Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е многу задоволен од привлекувањето на Томас Парти. Репрезентативецот на Гана дојде на последниот ден од преодниот рок од Атлетико Мадрид и се очекува сериозно да ја засили средината на теренот. „Ние бевме заинтересирани за него неколку месеци и го следевме неговиот напредок. Мислам дека тој ги има сите потребни квалитети за да стане важен играч за нас – сила, техника, карактер. Можеме да го користиме во различни шеми и секогаш да биде корисен“, прокоментира Артета. „Имам неколку идеи што сакам да ги развијам и Томас ќе ми даде повеќе можности во тој поглед. Со…
Author: riste
Фудбалерите на Милан, Златан Ибрахимовиќ и Леонардо Дуарте се уште се болни од коронавирус, пренесува Скај Спорт Италија. Според изворот, резултатите од повторените тестови на Ибрахимовиќ и Дуарте за коронавирус биле позитивни. Да потсетиме дека инфекцијата на Ковид-19 кај Ибрахимовиќ беше потврдена на 24 септември. Во следното коло од италијанската Серија А Милан ќе игра со Интер. Овој натпревар треба да се игра на 17 октомври. Претходно беше објавено дека Интер има четири случаи на инфекција со коронавирус. Милан Шкрињар, Алесандро Бастони, Раџа Наинголан и Роберто Гаљардини беа позитивни на инфекција со коронавирус и се неизвесни за настап на оваа…
Еден од главните играчи на средината на теренот во нашата селекзија, Енис Барди по натпреварот со Косово даде коментар за се она што се случуваше на оваа средба. „Го започнавме натпреварот со малку притисок, но сепак екипата беше добро поставена и тактички го спречивме Косово да напрваи некоја посериозна шанса. Косово немаше ниту една шанса, освен подарокот за израмнувачкиот гол. Примивме гол, но бевме присебни и продолживме да играме наша игра. Игравме отворено и на победа, но целта ни беше победа да се пласираме во финале. Го оставивме Косово да игра фудбал, а ние игравме на резултат. Македонија е гладна за…
Македонија го победи Косово и сега ја делат само уште 90 минути до историско учество на едно Европско првенство. Косово е зад нашите репрезентативци, а сега ќе треба да се мисли на Грузија и тоа финале кое ќе го играме на 12 ноември во Тбилиси. И покрај тоа што направи грешка при голот на Косово, сепак успеа да собере сили, да постигне гол кој ја одведе македонија во финале, Дакро Велковски го нализираше настапот против Косово и мечот кој не чека за еден месец. „Одигравме доста тежок натпревар. Косово отвори офанзивно, но ние први стигнавме до гол. Но, потоа се случи…
Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски, не го криеше задоволството по големата победа над Косово со 2:1 и обезбедениот пласман во финалето од плејофот од Лигата на нациите. Сепак самиот тој вели дека работата не е завршена до крај и не очекуваат уште најмалку 90 минути за да испишеме историја на македонскиот фудбал. „Благодариме за поддршката која ја добивме од сите, заслуживме да се израдуваме, ама не сме направиле уште ништо. Сите сме еуфорични, Македонија нека се радува вечерва, ама од утре мора да се спуштиме на земја. За два дена имаме меч во Лигата на нациите против Естонија. Знам…
Македонија го совлада Косово со 2:1 и обезбеди пласман во финалето на Лигата на нации – Лига Д, а за пласман на ЕП 2021 година ќе игра со селекцијата на Грузија на гостински терен. Натпреварот почна добро за нашата репрезентација откако по првата сериозна акција успеавме да дојдеме до предност од 1:0 во 16 минута од мечот. По уфрлената топка од левата страна кон Пандев, тој не успеа да ја прифати, но дојде до Адеми кој го проигра слободниот Ристовски, а тој веднаш упати удар, а топката го закачи противничкиот играч Кололи и го измами голманот на Косово за да…
Поранешниот фудбалер на Арсенал Џек Вилшир би можел повторно да го облече дресот на „топџиите“, објавија одредени медиуми во Англија кои сметаат дека Микел Артета е идеален менаџер за да му ја врати кариера на вистинскиот пат на овој играч. Англичанецот беше ослободен од Вест Хем на крајот од последниот ден од преодниот рок, откако двете страни се согласија да го раскинат неговиот договор. На Вилшер му остануваше една година од неговиот договор вреден 100.000 фунти неделно, но раководството на клубот му плати за да си замине. Тоа значи дека 28-годишниот играч оваа сезона останува без клуб. Повредите го следеа…
Фудбалерите на Интер, Раџа Наинголан и Роберто Гаљардини, исто така, беа позитивни на КОВИД-19, објави „Газета дело Спорт“. Така, четворица играчи на „нероазурите“ веќе се неизвесни и може да го пропуштат претстојното дерби со Милан поради коронавирусот. Другите двајца со позитивни резултати досега се Алесандро Бастони и Милан Шкрињар. Интер сè уште официјално не ги потврди резултатите од Наинголан и Гаљардини, но најверојатно тоа ќе го стори до крајот на денот. Од друга страна во Милан, Златан Ибрахимовиќ и Лео Дуарте се оние кои имаа позитивни тестови.
Македонскиот голман и член на Арсенал Дејан Илиев во наредниот период ќе го носи дресот на англискиот тим Шревсбери Таун. Од оваа екипа објавија дека потпишале договор со голманот на Арсенал на краткорочна позајмица. Фудбалскиот клуб Шревсбери Таун е воодушевен што ќе го има Дејан Илиев во клубот. 25-годишниот голман се приклучува на клубот на договор за краткорочна позајмица до крајот на јануари. Сем Рикетс е задоволен што го обезбеди чуварот на „топџиите“ и со нетрпение очекува да работи со Македонецот. „Дејан е во Арсенал веќе неколку години. Тој, исто така, напредуваше во возрасните групи и со Македонија – тој…
Расположението во нашата млада фудбалска репрезентација за фудбалери до 21 година беше одлично по понбедата над Казахстан на гостински терен. По победата во Алмати против Казахстан, од соблекувлната на Македонија беше испратена порака за оние кои заради повреди не се дел од групата. Сите репрезентативци победата ја посветија на Ристовски, Серафимов и Трапановски, кои заради повреди не се дел од селекцијата. Ова уште еднаш го покажува големото другарство кое владее во младата реопрезентација на Македонија
