Author: riste

По долгите преговори и одложувања, конечно беа донесени протоколи за спортот непречено да се одвива, со константни тестирања на играчите и почитување на одредени пропозиции при организирањето на натпреварите. На отварањето на сезоната кое ќе биде утре, први од центарот ќе тргнат Вардар и Црн Дрим во салата на „КК Вардар“ од 17:00 часот. Кожув и Пелистер ќе играат од 17.30 часот во салата „26 април“ во Гевгелија. Од 18.00 часот ќе се одиграат два дуели во Скопје, каде Академија ФМП ќе го пречека Гостивар, а дебитантот ТФТ за противник ќе го има Куманово. Внимението на спортската јавност со сигурност ќе биде…

Read More

Ирскиот тим Дандалк загуби од лондонски Арсенал (3:0) во натпреварот од второто коло од групната фаза од Лигата на Европа. Арсенал дојде до водство во финишот од првото полувреме кога со головите на Нкетија и Вилок поведоа со 2:0, а на стартот на вториот дел со голот на Пепе зголемија на 3:0 што беше и конечен резултат на оваа средба. Интересен податок за оваа средба е тоа што Дандалк стана првиот клуб во историјата на Лига Европа што не направил прекршок за време на еден натпревар. Во исто време, фудбалерите на Арсенал направија 20 прекршока, а главниот судија на средбата,…

Read More

Светскиот рекорд на Џошуа Чептегеи на 5.000 метри е ратификуван. 24-годишниот атлетичар од Уганда победи на трката во Дијамантската лига во Монако одржана на 14 август со време 12:35,36 минути. Претходниот светски рекорд беше 12:37,35 минути и припаѓаше на етиопската легенда Кенениса Бекеле. Неговиот резултат од Хенгело се задржа на светскиот врв цели 16 години. „Ако верувате во нешто, сè е можно. Подобрувањето на светскиот рекорд беше навистина тешко, но кога ќе го знаете вистинскиот начин, не е тешко. Следниот предизвик е да остварам уште еден или два светски рекорди. Јас ќе бидам најсреќната личност на светот” изјави Чептегеи.

Read More

Бразилецот Нејмар заработи повреда и предвреме го напушти теренот на мечот против Истанбул Башакшехир, а оваа повреда на препоните ќе го оддалечи од терените во наредниот период. Фудбалерот на ПСЖ синоќа помина дополнителни прегледите и потоа беше објавено дека ќе мора да паузира до репрезентативната пауза која е планирана за средината од ноември. Тоа значи дека Немар ќе пропушти само три натпревари. Тој нема да биде дел од тимот на ПСЖ за средбите со Нанти Рен во првенството на Франција, како и на мечот со РБ Лајпциг во ЛШ. Аналитичарите пресметале дека откако пристигна во Париз пред три години, Нејмар досега…

Read More

Давид Де Геа е најплатениот голман во англиската Премиер лига, според информациите кои ги објави веб страницата „The Spotrac“. Шпанскиот репрезентативец заработува  413.412 евра неделно откако пред една година потпиша нов договор со „црвените ѓаволи“. Ова е скоро 250 илјади евра повеќе од вториот во рангирањето Кепа Аризабалага од Челзи, кој добива 165 365 евра неделно. Трет е Каспер Шмајхел од Лестер со 143.316 евра неделно. Следни на списокот се Џордан Пикфорд од Евертон (110.419 евра), Бернд Лено од Арсенал (110.243 евра), Дин Хендерсон од Манчестер Јунајтед (110.243 евра), Уго Лорис од Тотенхем (110.243 евра) и Руи Патрисио од Вулверхемптон (110.243…

Read More

Белгискиот шампион Клуб Бриж на социјалната мрежа „Твитер“ објави информација дека кај сите играчи кои биле тестирани на коронавирус се негативни. Голманот Симон Мињоле, дефанзивецот Одилон Косуну и напаѓачот Михаел Крменчик беа заразени и не беа во составот на екипата. Од оваа причина, играчите не беа дел од тимот во натпреварите од Лигата на шампионите против Зенит (2:1) и Лацио (1:1). Се очекува тројцата фудбалери да бида во комбинација за настап на следниот натпревар кој Клуб Бриж го игра во шампионатот на Белгија, утре (сабота) против Мехелен од 20.45 часот.

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд постигна хет-трик во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Лајпциг (5:0), објави Опта Спорт. Напаѓачот влезе како замена во 63-та минута. Ова е најбрзиот хет-трик како играч кој бил на клупата за резервни играчи. До тоа време Манчестер Јунајтед водеше  со 1:0. Во 74-та минута англискиот клуб го зголеми водството благодарение на голот на Маркус Рашфорд. Неколку минути подоцна, во 78-та минута, Рашфорд го донесе својот тим во водство од 3:0, а во судиското продолжение, односно 92-та минута Рашфорд го постави конечниот резултат, а воедно постигна хет-трик. На напаѓачот му беа…

Read More

Англиските екипи се претставија многу добро на своите натпревари во Лигата на шампионите оваа недела. Сите четири екипи остварија победи, секој од нив имаше „сува“ мрежа. Така, вкупната гол-разлика од нивните натпревари од Лигата на шампионите одиграни во второто коло изминатите два дена е 14:0 во нивна корист. Во вторникот, Ливерпул го победи Мидтјиланд со 2:0 на „Енфилд“. Во исто време, Манчестер Сити го доби мечот на гостувањето во Марсеј со 3:0. Во средата, Челзи оствари убедлива победа од 4:0 на гостувањето кај Краснодар, а нешто подоцна Манчестер Јунајтед го совлада РБ Лајпциг со убедливи 5:0 на „Олд Трафорд“. Денес ќе…

Read More

Повредата на Фабињо не е толку сериозна како што првично се сметаше. Според „Мирор“, Бразилецот, кој доби тешката задача да ја пополни позицијата на теренот која ја имаше повредениот Вирџил ван Дајк. Фабињо може да се врати по паузата за репрезентативните настапи. Фабињо се здоби со повреда за време на мечот со Мидтјиланд во вторникот и го остави Јирген Клоп со само еден централен дефанзивец од првиот тим и неколку млади момчиња без многу искуство кои мораат да ја пополнат празнината. Стравувањата беа дека Фабињо може да има повреда на тетивата од 3-ти степен што ќе го оневозможи играчот да…

Read More

Египетскиот бизнисмен Мохамед Ел Кашаши постигна договор со претседателот на Барнли, Мајк Гарлик, за купување на англискиот клуб. Според медиумите на Островот, зделката ќе вреди 200 милиони фунти. Партнер на египќанецот во овој потфат е спортскиот адвокат Крис Фарнел. Пред извесно време, Фарнел се обиде да го купи Чарлтон, но поради неправилности во зделката му беше забрането од англиската фудбалска лига да поседува фудбалски клуб. Фарнел потоа се жалел на санкцијата, обвинувајќи дека се работи за административна грешка и забраната му била укината. Ел Кашаши и Фарнел веќе ги обезбедиле средствата за зделката и веруваат дека ќе го поминат тестот…

Read More