Author: riste

Почетокот на сезоната за Интер воопшто не е охрабрувачки, објави Тутоспорт. За последните пет натпревари во текот на сезоната, тимот на Антонио Конте веќе прими 10 гола во својата мрежа. Нероазурите толку многу голови примија 2011 година, кога Џан Пјеро Гасперини беше на чело на тимот. Тогаш Интер започна со серија од пет натпревари без победа со 10 погодоци во сопствената мрежа, а поради што тренерот доби отказ. Во моментов, тимот на Конте барем освојува бодови, со две победи, две нерешени средби и само еден пораз од четири натпревари во Серија А – против Фиорентина (4:3), Беневенто (5:2), Лацио (1:1)…

Read More

Единсон Кавани, Хари Мегуаер и Мејсон Гринвуд ќе бидат во составот на Манчестер Јунајтед за утрешното дерби со Челзи во рамките на шестото коло од Премиер лигата. Првиот започна да тренира на почетокот на неделата, но го пропушти мечот со ПСЖ бидејќи не беше целосно подготвен. Мегуаер и Гринвуд исто така беа надвор од комбинација за гостувањето во Париз, поради повреди. „Знаеме дека имаме многу тежок натпревар против Челзи. Игравме против нив четири или пет пати минатата сезона, така што многу добро се познаваме. Треба да ја подобриме формата. Можеби тоа е нешто со што треба да се справиме веднаш.…

Read More

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, се согласи на 50% намалување на платата до крајот на сезоната 2020/2021 со потпишување нов договор со неговата екипа. Голманот Марк-Андре тер Штеген , дефанзивецот Клемент Ланглет и играчот за врска Френки де Јонг ќе имаат пад од 30 %, објави Спорт.ес. 33-годишниот Пике го продолжи договорот до 20 јуни 2024 година, а клаузулата за откуп е 500 милиони евра. Продолжување на договорот е можно доколку играчот одигра одреден број на натпревари во сезоната 2021/2022. Тер Штеген склучи договор до 30 јуни 2025 година со опција за откуп од 500 милиони евра. 25-годишниот Французин Клемент…

Read More
NBA

Драфтот во НБА лигата е закажан за 18 ноември, а според планот ќе биде целосно преку онлајн, односно Интернет, објавија НБА и ЕСПН телевизијата, која ги поседува телевизиските права. Изборите во првиот круг ќе ги објави комесарот на лигата Адам Силвер, а неговиот заменик Марк Татум ќе го преземе вториот круг. Двајцата ќе бидат домаќини на настанот од студиото во Бристол, Конектикат, а играчите ќе бидат прикажани со видео врска од нивните домови. Драфтот во Националната фудбалска лига (НФЛ) беше идентичен, но комесарот Роџер Гудел ги најави изборите од дома. Минесота Тимбервулфс го има првиот избор на драфтот и локалните…

Read More

Предводникот на Вардар, Стевче Алушовски по мечот со Порто на прес-конференцијата зборуваше за нерешените 25:25 против тимот од Португалија. Тој им честиташе на играчите за прикажаната борба. Жали за пропуштената шанса за победа, но вели дека Порто добро ја анализирал играта на неговата екипа, посебно во нападот. „И честитам на екипата на Порто на добриот натпревар. Она што го кажавме пред мечот дека ќе биде тешко поради нивната игра „7 на 6“, тоа и се оствари. На крајот немавме среќа да се радуваме на победа, меѓутоа можеби и Порто заслужено освои бод. Добро ја анализирале нашата игра во нападот, голем…

Read More

Со победата остварена на патеката Нирбургринг, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја продолжува доминацијата оваа сезона во Формула 1 шампионатот. Луис Хамилтон стартуваше како втор, веднаш зад неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас, а откако Ботас не можеше да ја заврши трката, Хамилтон го презеде водството и не го испушти до самиот крај и стигна до својата 91 победа во кариерата. Место на подиумот имаше и за Макс Верстапен, кој со својот Ред Бул заврши на второто место, додека Даниел Рикардо во Рено беше трет и со тоа за првпат со овој тим се избори за место на подиумот. Денешниот…

Read More

Фудбалката федерација на Македонија на неколку часа пред одигрувањето на натпреварот со Естонија информираше дека добиле известување за тројца членови на нашата селекција дека се позитивни на ковид-19. Во продолжение целосната информација од ФФМ: Тројца членови од македонската А репрезентација, еден фудбалер, член на стручниот штаб и лице од техничката служба, денеска добија “претпоставени позитивни резултати” (означен назив на тестовите) на последното тестирање за присуство на вирусот Ковид-19, извршено по пристигнувањето на нашата репрезентација во Талин за натпреварот меѓу Естонија и Македонија од Лига на нации. Сите членови на македонската селекција, пред почетокот на подготовките за натпреварот со Косово, пред…

Read More

Играчот за врска на Интер, Ешли Јанг е уште еден играч кој бил позитивен на коронавирус, објави клубот. Резултатот од вчерашниот тест на Англичанецот покажале дека тој е носител на инфекцијата и затоа играчот е веќе во карантин. Ешли Јанг е шестиот играч на „нероазурите“ кој бил позитивен на тестот КОВИД-19. На почетокот на оваа недела, неговите соиграчи Алесандро Бастони, Милан Шкрињар, Роберто Гаљардини, Раџа Наинголан и Јонуц Раду беа ставени во карантин. Во сабо, Интер треба да го игра градско дерби против Милан, каде се заразени дефанзивците Лео Дуарте и Матео Габија. Според протоколот од Серија А, една екипа…

Read More

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ги одреди броевите на дресовите за сезоната 2020/21 во СЕХА Гаспром лигата и Лига Европа. Капитен во новата сезона е Градимир Чаневски. Еурофарм Пелистер 2020/21: 21. Градимир Чаневски (капитен) 16. Благојче Трајковски 4. Никола Марковски 59. Елимр Граџан 10. Томислав Кушан 23. Марин Вегар 7. Дејан Кукуловски 24. Милоран Кукоски 9. Стипе Мандалиниќ 11. Невен Стјепановиќ 30. Мартин Велковски 2. Матео Мареш 3. Гоце Ојлески 6. Бојан Маџовски 13. Мирко Радовиќ 66. Милан Ѓукиќ 19. Ненад Костески 14. Марио Танкоски 18. Јосип Периќ Стручен штаб: Жељко Бабиќ (тренер) Божидар Мојсов (асистент тренер) Ице Соколески (асистент тренер) Првиот официјален натпревар кој екипата на Еурофам Пелистер треба да…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн објави дека е подготвен да разговара за продолжување на договорот со управата на англискиот клуб. „Среќен сум во Манчестер Сити. Сега можам да кажам дека не влегов во преговори за нов договор со клубот. Не знам зошто луѓето велат дека веќе сме се договориле за нешто. Се чувствувам пријатно, затоа сум отворен за преговори за нов договор. Ќе видиме што ќе се случи. Во моментов ништо не се случило, па оставете сè да се одвива како и обично“- изјави Де Брујн за Скај Спортс. Актуелниот договор на Кевин Де Брујн со Манчестер Сити…

Read More