Реал Мадрид до овој момент не му понудил нов договор на својот капитен Серхио Рамос. Причината е што раководството на Реал Мадрид не одлучило дали ќе му понудат договор на една или две години, пишуваат медиумите во Шпанија. Самиот Рамос постојано повторуваше дека сака да ја заврши својата кариера на „Сантијаго Бернабеу“ и е подготвен да потпише нов договор. Засега, сепак, претседателот Флорентино Перез не седнал на преговарачката маса на оваа тема. Сегашниот договор на 34-годишниот дефанзивец истекува следното лето и од 1 јануари 2021 година тој може да преговара со кој било тим. И покрај тоа што има 34…
Author: riste
Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло е задоволен од резултатот, но не и од играта на неговиот тим во победата од 4:1 над Ференцварош како гостин во Лигата на шампионите. Алваро Мората постигна два гола, а неговата замена Пауло Дибала искористи две грешки на противничките играчи од одбраната за да го зголеми резултатот. Френк Боли постигна почесен погодок за Унгарците во последната минута. „Резултатот е добар, но не и играта. Направивме премногу грешки и има уште многу да се подобри. Многу зборувам со напаѓачите за да бидат по комбинаторски во нападот, но тие се тие што одлучуваат на теренот. Нашите играчи…
Играчот за врска на Челзи, Каи Хаверц беше изоставен од составот за натпреварот против Рен во Лигата на шампионите, бидејќи е заразен со коронавирус. Ова го објави менаџерот на „сините“ Френк Лампард пред почетокот на натпреварот, објаснувајќи зошто Хаверц не е во составот на екипата. 21-годишниот Хаверц постигна четири гола на десет натпревари од почетокот на сезоната за „сините“. Тој беше привлечен летото од екипата на Баер (Леверкузен) за сума од 71 милион фунти. Челзи беше успешен на мечот со Рен и славеше на оваа средба со 3:0 со што се лидери на табелата во групата Е, заедно со Севиља…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не можеше да биде задоволен по поразот од Истанбул Башакшехир со 1:2 во Лигата на шампионите. Тој рече дека настапот на неговите играчи на овој натпревар не бил на потребното ниво. „Нашите перформанси не беа доволно добри против тим кој работеше напорно и нè фати на контранапади неколку пати. Во првиот случај изведовме корнер, но заборавивме на играчот кој остана сам што е непростливо. Голот на Марсиал пред паузата ни даде надеж дека би можеле да се обидеме во второто полувреме. Се обидовме со сите сили, но не можевме да ги пробиеме. Не…
Шпанецот Рафаел Надал ја оствари победа број 1000 во сингл во својата професионална кариера. Тоа го стори ова со успех против неговиот сонародник Фелисијано Лопез со 4:6,7:6, 6:4 во натпревар од второто коло на тенискиот турнир во Париз во серијата „Мастерс“ 1000. Досега границата од илјада победи ја достигнаа само Американецот Џими Конорс (1274), Швајцарецот Роџер Федерер (1242) и Чехот Иван Лендл (1068). За Надал, ова беше натпревар број 1201 вокариерата, и не започна добро за него. Освојувачот на 20 грен слем титули го загуби првиот сет, но подоцна направи пресврт запобеда од 2:1 и дојде до овој убав љубилеј.
Ракометната репрезентација на Македонија стартуваше со победа во квалификациите за ЕП 2022 ходина и ја оправда фаворитската улога со убедливата победа над Финска со 33:24. Предводени од нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров, избраниците на селекторот Данило Брестовац остварија резултат кој го посакуваа на отварањето на овие квалификации и без многу потрошени сили ќе гостуваат кај Швајцарија. Средбата почна со многу промашувања во нападот и расположени голмани на двете страни, а сето тоа донесе и малку голови ,но и изедначен резултат, па во 15 минута беше 5:5. Потоа на сцена стапи Кире Лазаров кој со четири погодоци (три од пенал), и донесе предност…
Баерн ја оствари третата победа во Лигата на шампионите по ред, поставувајќи рекорд. Во мечот од 3. коло од групната фаза, тимот од Минхен го совлада Ред Бул Салцбург. Средбата што се одигра на стадионот „Ред Бул Арена“ во Салцбург заврши со резултат 6:2. Во исто време, тимот од Минхен успеа да постигне четири гола во последните 15 минути. Баерн Минхен е првиот тим во историјата на Лигата на шампионите што постигнал четири гола во последните 15 минути. Баерн освои 9 бода по првите три кола и е лидер во својата група, а во следното коло повторно ќе игра со…
Ливерпул постави рекорд во групната фаза од Лигата на шампионите, на натпреварот против Аталанта на гостински терен. Победата на Ливерпул беше најголема за англискиот тим над противник од Италија на гостување во историјата на европските натпреварувања. Ливерпул е водечка екипа во својата група,со максимални 9 бода, пред Ајакс и Аталанта. Да потсетиме дека Ливерпул е шесткратен победник во Лигата на шампионите. Последен пат „црвените“ го освоија ова европско натпреварување во сезоната 2018/2019 кога го добија Тотенхем во финалето.
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген се опорави од повредата и е подготвен да игра. Од „Камп Ноу“ објавија дека германскиот голман веќе има лекарска дозвола и е на располагање на тренерот Роналд Куман. На Тер Штеген му беше извршена операција на тетива на десното колено по крајот на минатата сезона. Во четвртокот тој го одработи целосно тренингот, но не влезе во групата за мечот со Алавес. Не е јасно дали тој ќе биде во почетниот состав на денешниот натпревар со Динамо (Киев) во Лигата на шампионите. Куман го стави во составот за вечерашната средба, но не објави дали Тер…
Предводникот на ПСЖ, Томас Тухел изјави дека сеуште не разговарал со клубот за нов договор. Актуелниот договор на германскиот тренер истекува за осум месеци. „Слушам критики. Имав некоја наивна идеја дека по четири титули и едно финале во ЛШ тие ќе престанат да ме напаѓаат. Досега немаше понуди за договор од клубот. После се што направив тука, сите опции ми се отворени, но во еден момент ќе мора да престанеш да сонуваш“, рече Тухел. Минатата сезона, за прв пат во својата историја, Пари Сен Жермен се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, каде што загуби од Баерн Минхен (0:1).
