Консултантот за моторспорт на Ред Бул, Хелмут Марко изрази мислење дека и покрај уште едно неуспешно Гранд При, возачот Александар Албон сепак може да смета на место во австрискиот тим за следната сезона. За да го стори ова, тој треба да се докаже на преостанатите трки од сезоната.
„Дури и по Имола, нема да донесеме одлука за Албон, туку ќе му дадеме уште време. Алекс има време до последната трка во Абу Даби да се докаже, а потоа ќе донесеме внатрешна одлука за тоа дали може да остане или ќе бараме некој друг возач. Постојат многу пилоти на пазарот, затоа не треба да правиме избрзан чекор“, изјави Хелмут Марко.
Ќе потсетиме, главните кандидати за замена на Албон кои беа споменувани се Нико Хулкенберг и Серхио Перез.

