Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини зборуваше за проблемите со повредените играчи пред натпреварот од Лигата на шампионите со Ливерпул. „Ханс Хатебоер и Кристијан Ромеро беа заменет поради повреди на мускулите денес, додека Робин Госенс и Мартин де Рун исто така се очекува да ја пропуштат средбата во Лигата на шампионите против Ливерпул. Исто така, ќе мора да почекаме до утре за да видиме што се случи со Рафаел Толои, кој имаше силен удар во коленото, па да видиме дали ќе може да сметаме на него или не“, изјави Гасперини за „Скај Спорт Италија“. Натпреварот од третото коло во групната…
Author: riste
Алавес беше домаќин на Барселона во рамките на 8.коло на Шпанскиот шампионат. Средбата заврши со нерешени 1:1, а домашната екипа дојде до водство во 31-та минута со голот на Риоха, а Барселона успеа да го израмни резултатот преку Гризман во 63-та минута. И покрај тоа што Барселона играше со фудбалер повеќе, не успеа до крајот да дојде до победа. По одиграни 6 кола во Примера оваа сезона, Барселона има освоено осум поени и се наоѓа на 12-то место. Според овој податок , Барселона всушност го има својот најлош старт на сезоната во Примера во последните 18 години. Оваа екипа имаше…
Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер го израмни рекордот на легендарниот голман Оливер Кан според бројот на победи со клубот. Милер дојде до 260-та победа со Баерн Минхен. Вчера, Баерн Минхен го доби натпреварот од 6-то коло во Бундеслигата против Келн. За 260 победи, на Томас Милер му беа потребни 357 натпревари. Што се однесува до Кан, тој го држи рекордот за победи во Бундеслигата со настап во повеке екипи. Голманот победи на 310 натпревари. Рекордер во Бундеслигата за победи со еден клуб е Манфред Калц , кој има победено во 581 натпревар со Хамбургер.
Интернационалецот од Централна Африканска Република, Џефри Кондогбија ќе се пресели од Валенсија во Атлетико Мадрид, објави на италијанскиот новинар Фабрицио Романо на „Твитер“. Трансферот на 27-годишниот играч ќе го чини Атлетико Мадрид 11 милиони евра Покрај тоа, Валенсија ќе добие бонуси за овој трансфер и 10% од следниот трансфер на играчот. Зделката ќе биде објавена наскоро. Кондогбиа ќе го замени Томас Парти, кој се пресели во лондонски Арсенал. Атлетико ќе може да потпише со играчот според правилото за трансфер со користење џокер, надвор од преодниот рок. Трансферот е дозволен ако играчот игра во исто првенство.Кондогбија се приклучи на Валенсија од…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар постигна гол против Хуеска во мечот од осмото коло на Шпанското првенство. Ова е прв гол на Белгиецот во 2020 година. Напаѓачот успеа да погоди за прв пат по 392 дена. Еден Азар последен пат постигна гол против Гранада (4:2) на 5 октомври 2019 година. Азар годинава не пнемаше постигнато гол ниту за Реал Мадрид, ниту за Белгија. Реал Мадрид го доби овој натпревар со 4:1,благодарение на головите на Азар, Валверде и двапати Бензема. Ова е прв настап на Азар на на теренот во Шпанското првенство оваа сезона. Во сезоната 2019/2020, тој одигра 22…
Возачот на Мерцедес Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за утрешната трка за ГН на Емилија Ромања, откако со одличен финиш дојде до најдобро време на квалификациите во Имола. Луис Хамилтон имаше најдобро време во последните моменти од квалификациите, но Ботас по истекот на времето запиша време подобро за една десетинка и дојде до пол-позиција, со што најави интересна трка утре на патеката Имола. Зад нив, стандардно се пласираше Макс Верстапен од Ред Бул, кој беше далеку пред останатите возачи. Пјер Гасли заврши четврти, а понатаму следуваа Рикиардо, Албон, Леклер, Квијат, Норис и Саинц. Трката за ГН на Емилија Ромања на…
Лацио и понатаму има големи проблеми со играчи кои се заразени со коронавирусот. Од клубот потврдиле дека имаат неколку позитивни тестови меѓу фудбалери кои биле направени вчера. Сепак, имињата сè уште не се откриваат. Уште во вторникот стана јасно дека голем број играчи или се носители на вирусот или се во контакт, па затоа вкупно 12 играчи не отпатуваа во Белгија на мечот со Бриж (1:1) во Лигата на шампионите. Вчера, имаше информации дека има петмина со КОВИД-19. Денес ќе бидат земени нови примероци од сите во тимот и во зависност од резултатите ќе се одлучи кој ќе влезат во…
Напаѓачот на ПСЖ и Франција , Килијан Мбапе се искачи на првото место во рангирањето на Форбс за најскапите фудбалери на возраст до 21 година. Форбс ја процени неговата вредност на 183,3 милиони евра, земајќи ги предвид податоците од Трансфермаркет. На второто место е напаѓачот на Атлетико, Жоао Феликсш , кој се проценува на 104 милиони, а трет е играчот за врска на Челзи, Каи Хаверц (98 милиони евра). Понатаму на оваа ранг листа на најскапи фудбалери под 21 година според списанието Форбс следуваат: Алфонсо Дејвис (Баерн) – 88,3 милиони евра Матијас де Лихт (Јувентус) – 86,8 милиони евра Џејдон…
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе има уште едно дополнително тестирање во пресрет на натпреварот на Италијанската Серија А со Специја кој е на програмата во недела (1 ноември), објавија медиумите во Италија. Според изворот, ако резултатот од новиот тест се покаже негативен, Роналдо ќе може да се приклучи на тимот и да учествува во натпреварот. Претходно стана познато дека тестот на Роналдо за КОВИД-19 даде негативен резултат и играчот го напушти режимот на самоизолација. Роналдо за прв пат се покажапозитивен на коронавирус на 3 октомври. Следниот ден, 35-годишниот фудбалер реши да се врати во Торино и таму да го…
Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски не замина со тимот за денешното гостување во Келн во рамките на шестото коло од Бундеслигата, пренесува „Билд“. Баерн не ја соопшти причината за отсуството на нивниот голгетер, но тешко дека станува збор за повреда, бидејќи Левандовски тренираше со останатиот делод тимот на вчерашниот тренинг, пишуваат германските медиуми. Најверојатно, тренерот на Баварците Ханзи Флик се одлучил да му даде пауза на Левандовски, кој игра полни 90 минути на скоро секој натпревар на тимот. Левандовски последен пат пропушти натпревар во јуни кога Баерн ја победи Борусија Менхенгладбах со 2:1. Од почетокот на сезоната, Левандовски постигна…
