Author: riste

Македонија денес треба да го одигра третио натпревар од новата сезона во Лигата на нации, гостува кај Естонија во Талин. Откако по првите две кола остварија една победа и еден нерешен резултат, избраниците на селекторот Ангеловски денес ќе се обидат да ја продолжат добрата серија и да останат на првата позиција пред домашниот натпревар со Грузија за наеколку дена. И покрај тоа што селекцијата на Естонија е без бодови по првите две кола, то ане смее да ги излаже нашите репрезентативци, напротив имаат желба и мотив да продолжат со победи по големиот успех и пласманот во финалето против Грузија. Селекторот…

Read More

Нашата фудбалска репрезентација откако денес пристигна во Талин , Естонија, најнапред ја одржа официјалната прес-конференција, а потоа избраниците на селекторот Ангеловски го одржаа и единствениот тренинг пред утрешниот натпревар со домашната селекција. ФОТО: ФФМ

Read More

Патеката Нирбургринг се враќа во Ф1 шампионатот, а денес на оваа патека се одржаа квалификациите за утрешната трка. Ништо ново околу доминацијата на Мерцдесе, само што сега си ги сменија улогите и позициите Ботас и Хамилтон. Валтери Ботас беше најбрз на денешните квалификации и утре ќе ја има пол позицијата, додека веднаш до него ќе боде Луис хамилотн. Финецот извозе со време 1:25.269 и дојде до 14. пол-позиција во кариерата, пред клупскиот колега Луис Хамилтон, додека третата позиција му припадна на Макс Верстапен кој се бореше, ама не успеа да биде побрз од возачите на Мерцедес, додека четвртопласиран возачот на…

Read More

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини упати честитка до македонската А репрезентација за пласманот во финалето од Лига на Нации и македонската репрезентација до 21 година за извонредниот настап во квалификациите за Европското првенство. „Би сакал да ги пренесам моите искрени и длабоки честитки до сите Вас, фудбалерите, стручниот штаб и сите оние кои дадоа придонес за големиот резултат и можноста македонската репрезентација да настапи во финалето од Лига на нации за пласман на Европското првенство, како и за победата на македонската репрезентација до 21 година од квалификациите за младинското Европско првенство. Нашата најдобра репрезентација покажа извонреден квалитет…

Read More

По пристигнувњето на резултатите од ковид-тестирањето на прволигашите, раководството на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) донесе одлука за одложување на стартот на сезоната. Домашниот шампионат требаше да започне овој викенд, но откако се покажа дека во повеќе клубови има неколку заразени од коронавирусот, едноставно  нема услови за безбедно одигрување на прволигашки натпревар. Токму затоа КФСМ мораше да се одлучи на ваков потег. „Имајќи ја во предвид целокупната епидемиолошка ситуација во земјата и фактот дека бројот на ново заболени секојдневно се зголемува, раководството на КФСМ донесе одлука за одложување на почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 во Прва лига-мажи, кој првично беше предвиден да…

Read More

Успехот на нашите фудбалери и пласманот во финалето на Лигата на нации и можноста преку тоа финале да се изборат за пласман на ЕП е радост за сите во нашата земја. Денес Ракометната федерација на Македонија (РФМ) упати честитка до нашите фудбалери. „Ракометната Федерација на Македонија упатува искрени честитки за победата на нашата фудбалска селекција против селекцијата на Косово. Секоја чест за борбеноста, истрајноста, силниот тимски дух, единството во составот и карактерот“. Момци со Вас сме ! https://www.facebook.com/rfmofficial/posts/3072956482808501

Read More

Хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб е веќе во потрага по нов тренер, откако денес на својата официјална интернет страница информираа дека ја раскинале соработката со досегашниот тренер Игор Вори. Вори седна на клупата на ППД Загреб со големи амбиции, да го вратат клубот на старите патеки, но издржа само пет официјални натпревари, на кои тимот запиша исто толку порази. „По консултациите и разговорите кои се одржаа во тековната недела, управата на клубот и Игор Вори дојдоа до заеднички заклучок дека е потребно да се направат промени, со цел тимот да се подготви соодветно за претстојните натпревари, особено за оние од кои се очекуваат…

Read More

Милан продолжува со преговорите за продолжување на договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, но двете страни се уште не постигнале договор. Росоњерите се подготвени да ја зголемат платата на 21-годишниот Италијански репрезентативец на 8 милиони евра, пренесува „Кориере дела Сера“, но истовремено агентот на голманот Мино Рајола инсистира на тоа дека новиот договор треба да вклучува откупна клаузула во висина од 30 милиони евра, што се разбира, една од точките на преговори меѓу двете страни. Актуелниот договор на Донарума истекува во летото 2021 година.

Read More

Рома и Фиорентина се опции за идниот клуб на Маурицио Сари. Според „Газета дело Спорт“, сепак, има два проблеми со назначувањето на тренер. Сари беше отпуштен од Јувентус во текот на летото, но има договор со „бјанконерите“ на уште две години. Еден од неговите најблиски пријатели рече дека лесно може да се ослободи од договорот. Двата проблеми се различни. Еден од нив е платата на тренерот, бидејќи минатата сезона добиваше 5,5 милиони, сума што тешко ќе ја платат Рома и Фиорентина. Другиот проблем е дека самиот Сари нема желба да преземе клуб откако сезоната е веќе почната. Пред неколку години,…

Read More

Откако беа одиграни осумте натпревари од полуфиналето на Лигата на нации, познати се сите четири финални парови, од кои ќе ги добиеме последните учесници во групната фаза на Европскиот шампионат. Македонија обезбеди пласман во финалето и ќе игра со Грузија, додека Србија беше подобра од Норвешка на гостински терен и си обезбеди финале против Шкотска во Белград. Од поранешните југословенски простори Босна и Херцеговина е елиминирана од Северна Ирска по подобро изведување на пенали. Лига на нации (финални натпревари): Грузија – Македонија Унгарија – Исланд Северна Ирска – Словачка Србија – Шкотска Сите натпревари се играат на 12 ноември, а победник…

Read More