Author: riste

Консултантот за моторспорт на Ред Бул, Хелмут Марко изрази мислење дека и покрај уште едно неуспешно Гранд При, возачот Александар Албон сепак може да смета на место во австрискиот тим за следната сезона. За да го стори ова, тој треба да се докаже на преостанатите трки од сезоната. „Дури и по Имола, нема да донесеме одлука за Албон, туку ќе му дадеме уште време. Алекс има време до последната трка во Абу Даби да се докаже, а потоа ќе донесеме внатрешна одлука за тоа дали може да остане или ќе бараме некој друг возач. Постојат многу пилоти на пазарот, затоа…

Read More

Претседателот на Баерн, Херберт Хајнер изјави дека клубот ја повлекол понудата до Давид Алаба за продолжување на неговиот договор. „Ние му понудивме навистина добра, фер, конкурентна понуда, особено во овој момент. На агентот на Давид Алаба за време на нашата последна средба му рековме дека сакаме јасен одговор до крајот на октомври. После тоа, нашиот спортски директор контактираше со агентот на играчот, а тој одговори дека понудата сепак е незадоволителна и дека треба да размислиме повеќе. По ова решивме целосно да ја повлечеме понудата и тоа значи дека нема повеќе понуди“, изјаву Хајнер. Давид Алаба игра за Баерн Минхен од…

Read More

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, нема да настапи на натпреварот од 3.коло во групната фаза од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, објави „Кориере дело Спорт“. Според изворот, 27-годишниот фудбалер немал време да се опорави од истегнување на мускулот на левиот бут. Ромелу Лукаку во моментов тренира индивидуално. Од таборот на „нероазурите“ сега се надеваат дека Белгиецот ќе се врати во комбинација за викенд средбата со Аталанта во италијанскиот шампионат. Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Интер ќе се одигра утре на 3 ноември на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид со почеток од 21 часот.

Read More

Еден од водечките играчи на Лацио, играчот за врска Луис Алберто изјави дека се заразил со коронавирусот. Како што пренесува „Gazzetta dello Sport“, фудбалерот самиот изјавил дека е позитивен на тестот. Претходно, Лацио изгуби цела група играчи поради инфекција, меѓу нив беа и напаѓачот Чиро Имобиле и Алберто. Тие го пропуштија натпреварот од Лигата на шампионите со Клуб Бриж (1:1). Подоцна стана познато дека на неколку играчи од оваа група по грешка им беше дијагностицирана инфекцијата. Очигледно, немало грешка во случајот со Алберто. На 4 ноември Лацио гостува кај Зенит во натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите. Голема…

Read More

Екипата на Јувентус забележа победа на гостувањето кај Специја во рамките на 6-то коло на Серија А. Актуелниот шампион на Италија славеше со 4:1 и се врати на победите откако претходното коло играше нерешено со Верона во Торино,а загуби дома од Барселона во Лигата на шампионите. Мората беше стрелец на првиот гол во 14.минута, а Специа израмни во 32.минута преку Побега. Во 56.минута во игра влезе Кристијано Роналдо кој поради позитивниот Ковид-19 тест пропушти неколку средби, а му беа потребни само 3 минути да постигне гол за водство од 2:1.  Во 67.минута Рабио зголеми на 3:1, а со вториот гол…

Read More

Со победата на Луис Хамилтон на трката за ГН на Емилија Ромања на патеката „Имола“ и освоеното второ место на Валтери Ботас, Мерцедес стигна до рекордната седма титула во серија во Ф1 шампионатот. Со денешната победа Хамилтон исто така се доближи до освојувањето на својата седма титула, со што ќе го израмни апсолутниот рекорд на Михаел Шумахер. На самиот старт Макс Верстапен успеа да го претекна Британецот и застана зад лидерот Валтери Ботас. Но, тоа траеше до првото влегување во боксот, кога возачот на Ред Бул ја загуби позицијата и заврши зад двата пилоти на Мерцедес, но немаше среќаи не ја…

Read More

Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, сам ќе одлучи дали треба да оди на мечот од италијанскиот шампионат против Специја, пренесува „Тутоспорт“. Според изворот, Роналдо, кој се опоравил од коронавирусот, ќе ја процени својата подготвеност да влезе во составот на својата екипа и таа одлука ќему ја соопшти на тренерот Андреа Пирло. Јувентус очекува напаѓачот да се врати што е можно побрзо, но тие не сакаат да го ризикуваат неговото здравје. Роналдо исто така може да влезе како замена или да го пропушти натпреварот против Специја за подобро да се подготви за средбата со Ференцварош во групната фаза од Лигата…

Read More

Раководството на италијанскиот тим Наполи има намера да го продолжи договорот со тренерот Џенаро Гатузо до 2023 година, пренесува „Скај Спорт Италија“. Вчера, Гатузо се сретнал со претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис и спортскиот директор Кристино Џунтоли. Двете страни се договориле за деталите за идниот договор. Според неофицијалните информации кои беа објавени платата на Гатузо според новиот договор ќе биде 2 милиони годишно без бонуси. 42-годишниот Гатузо го презеде Наполи во декември 2019 година и го освои Купот на Италија. Тој исто така ги водеше швајцарскиот Сион, грчкиот ОФИ и италијанските Палермо, Парма и Милано. Наполи е на третото…

Read More

Со натпреварите меѓу ФМП Академија и Гостивар , односно ТФТ и Куманово во кои славеа екипите на ФМП Академија и Куманово вчера стартуваше новиот шампионат на Македонија во кошарка. Со целосно почитување на државните протоколи кои треба да го заштитат здравјето на сите поединци вклучени во кошаркарскиoт спорт, вчера и официјално почна новата сезона во Првата лига. По 29-ти пат во историјата, стартуваше шампионатот на Македонија во кошарка,кој за првпат ќе се игра во специфични околности поради пандемијата која ја предивика коронавирусот. Во првото од македонското првенство ќе се игра и големо дерби во кое Работнички ќе го пречека вечниот ривал МЗТ Скопје со почеток…

Read More

Со победата која ја остварија против екипата на Вест Хем со 2:1 и тоа со пресврт, фудбалерите на Ливерпул ја продолжија својата серија без пораз на домашен терен. Ливерпул нема загубено на 63 натпревари одиграно на „Енфилд“ (52 победи и 11 нерешени средби), што одговара на нивната најдобра серија постигната во декември 1980 година. Од сите екипи во Премиерлигата, само Челзи со 86 натпревари без пораз на домашен терен имале подолга серија од Ливерпул во историјата на Премиерлигата. Челзи својата серија ја заврши во 2008 година.

Read More