Author: riste

Играчот од средниот ред на Париз Сен Жермен, Адриен Рабио, ја отфрли понудата да се пресели во Тотенхем. Менаџерот на „Спарси“ Маурицио Почетино сака да го има француски репрезентативец, но играчот има други идеи за развојот на својата кариера, пишува весникот „Тајмс“. Рабио продолжува да работи во тимот на ПСЖ, но и понатаму одбива да потпише нов договор со клубот. Тековниот договор на 23-годишниот играч од средниот ред истекува следното лето, и нема интерес за продолжување. Од друга страна целата оваа ситуација ја следат Барселона, Баерн (Минхен), Ливерпул и Челзи кои се во трка за овој играч од средниот ред.…

Read More

Тренерот на Лацио Симоне Инзаги не можеше да поверува дека неговиот тим го загуби дербито со Јувентус. „Бјанконерите“ го свртеа резултатот и дојдоа до победа благодарение на головите на Жоао Кансело кој израмни во 74-та минута и голот од пенал на Кристијнао Роналдо во 88-та минута. „Во оваа сезона не сум видел друг тим да го надигра Јувентус до ваков степен. Ние упативме девет удари во оквир на голот на противникот, а тие само три. Исто така имавме многу одлични шанси за гол. Фудбалот е неправеден. Не заслуживме да изгубиме. Но ако продолжиме да играме така, нашите навивачи ќе бидат…

Read More

Без да блеска многу, ѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо остави свој белег на натпреварот со Лацио кој се одигра синоќа. Португалецот го постигнаа победнички гол за Јувентус кои го сврте резултатот од 1:0 во 1:2 на „Олимпио“ и сега имаат предност од 11 поени пред вториот во Серија „А“ – Наполи. Роналдо веќе има 15 погодоци од почетокот на сезоната во „Калчо лигата” и се израмни со Дуван Сапата од Сампдорија. Лидер на листата на стрелците е Фабио Кваљарела со 16 гола. За Кристијано, ова беше осмиот последователен натпревар во кој успеал да постигне гол. Откако во Серија „А“ се доделуваат…

Read More

Томас Дол е новиот тренер на германскиот бундеслигаш  Хановер 96, соопштија од клубот. Тој потпиша договор за 1,5 година и го замени отпуштениот Андре Брајтенрајтер кој по серијата од осум натпревари без победа го остави тимот на претпоследното место во Бундеслигата. Томас Дол е поранешен тренер на Хамбургер и Борусија (Дортмунд). Тој последен пат го предводеше унгарскиот  Ференцварош. „Дол докажа дека умее да ги извршува поставените цели во претходните тимови – како да освојува титули, па и да ги спасува тимови од испаѓање. Дури во годините поминати во Унгарија тој ја следеше Бундеслигата и ја познава многу добро ситуацијата во…

Read More

Македонската кошаркарска федерација и официјално денес потврди дека завршницата на овогодишниот Куп на Македонија во кошарка ќе се игра во Гевгелија. Натпреварите според планот ќе се одиграат од 15-17 февруари, а коорганизатори ќе бидат екипите на Блокотехна и Кожув. Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски, заедно со Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашко Поцков како и претставниците на клубовите, Ѓорѓи Гетов (Кожув) и Драган Ристов (Блокотехна) одржаа средба во Гевгелија на која ги договарија последните детали околу самата организација за натпреварите од Купот во машка и во женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде ист како и минатата сезона. Првите осум…

Read More

Првата понуда на Валенсија за напаѓачот на Вест Хем, Хавиер Ернандез Чичарито е во вредност од 8 милиони евра, пишува весникот „Марка”. Популарните „Лилјаците“ го сакаат Мексиканецот и откако „чеканите“ категорично ја отфрлија можноста да го продадат за оваа цена, шпанскиот клуб ќе треба да преговара за трансфер сума. Во оваа фаза, сепак, парите се под проценката која лондончани ја имаат за Чичарито, кој сметаат дека вреди меѓу 12 и 14 милиони евра, па на „Местаља“ ќе треба да го подобрат својот предлог. Од Монако исто така го сакаат Чичарито, но во Вест Хем не брзаат да го продадат, бидејќи…

Read More

Водечкиот тенисер на АТП листата Новак Ѓоковиќ се наоѓа на само една победа до рекордна седма титула во Австралија. Во полуфиналето Србинот буквално го „прегази“ со 6:0, 6:2, 6:2 Французинот Лука Пуј и во финалето ќе се соочи со големиот ривал во текот на овие години Рафаел Надал. „Ова беше еден од моите најдобри натпревари. Се во играта ми одеше. Лука е одличен тенисер но лошо го отвори мечот, но му посакувам се најдобро. Тој има квалитети да биде играч од Топ 10 и овој натпревар ќе биде многу важен за него. Минатата година, кога бев повреден, верував дека можам…

Read More

Централниот дефанзивец на Атлетико Диего Годин е многу близу до трансфер во Интер. Според „Скај Италија“, уругвајскиот одбрандбен фудбалер успешно ги помина медицинските прегледи и е во фаза на потпишување на преддоговор со Интер. Годин кој ќе наполни 33 години за по помалку од еден месец, ќе го напушти „Ванда Метрополитано“ следно лето како слободен агент. Јужноамериканецот се очекува да го започне договорот со клубот од Милано од јули и за период од две плус една година. „Неговата плата ќе се зголеми на 4,5 милиони евра, со бонуси до 6 милиони евра”, објавиле медиумите во Италија. Диего Годин сега може…

Read More

Синоќа беа извлечени групите за претстојното издание на „Копа Америка“ кое оваа година ќе се одржи во Бразил, а главни фаворите за освојување на трофејот секако се домашната селекција на Бразил и Аргентина. Домаќинот Бразил се наоѓа во групата А, заедно со селекциите на Боливија, Венецуела и Перу. Во групата Б ќе играат Аргентина, Колумбија, Парагвај и Катар, кој ќе настапи на ова натпреварување откако доби специјална покана за учество. Групата Ц ја сочинуваат актуелниот шампион Чиле потоа Уругвај, Еквадор и репрезентацијата на Јапонија, која исто така ќе биде гостин. Бразил кој е домакин ќе се обиде да стигне до својата прва…

Read More

ФК Вардар денес го официјализираше првото засилување за овој преоден рок. Бразилскиот интернационалец Леовигилдо Жуниор Реис Родригез, е нов фудбалер на „црвено-црните“. Жуниор го стави потписот на договор кој е во траење на една година, со можност истиот да се продолжи на плус уште една година. Тој дојде од екипата на Македонија Ѓорче Петров, има 23 години и игра на позицијата лев бек. „Среќен сум што станав дел од Вардар. Знам дека се работи за најдобриот клуб во Македонија, најтрофејниот тим и чест ми е што можам да играм во Вардар. Ќе дадам се од себе екипата да бележи добри резултати, да освојува…

Read More