Author: riste

Олимпик Лион сака да ги промени условите на договорот за да го пресели напаѓачот на Мемфис Депај во Барселона во текот на зимскиот преоден рок. Според одредени медиуми во Франција, францускиот клуб е подготвен бесплатно да го ослободи Холанѓанецот доколку Барселона го вклучи напаѓачот Антоан Гризман во зделката. Барселона е подготвена да се раздели со играчот, но не е познато какво е размислувањето на самио играч за потенцијалниот трансфер. Гризман се пресели во Барселона минатото лето од Атлетико за 120 милиони евра. Оваа сезона, 29-годишниот играч учествуваше на 5 натпревари од шпанскиот шампионат, во кои не забележа некој посебен ефект.…

Read More

Ден пред пресметката со Бриж во Лигата на шампони, дури 8 играчи на Лацио не се појавиле на денешниот последен тренинг пред заминувањето на екипата на пат кон Белгија. Медиумите во Италија се сомневаат дека станува збор за случај или случаи на коронавирус. Станува збор за играчите Чиро Имобиле, Луис Алберто, Андреас Переира, Лукас Леива, Мануел Лазари, Данило Каталди, Луис Фелипе и голманот Томас Стракоша. Во попладневните часови екипата треба да полета од Рим кон Белгија. За 18.45 е закажана официјалната прес-конференција, аод 19 часот треба да гоодржат единствениот тренинг на стадионот „Јан Бејдел“ во Бриж. Досега клубот не објави…

Read More

Денес во просториите на ФФМ беа извлечени четвртфиналните парови во Купот на Македонија. Сите осум екипи кои се дел од четвртфиналето се од ПМФЛ,односно прволигаши. Дербито ќе го одиграат екипите на Силекс и Шкендија, дуел кој би требало да биде најнеизвесен во оваа фаза на Купот на Македонија. Четвртфинални парови во Купот на Македонија: Акадамемија Пандев – Шкупи Струга Трим Љум – Ренова Беласица – Македонија ЃП Силекс – Шкендија Натпреварите од четвртфиналната фаза ќе се одиграат на 25 ноември и ќе се игра само еден натпревар.

Read More

Кристијано Роналдо и понатаму се надева дека ќе може да настапи против Барселона во Лигата на шампионите. Меѓутоа за да се случи тоа ќе мора да има негативен тест на коронавирус во текот на денешниот ден. Денес ѕвездата на Јувентус ќе дознае дали ќе добие дозвола или не за настап на оваа средба. Ќе направи тест и ако тој има негативен резултат, Португалецот ќе се појави на теренот каде ќе може да игра против големиот ривал Лионел Меси. Поради вирусот, Роналдо пропушти три натпревари. Тој не беше дел од дуелите со Кротоне и Верона во Серија А, но и оној…

Read More

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го прифати барањето на ППД Загреб и донесе одлука натпреварот кој требаше да се игра во Франција, во четврток на 29 октомври да биде одложен. Овој натпревар нема да се игра откако екипата од Хрватска пријави позитивните случаи на коронавирус во нивните редови. Од тимот побараа терминот за одигрување на мечот да биде променет и добија позитивен одговор од Европската ракометна федерација. Тимот на Нант, во чии редови настапува Кирил Лазаров им соопшти на фановите дека сите купени влезници ќе важат и за денот кога ќе биде презакажан овој натпревар. Нант сега ќе се насочи кон…

Read More

Екипата на Еурофарм Пелистер е последниот наш преставник во ракометните евро купови која треба да ги започне своите настапи на меѓународна сцена. Вардар во Лигата на шампионите и Металург во Европската лига веќе ги имаа првите свои настапи, а Еурофарм Пелистер по долга пауза се враќа на теренот за да одигра официјален натпревар. Избраниците на тренерот Бабиќ долго се без официјален меч, по дури 258 дена вечерва ќе излезат на терен и ќе играат официјален меч, а оваа голема пауза ја искористија за добра подготовка,но и за анализа на противникот. Атмосферата во Еурофарм Пелистер е одлична, конкуренцијата никогаш посилна, па…

Read More

Екипите кои се дел од фудбалската Лига на шампиони немаат многу време за одмор во набиениот календар. Денес е време да се одигра првиот дел од натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите. На терените во Европа повторно ќе се играат интересни натпревари каде ќе се борат екипите за нови бодови во елитното натпреварување. Иако нема судир меѓу некои од големите европски гиганти, секако можеме да очекуваме доста интересни и неизвесни средби. Шампионот Баерн (Минхен) во првото коло славеше со 4:0 над Атлетико Мадрид во првото коло во групата „А“. Сега Баварците гостуваат кај Локомотив (Москва) во обид да…

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солсјкер, сепак сака да го има напаѓачот Ерлинг Халанд во својот тим, објавија медиумите во Англија. Напаѓачот на Борусија Дортмунд останува главна цел на норвешкиот тренер. Тие одржуваат добри односи откако работеа заедно во Молде, и покрај неуспешните преговори на Јунајтед со агентот на играчот Мино Рајола минатата зима. Потоа беше повторно на мета на Манчестер Ј. откако во последната сезона од Бундеслигата, Халанд одигра 15 натпревари и постигна 13 погодоци. Ерлинг оваа сезона веќе има 5 гола на 5 натпревари од германскиот шампионат.

Read More

Шкодран Мустафи одби да потпише нов договор со Арсенал и го извести клубот дека сака да си замине по крајот на сезоната, кога истекува неговиот сегашен договор. Лацио и Наполи се заинтересирани за 28-годишниот Германец, кој во јануари ќе има право да потпише преддоговор со друг клуб и да замине како слободен агент следното лето. Од друга страна, Арсенал мора да одлучи дали ќе се обиде да го продаде Мустафа уште во јануари, за да може сепак да добие нешто за него. Германецот одигра значајна улога во изборот на Артета откако Шпанецот стана менаџер на тимот. Сепак, на крајот на…

Read More

Предводникот на Реал Мадрид Зинедин Зидан пред натпреварот од 2.коло од групната фаза во Лигата на шампионите со Борусија Менхенгладбах даде интересна изјава. „Нашата игра на Ел Класико е токму она што треба да го покажеме вечерва. Одигравме одлично, се боревме како тим и што е најважно, ќе се обидеме да го сториме истото вечерва. Треба да го повториме она што го покажавме викендов. Ја знаеме ситуацијата пред нашиот втор натпревар во Лигата на шампионите. Мораме да останеме фокусирани 90 минути, да се бориме до крај. Ќе биде тежок натпревар. Треба да се фокусираме на она што го правиме на…

Read More