индивидуални грешки и таков перформанс. Тоа е прилично вознемирувачко. Ние не бевме ни близу до она што го сакав. Јас ја преземам одговорноста затоа што го одбрав составот за натпреварот, а оваа…
Германската фудбалска федерација објави дека ќе подели бесплатни билети за следниот домашен натпревар на Бундес-тимот кога на навивачите ќе им биде дозволено да се вратат на стадионите. Планирано е билетите да бидат дадени на луѓе кои се бореле со коронавирус или на оние кои биле во првите редови во борбата против инфекцијата. Можно е тоа да се случи веќе во среда, кога Германија ќе ја одигра контролната средба против Турција во Келн. Фудбалскиот сојуз веќе подготвил 9.200 билети за натпреварот, но сето тоа зависи од одлуката на локалните власти. Доколку контролата со Турција остане затворена за навивачите, Германија ќе биде…
Извршниот директор на австралиската тениска федерација Крег Тили зборуваше за подготовките за Австралија опен во 2021 година. „Планираме да започнеме со подготовки кон средината на декември. Во овој момент, на турнирот ќе дојдат сите играчи, кои ќе треба да бидат во карантин две недели во различни градови на Австралија. Во текот на овие две недели ќе создадеме „меур“ во кој тие ќе можат да се преселат од хотелот до тренинг теренот на Австралија опен. Што се однесува до трибините, на нив ќе може да присуствуваат од 25 до 50 проценти од капацитетот на самите трибини. Се надеваме дека ќе успееме…
Бројот на заразени со коронавирус во Џенова се зголеми за уште три. Денес, екипата на Џенова објави дека тестовите на Давиде Бираски, Доменико Кришито и Дариан Малес биле позитивни, со што вкупниот број се зголеми на 22 лица, од кои најмалку петмина се вработени во клубот, а останатите 17 се дел од првиот тим. Кризата со КОВИД-19 се случи во тимот пред повеќе од една недела и како резултат на тоа, натпреварот против Торино, кој требаше да се игра денес, беше одложен на неодредено време. Во последното коло, тимот загуби убедливо со 0:6 од Наполи, а за овој натпревар не…
Долгоочекуваниот судир меѓу светскиот рекордер во маратон Елиуд Кипчоге и легендата на долги патеки Кенениса Бекеле на лондонскиот маратон нема да се случи утре. За жал Кенениса Бекеле се повлече од трката во последен момент поради повреда во бутот на ногата. Бекеле (38) заврши на второто место зад Кипчоге на минатогодишниот маратон во Берлин, кога Кениецот постави светски рекорд. „Јас сум многу разочаран. Имам мал проблем во левиот бут по последните два тренинга, кои беа за кратко време. Силно верував дека ќе бидам подготвен, но денес е полошо и знам дека не можам да се натпреварувам. Оваа трка беше толку…
