Светскиот рекорд на Џошуа Чептегеи на 5.000 метри е ратификуван. 24-годишниот атлетичар од Уганда победи на трката во Дијамантската лига во Монако одржана на 14 август со време 12:35,36 минути.
Претходниот светски рекорд беше 12:37,35 минути и припаѓаше на етиопската легенда Кенениса Бекеле. Неговиот резултат од Хенгело се задржа на светскиот врв цели 16 години.
„Ако верувате во нешто, сè е можно. Подобрувањето на светскиот рекорд беше навистина тешко, но кога ќе го знаете вистинскиот начин, не е тешко. Следниот предизвик е да остварам уште еден или два светски рекорди. Јас ќе бидам најсреќната личност на светот” изјави Чептегеи.

