Доминацијата на Мерцедес и нивниот возач Луис Хамилтон продолжува и во квалификациите за 12-та трка од Ф1 шампионатот оваа сезона.
Во денешните квалификации на патеката за ГН на Португалија,Луис Хамилтон имаше најдобро време 1.16.652 и ќе ја има пол позицијата на трката која се вози утре. За Луис Хамилтон ова беше 97-ма пол позиција во кариерата, а до него од првиот ред ќе стартува неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас.
Зад двоецот на Мерцедес, повторно ќе биде нивниот најголем ривал Макс Верстапен од Ред Бул кој имаше трето време во денешните квалификации.
Пред оваа трка во генералниот пласман води Хамилтон со 230 бодови, пред Ботас кој има 161, а Макс Верстапен 147 бодови.
Утрешната трка за ГН Португалија ќе го има својот старт од 14.10 часот.