Author: riste

Светскиот совет за моторспорт на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) ги објави промените во спортската регулатива на Формула 1 за претстојниот викенд за Големата награда на Емилија-Ромања. Сите промени се поврзани со дводневниот формат, кој ќе се користи на „Имола“, каде што ќе има само 90-минутен слободен тренинг кој ќе се одржи во сабота наутро, пред квалификациите за натпреварувањето. Една од промените е поврзана со времето помеѓу тренингот и квалификации, кое за време на нормалните викенди е два часа, додека кај Имола ќе се зголеми за 30 минути. Најзначајната промена за третиот тркачки викенд во Италија годинава ќе биде помалиот број…

Read More

Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, ангажираше телохранител поради смртни закани против него за стартот над Вирџил ван Дајк од Ливерпул. По неговиот старт , дефанзивецот на Ливерпул заработи скинати лигаменти на коленоти и ќе паузира од терените до крајот на сезоната, пренесува „Дејли Меил“. Лутите навивачи на Ливерпул го преплавија Пикфорд со закани на Интернет, а Пикфорд реши да ангажира телохранители за да го заштитат него и неговото семејство.

Read More

Рекордните 23 трки беа вклучени во првиот прелиминарен календар за сезоната 2021 година во Формула 1, кој беше претставен пред тимовите во текот на денот. Откако беа откажани 13 од закажаните 22 трки за оваа година поради глобалната пандемија на коронавирусот, сопствениците на Формула 1, Либерти Медиа, соопштија дека очекуваат да имаат редовен календар за следната година. Во првиот план ги има сите оригинални 22 трки плус улична трка во Џеда, Саудиска Арабија. Другите измени вклучуваат преместување на Гран при на Холандија за есенскиот период од шампионатот, кое ќе формира серија од три последователни тркачки викенди заедно со трките во…

Read More

Раководството на Манчестер Јунајтед веќе одлучи следното лето да ја активира ослободителната клаузула во договорот на централниот дефанзивец на РБ Лајпциг, Дајо Упамекано. Висината на клаузулата не е голема за клубовите од Премиер лигата, тврдејќи дека таа е 38 милиони фунти. Според весникот „Тајмс“, клаузулата во оваа форма ќе биде активна по завршувањето на оваа сезона. Тогаш неговата вредност ќе се намали за 7 милиони фунти во споредба со претходната цена. Интересот на Солскјер за Упамекано беше јавно објавен минатото лето. Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити се исто така заинтересирани за 24-годишниот Французин, кој има договор со РБ Лајпциг до…

Read More

Претседателот на Барселона Хосеп Марија Бартомеу синоќа поднесе оставка пред гласањето за недоверба што треба да се одржи следниот месец, откако околу 20 000 навивачи потпишаа петиција со која бараа негова оставка. Оставка поднесе и останатиот дел од бордот на директори. 57-годишниот Бартомеу се соочи со зголемено незадоволство во текот на изминатата година како резултат на влошената финансиска состојба на клубот и слабите резултати на екипата, што кулминираше со пораз од 2:8 од Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите во август. Бартомеу е сериозно критикуван откако првата sвезда Лионел Меси побара трансфер во текот на летото, а приврзаниците…

Read More

Реал Мадрид беше пред вториот последователен пораз во Лигата на шампионите, но стигна до бодот на гостувањето кај Борусија (Менхенгладбах) со головите на Карим Бензема и Каземиро во самиот финишод натпреварот. По натпреварот, тренерот на кралскиот клуб Зинедин Зидан изјави дека неговиот тим дури заслужил победа. „Резултатот зборува за карактерот на тимот. Ние го заслуживме ремито, па дури и повеќе од тоа. Бодот е многу важен за нас. Секако, ситуацијата во групата е тешка, но минатата година бевме во иста ситуација. Играчите не се предадоа до крајот и тие покажаа добар фудбал, сигурен сум дека ќе ги оставиме проблемите зад…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер загуби на деби натпреварот од новото натпреварување на ЕХФ, Европската лига. Македонскиот претставник загуби од данскиот вицешампион ГОГ Гудме со 30:-29 (14:14). Во еден израмнет натпревар во кој екипите се менуваа во водство во поголемиот дел од натпреварот, на крајот поснаодливи беа домашните ракометари и славеа со 30:29. Се играше доста тврдо во првото полувреме,па затоа на одмор се замина со нерешени 14:14. Вториот дел започна со седмерец за ГОГ Гудме, па исклучување на Маџовски и Данците се одлепија на 18:16. Ракометарите не Еурофарм Пелистер покажаа карактер и со серија 3:0 се вратија во водство во…

Read More

Кандидатот за претседател на МОК, Даниел Димевски гостува во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ. За утрешното собрание на МОК каде ќе се бира нов претседател, за неговата програма и идните планови за развојот на спортот во Македонија низ разговорот кој ќе може да го слушате на фрекфенцијата на Спортско радио 90,3 ФМ, денес од 17.30 часот…… Слушајте ЕКСКЛУЗИВНО на Спортско радио 90,3 ФМ

Read More

Футсал шампионот на Македонија, Шкупи денес го доби противникот за првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите во Футсал. Ждрепката беше одложувана двапати, но денес тимот од Чаир го доби шампионот на Ирска за противник. Шкупи во првото квалификациско коло ќе игра против Блу Меџик Даблин, а победникот од овој натпревар ќе се пласира меѓу 32-те најдобри футсал екипи во Европа. Според правилата, Шкупи треба да биде домаќин, а натпреварот ќе се одигра во периодот од 24 до 29 ноември. Терминот и местото на одигрување на средбата треба да биде утврден дополнително.

Read More

Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши да го одложи натпреварот од 6. коло во Лигата на шампионите меѓу францускиот шампион ПСЖ и актуелнио шампионот на Европа, Вардар. „Црвено-црните“ требаше да патуваат во француската престолнина утринава  во 11:00 часот, но чартер летот беше откажан поради доцните резултати од тестирањата на Ковид-19 и двата позитивни случаи во стручниот штаб на екипата. Вардар досега имаше одложени две средби, една поради коронавирус во редовите на противникот (ПИК Сегед) и една поради ковид протоколи (Елверум). Вардар досега има одиграно тринатпревари во ЛШ, загуби од Мешков Брест, го победија Фленсбург и одиграа нерешено со Порто. ПСЖ имаше…

Read More