Играчот за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ изјави дека не планира да се врати во Тотенхем по заминувањето од Реал Мадрид. „Премногу сум стар за да се вратам во Тотенхем. Во Реал ќе бидам уште оваа година, а потоа ќе видиме што ќе се случи. Се чувствувам добро и сакам да продолжам да играм фудбал уште неколку години. Каде? Ќе видиме. Да бидам искрен, јас навистина не размислував за тоа. Фокусиран сум на Реал Мадрид и на она што можеме да го постигнеме оваа сезона. Ова е мојата единствена цел. Тогаш ќе најдеме соодветно решение за секого“, изјави Лука…
Author: riste
Италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора повтори дека португалскиот напаѓач во редовите на Јувентус, Кристијано Роналдо го прекршил медицинскиот протокол. „Роналдо не го следеше медицинскиот протокол. Истрагата го докажува тоа“, изјави Спадафора за „Фудбал Италија“. Во неговата изјава нема детали што точно открила истрагата и на кој начин Роналдо го прекршил медицинскиот протокол. Да потсетиме, на 13 октомври беше објавено дека Роналдо се разболе од коронавирус. Следниот ден, 35-годишниот фудбалер реши да се врати во Торино и таму да го помине карантинот. Ова се должи на фактот дека во Италија правилата се разликуваат од Португалија и Кристијано требаше да биде…
Во натпреварот од 6. коло на англиската Премиер лига, Арсенал загуби од Лестер Сити со резултат 0:1. Единствениот гол беше постигнат на крајот од натпреварот, во 80-та минута кога Џејми Варди кој влезе од клупата за резервни играчи успеа да го совлада Бернд Лено. Напаѓачот од Габон, Пјер-Емерик Обемејанг го заврши овој натпревар без постигнат гол. Така, тој нема постигнато гол на пет натпревари по ред во шапмпионатот на Англија. Ова му се случи на Обамејанг за прв пат во ноември 2014 година, кога играше за Борусија Дортмунд. Обамејанг се пресели во Арсенал од Борусија во 2018 година за 64…
Дефанзивецот и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да го напушти клубот, пренесува „Диарио АС“. Според изворот, Реал може да му понуди на Рамос нов договор за период од една година. Самиот шпански дефанзивец сака да добие двегодишен договор. Преговорите за новиот договор се очекува да се интензивираат во јануари. Доколку двете страни не се договорат, можно е Рамос да го напушти Реал Мадрид. Рамос ги брани боите на Кралскиот клуб од 2005 година, а пред тоа играше за Севиља, од чија школаи потекнува. Со Реал Мадрид, играчот досега има освоено 22 трофеи, од кои четири Лига на шампиони…
По вчерашниот тест на ковид-19, сите ракометари, членови на стручниот, административен и медицински тим на Еурофарм Пелистер е негативен на коронавирус. Вечерва беше одржан и последниот трененг, а тренерот Жељко Бабиќ ќе треба да одлучи кои 16 ракометари ќе патуваат за Данска. Битолчани утре напладне со лет за Малме, па автобуски превоз до Гудме ќе пристигнат во Данска. Во вторник наутро предвиден е лесен тренинг и прв контакт со салата каде ќе се одигра натпреварот. Овој дуел е премиера за пелистерци, а ГОГ Гудме веќе го одигра првиот натпревар во групата, откако во вторникот загуби во Швајцарија од Кадетен…
Играчот од средниот ред на Барселона и бразилската репрезентација Филипе Кутињо се повреди, се наведува на официјалната веб-страница на каталонскиот клуб. Бразилскиот фудбалер беше подложен на лекарски преглед, при што на играчот му беше дијагностицирана повреда на бицепсниот мускул на левата нога. Времето за закрепнување на Кутињо не е објавено. Да потсетиме дека Филипе Кутињо учествуваше во натпреварот од 7-то коло на Шпанската примера со Реал Мадрид (1:3) и помина 90 минути на теренот. Оваа сезона, играчот за врска постигна еден гол и 2 асистенции на пет натпревари во Шпанското првенство. Барселона има освоени 7 бода од почетокот на сезоната…
Помалку заборавениот Еден Азар изненадувачки се опорави од повредата и беше вклучен во групата на Реал Мадрид за гостувањето кај Борусија (Менхенгладбах) во Лигата на шампионите кое е на програмата во вторник. Напаѓачот лекуваше повреда на десниот скочен зглоб и го немаше повеќе од три недели. Во овој период, тој дури и престана да оди во клубот. Пред извесно време, весникот „Марка“ дури предвидуваше дека Азар ќе биде аут до средината на ноември. Од списокот на Зинедин Зидан отпаднаа повредените Начо Фернандез, Алваро Одриосзла, Даниел Карвахал, Мартин Одегард и Маријано Дијаз. Реал започна во групите во Лигата на шампионите со…
Луис Хамилтон очекувано дојде до победа на трката за ГН на Португалија и со тоа направи уште еден чекор кон новата шампионската титула во Формула 1 шампионатот. Ова беше негова 92-ра победа во кериерата и со тоа успеа да избие на врвот во историјата на овој спорт со најмногу победи во кариерата. Зад себе го остави легендарниот Михаел Шумахер кој имаше 91 победа во кариерата, а се што ќе следи ќе биде историја за Хамилтон. Хамилтон тргна прв на денешната трка, заедно со својот клупски колега, Валтери Ботас, доминираше во текот на целата трка и дојде до победа пред Ботас…
Денес, 25 октомври, напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо беше тестиран за инфекција со коронавирус. Резултатот од тестот на португалскиот фудбалер повторно беше позитивен, објави „Тутоспорт“. Според изворот, на Роналдо му оди добро и продолжува да тренира самостојно. Да потсетиме, на 13 октомври стана познато дека Роналдо се разболе од коронавирус. Следниот ден, 35-годишниот фудбалер реши да се врати во Торино и таму да го помине карантинот. Ова се должи на фактот дека во Италија правилата се разликуваат од Португалија и Кристијано ќе треба да биде во изолација 10 дена, наместо 14.
Тренерот на Јувентус Торино, Андреа Пирло, во пресрет на мечот од 5. коло на италијанската Серија А со Верона, зборуваше за состојбата на играчите. „Имавме време да се опоравиме. Киелини е надвор од тренинг неколку дена, останатите се подготвени за игра. Што се однесува до Роналдо, немам новости. Тој беше тестиран. Кога ќе има новости, ќе ве известиме “, изјави Пирло за „Тутомеркатовеб“. Претходно стана познато дека 35-годишниот напаѓач бил заразен со коронавирус. Објавено е дека Роналдо ја надминува болеста без симптоми и добро се чувствува. Оваа сезона, 35-годишниот Кристијано Роналдо учествуваше на два натпревари од италијанскиот шампионат (два во…
