Author: riste

Македонската репрезентација до 21 година на 12. ноември против Израел и на 17. ноември против Црна Гора (тренинг центар „Петар Милошевски“) ќе ги одигра двата последни натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2021. Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски за двете важни пресметки ќе смета на следните фудбалери: ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марко АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев); ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Зорја, Украина), Есмин ЛИЧИНА (Македонија Ѓ.П.), Филип АНТОВСКИ (Славија Софија, Бугарија), Тодор ТОДОРОВСКИ (Осијек, Хрватска), Бојан ИЛИЕВСКИ (Пелистер), Никола СЕРАФИМОВ (Академија Пандев), Блертон ШЕЈИ (Струга Трим Љум), Оливер СТОЈМЕНОВСКИ (Борец); СРЕДЕН РЕД: Давор ЗДРАВКОВСКИ…

Read More

Екипата на Еурофарм Пелистер ќе мора повторно на принудна пауза, а помина само една недела откако конечно им се врати на ракометниот терен и по пауза од осум месеци одигра еден официјален натпревар. По гостувањето во Данска кај ГОГ Гудме во Европската лига, следниот натпревар за тимот од Битола требаше да биде дуелот со Кадетен Шафхаузен. Во моментите кога се очекуваше тимот да влезе во натпреварувачки ритам, последните тестирања за коронавирус донесоа лоши вести за раководството и стручниот штаб. Од македонскиот вицешампион информираат дека во своите редови имаат нови заразени ракометари, а бидејќи бројката е веќе сериозна, ќе се испрати…

Read More

Фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота потврди со својот настап на вчерашниот натпревар со Аталанта дека се наоѓа во одлична форма. Жота беше стрелец на три гола на оваа средба, во 16, 33 и 54. минута и со овој хет-трик успеа да стане првиот фудбалер кој има постигнато три хет-трика во Лигата на шампионите и Лигата на Европа комбинирано. Исто така Диого Жота го пoстигна 10-от хет трик за Ливерпул во европските натпреварувања, тоа им успеало на девет фудбалери, само Грем Сунес постигнал два.

Read More

По натпреварите кои беа одиграни вчера во најелитното фудбалско натпреварување во Европа и беа постигнати дури 35 гола, вечерва повторно не очекуваат нови натпревари од 3.коло од Лигата на шампионите. Вечерва ќе бидат одиграни натпреварите од групите Е, Ф, Г и Х, по што ќе заврши првиот круг од групната фаза,но исто така можат да бидат познати некои работи околу екипите кои ќе се борат за првите места во своите групи. Лондон и Севиља се местата каде вечерва ќе се игра фудбал во групата Е, Челзи на „Стемфорд Бриџ“ го пречекува францускиот Рен. Тренерот на Челзи, Френк  Лампард нема посериозни…

Read More

Лацио нема да може да смета на голем број клучни играчи на претстојниот натпревар од 3.коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Зенит. Според „Кориере дело Спорт“, напаѓачот Чиро Имобиле и играчот за врска Лукас Леива нема да му помогнат на својот тим на оваа . Тие учествуваа на последниот тренинг на тимот пред заминувањето, но не заминаа во Русија. Одлуката е веројатно поврзана со избувнувањето на коронавирусот во тимот. Имобиле е најдобар стрелец на Лацио оваа сезона. 30-годишниот напаѓач има 4 гола на 6 натпревари во сите натпреавувања. 33-годишниот Лукас Леива е главниот дефанзивен играч на римскиот…

Read More

Екипата на Мерцедес ја прослави рекордната седма последователна титула кај конструкторите во Формула 1 со виртуелна здравица со шампањ и специјални маски за лице. Најуспешниот тим во последниве години не можеше да слави како минатите години затоа што сите во тимот мораше да бидат оддалечени на пропишано растојание. Во претходните години, вработените од Мерцедес направија тимска фотографија со директорите и возачите на Мерцедес, но во сезоната означена со Ковид-19, титулата беше обележана со виртуелна порака од секој член на тимот и мотивациски говор од лидерите. Портпарол на шампионите додаде дека е планирана и виртуелна фотографија од тимот. „Во моментов, се…

Read More

Напаѓачите на Зенит (Санкт Петербург) Сердар Азмун и Себастијан Дриуси ќе го пропуштат натпреварот од третото коло во групата „Ф“ од Лигата на шампионите против Лацио. Ова го соопшти на прес-конференција тренерот на рускиот тим Сергеј Семак. Зенит е домаќин на Лацио во Санкт Петербург утре , 4 ноември. Италијанскиот тим е лидер на табелата во оваа група со 4 бода, а Русите немаат освоено бод по првите два меча. „Азмун тренира според индивидуална програма, тој не е подготвен за овој меч. Дриуси не е подготвен, Малком го продолжува лекувањето, исто така повреден е Леон Мусаев, а Дмитриј Чистјаков не…

Read More

Оле Гунар Солскјер го имаше својот 100-ти натпревар како менаџер на Манчестер Јунајтед во неделата. Норвежанецот немаше причина да се радува на тоа, откако загуби со 0:1 на „Олд Трафорд“ од Арсенал. Веднаш потоа, повторно се појави дилемата дали Солскјер е вистинската личност за позицијата и дали тимот навистина остварува напредок под негово водство. Одговорот на скептиците, се разбира, е негативен, но Солскјер може да изнесе одредени статистички податоци во негова корист. Според овие податоци, поранешниот напаѓач има подобри резултати отколку што забележа легендарниот Сер Алекс Фергусон на неговите први 100 натпревари во Манчестер Јунајтед. Што покажуваат податоците?  Екипата на…

Read More

Манчестер Сити се подготвува да му понуди договор на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси , пренесува „Мундо Депортиво“. Според истите информации, во јануари 2021 година од Манчестер Сити  ќе му дадат понуда на Аргентинецот. Капитенот на Каталонците ќе може да започне преговори со клубовите, бидејќи има шест месеци пред истекот на договорот со Барселона. Искористувајќи ја неизвесноста што постои во каталонскиот клуб поради оставката на претседателот Хосеп Марија Бартомеу и неговиот управен одбор, како и претпоставката за ново раководство, англискиот клуб сака да го убеди Меси да се пресели во Манчестер Сити. Меси ги брани боите на Барселона од 2003…

Read More

Петмина играчи на ПСЖ ќе го пропуштат натпреварот од третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите со РБ Лајпциг, беше објавено на официјалната веб-страница на парискиот клуб. Напаѓачот Килијан Мбапе беше заменет во рамките на 9-то коло на натпреварот од Лига 1 со Нант. Наводно, имал непријатност во мускулите на десниот бут, па токму поади тоа не отпатувал за Германија. Неговата прецизна дијагноза ќе биде позната во рок од 48 часа. Нејмар продолжува да се опоравува од повредата на мускулот, а Бразилецот ќе се врати на терените по паузата за репрезентациите. Во исто време, надвор од тимот се…

Read More