Author: riste

Кога ќе се кажеше дека на клупата на една екипа е Жозе Мурињо, синоним за таа екипа беше дека игра дефанзивен фудбал, Сепак од почетокот на сезоната екипата на Тотенхем го промени сето ова и игра можеби најофанзивно на стартот од Премиер лигата. Доказ за тоа се високите победи со постигнати пет, шест, па дури и седум голови, а дефинитивно еден од најзаслужните за оваа офанзивна игра е Хунг Минг Сон. Јужнокорејскиот офанзивец игра во животна форма и скоро на секој натпревар е стрелец на гол за својата екипа. Токму заради тоа Жозе Мурињо побарал од челниците на клубот да…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити и Англиската фудбалска репрезентација, Рахим Стерлинг ќе формира фонд за помош на загрозени млади луѓе, кој ќе вклучува универзитетски стипендии и пракса. „Време е да завршиме со „да се направи, да се направи“. Сега започнав темелно со работата. Планирам да им помогнам на младите луѓе кои се соочуваа со проблемите во кои некогаш бев и јас. Помогнете им на оние кои имаат потреба да одат на универзитет, да купуваат опрема за фудбал и други работи. Сакам да им подадам рака. Дали ќе го имам овој милион или ќего немам. Ме прави среќен што можам да помогнам.…

Read More

На натпреварот од шестото коло на холандскиот шампионат помеѓу Херенвен и Емен (4:0), на трибините беа поставени мечиња – играчки. На стадионот на домашната екипа беа поставени 15 000 мечиња за да го свртат вниманието на децата заболени од рак. Со убедлива победа, Херенвен се искачи на третото место на табелата во шампионатот Холандија со 13 бода. Емен со 3 е на 16-то место. Лидер на табелата е Ајакс со 15 освоени бодови. Најзвучен настан од 6. коло на холандскиот шампионат беше победата на Ајакс на мечот со Венло кој заврши со неверојатни 13:0. Средбата се одигра на стадионот Де…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Кун Агуеро се повреди на натпреварот од 6.коло на Премиер лигата против Вест Хем (1:1). Според информацијата која ја објави „Sky Sports“, 32-годишниот Аргентинец дефинитивно ќе го пропушти натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј, иако се уште не е познато колку е сериозна повредата. Агуеро неодамна се врати на тереното по операцијата на коленото и долгата рехабилитација. Оваа сезона напаѓачот учествуваше на само три натпревари од сите натпреварувања, постигнувајќи 1 гол.

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски постигнува гол на секои 37 минути оваа сезона во германската Бундеслига, објавија медиумите во Германија. Во пет кола од шампионатот, полскиот напаѓач постигна 10 гола (два од пенал) и даде три асистенции. Тој е неприкосновен лидер во трката за најдобар стрелец. Најблиску до него е напаѓачот на Хофенхајм, Андреј Крамариќ (6 гола). Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд (5) исто така е во првите три во овој поглед. Баерн освои 12 поени на пет натпревари и се искачи на второто место на табелата во Бундеслигата. Лидер е РБ Лајпциг со 13 освоени бодови. Следниот…

Read More

Манчестер Јунајтед нема остварено ниту една победа во првите три домашни натпревару од англиската Премиер лига и го повтори антирекордот од сезоната 1972/73, објави Опта Спорт. Фудбалерите на Оле Гунар Солсјкер загуби на домашен терен од Кристал Палас (1:3), загубија од Тотенхем (1:6) и ремизираа со Челзи (0:0). Следниот натпревар на домашен терен „црвените ѓаволи“ го играат против Арсенал на 1 ноември. Манчестер Јунајтед освои седум бода во пет кола од англискиот шампионат и се наоѓа на 15-то место на табелата. Лидер е Евертон (13) заедно со Ливерпул кој има ист број на бодови, но натпревар повеќе. Минатата сезона, Манчестер…

Read More

Реал Мадрид како актуелен шампион на „Ла Лига“ гостуваше кај својот најголем ривал Барселона и од „Камп Ноу“ се враќа со целиот плен откако ставеше со 1:3. Првото овосезонско „Ел Класико“ му припадна на Реал Мадрид со што сега имаат преднос од шест бода во однос на Барселона. Првото сезонско соочување на двата тима помина добро за „кралевите“, а најзаслужен за оваа победа беше Серхио Рамос кој по еден дуел и невнимание на Ленгле кој го повлече Рамос во својот шеснаесетник, го натера судијата Мунуера да се консултира и со ВАР-собата, па по прегледување на снимките да досуди пенал за Реал,…

Read More

Македонскиот репрезентативец и член на Наполи, Ељиф Елмас е негативен на вториот тест за коронавирус кој го направи екипата на Наполи, во карантинот во Неапол. Елиф Елмас поради позитивен тест на коронавирус , не беше дел од октомврискиот собир на нашата репрезентација, но по изолацијата која ја мина се утврди дека тестовите се негативни и дека македонскиот интернационалец го победил коронавирусот. Оваа информација денес ја споделија од Наполи, од каде истакнаа дека фудбалерот е повторно на тренинзите. Претходно имаше информација дека има негативни тестови на ковид-19 во Наполи, но медиумите погрешно ја пренеле веста, затоа што се работело за оние кои…

Read More

Доминацијата на Мерцедес и нивниот возач Луис Хамилтон продолжува и во квалификациите за 12-та трка од Ф1 шампионатот оваа сезона. Во денешните квалификации на патеката за ГН на Португалија,Луис Хамилтон имаше најдобро време 1.16.652 и ќе ја има пол позицијата на трката која се вози утре. За Луис Хамилтон ова беше 97-ма пол позиција во кариерата, а до него од првиот ред ќе стартува неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас. Зад двоецот на Мерцедес, повторно ќе биде нивниот најголем ривал Макс Верстапен од Ред Бул кој имаше трето време во денешните квалификации. Пред оваа трка во генералниот пласман води Хамилтон…

Read More
NBA

Новата сезона во Националната кошаркарска лига (НБА лига) веројатно ќе започне нешто пред Божиќ. Главната цел на управата на Лигата е следната сезона да ја започнат на 22 декември, да ги намали натпреварите на секоја екипа на 72 и да нема гледачи во салите како мерка против ширењето на КОВИД-19, пренесува ESPN. Овој план беше предложен за време на дискусијата помеѓу НБА и Управниот одбор, а понатаму ќе биде договорен со Здружението на играчи. Со сезона од 72 натпревари, намалена од вообичаените и традиционалните 82, ќе биде можно да се избегне преклопување на термините помеѓу НБА и Олимпијадата во Токио.…

Read More