Алфа Ромео и Заубер го продолжија партнерството до крајот на 2021 година, според кое тимот со седиште во Хинвил ќе продолжи да се натпреварува под името Алфа Ромео најмалку уште една година. Двете компании започнаа да работат заедно во 2018 година, кога Алфа Ромео беше главен спонзор на Заубер, пред 2019 година тимот беше преименуван во италијански производител на автомобили. Кими Раиконен и Антонио Џовинаци скоро сигурно ќе продолжат да бидат партнери во Алфа Ромео трета година по ред, и покрај гласините дека Италијанецот може да биде заменет со Мик Шумахер.
Author: riste
Поранешниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари ќе го раскине договорот со клубот скоро три месеци по заминувањето. Според „Спорт Медиасет“, по долги преговори, тренерот сепак се договорил со клубот од Торино за условите за раскин на договорот. Договорот е постигнат пред неколку часа. Беше објавено дека Јувентус ќе биде принуден да му плати на Сари 20 милиони евра за раскин на договорот. Договорот на италијанскиот стручњак со клубот беше до 2022 година. Маурицио Сари заработуваше 5,5 милиони евра по сезона по оданочување. Да потсетиме, Сари доби отказ по елиминацијата на Јувентус од претходната сезона во Лига на шампиони во 1/8…
Натпреварите во Купот на Франција ќе бидат прекинати до 1 декември поради пандемијата на коронавирусот, објави тамошната фудбалска федерација. Сите натпревари закажани за овој период ќе бидат одложени за подоцнежни датуми во зависност од тоа како се развива пандемијата во земјата. Оваа одлука нема да влијае на шампионатот на Франција во машка и женска конкуренција, но натпреварите ќе се играат без публика. Планирано е да се одржат и сите меѓународни средби на француските репрезентации.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, го скрати списокот на 19 ракометари за стартот на подготовките за квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2022 година. Од поширокиот список нема повеќе ракометари, но она што е забележително е што на списокот нема две познати имиња. Дел од репрезентацијата на првите две средби со Финска и Швајцарија нема да бидат голманот Борко Ристовски и крилото Гоце Георгиевски. Од составот на Вардар има тројца ракометари, тоа се Столе Стоилов, Филип Талески и голманот Марко Кизиќ. Од Металург, пак, повикан е Мартин Серафимов, додека од Еурофарм Пелистер има вкупно шест репрезентативци. Првиот натпревар Македонија го игра…
Поранешниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Даниел Димевски, официјално е избран за нов предводник на Македонскиот олимписки комитет (МОК) на Собранието кое траеше долго и имаше интересен тек, откако предвреме салата ја напуштија дваесетина членови кои ја поддржуваа неговата противничка за функцијата, Александра Војнеска-Зикова. Сепак на крајот избор беше речиси акламативен, со оглед што во салата останаа само оние кои го подржуваат Даниел Димевски, а при претставувањето на програмата, вети дека следната година ќе има ново Изборно Собрание. „Сакам уште сега да ветам, јавно да кажам дека в година ќе организираме ново Изборно Собрание, па тие повторно нека…
Вечерва не очекуваат вториот дел од натпреварите од 2.коло во Лигата на шампиони. Нова серија атрактивни пресметки од Лигата на шампионите се на програмата вечерва ,а секако најитересно ќе биде на дербито во групата „Г“ . Дербито на оваа група и вечерта е помеѓу Јувентус и Барселона. Двете екипи започнаа со победи во првото коло, но не се убедливи на домашната сцена и имаат што да им докажат на своите навивачи. За жал коронавирусот не дозволи вечерва да гледаме дуел меѓу Кристијано Роналдо и Меси, португалецот беше позитивен и на последниот тест кој му беше направен вчера. Ференцварош во Будимпешта…
Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах има одличен учинок во натсапите на неговата екипа во Лигата на шампионите, посебно кога се работи за натпреварите кои се играат на „Енфилд“. Египетскиот интернационалец има учествувано во постигнувањето на 10 гола на последните 10 натпревари на Ливерпул во групната фаза од Лигата на шампионите. Со 9 постигнати голови и 1 асистенција, Мохамед Салах директно учествувал во постигнувањето на овие 10 гола за Ливерпул. Последниот постигнат гол беше оној на синоќешниот натпревар со Мидтјиланд кога во 93-та минута постигна гол од пенал и дојде до овој личен рекорд.
Даниел Димевски ќе биде единствениот кандидат за претседателското сточле во Македонскиот олимписки комитет на денешното Изборното Собрание. Во текот на вчерашниот ден УО на МОК ја поништи кадидатурата на поранешната наша атлетичарка, а сега претседателка на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска – Зикова. УО на МОК на вчерашниот состанок донел одлука за поништување на кандидатурата, затоа што Војнеска – Зикова немала стаж од најмалку четири години како предводник на една спортска федерацијата. Претседателката на АФМ на оваа позиција е една година, но претходно беше и 4 години потпретседателка на истата федерација. Изборното собрание на МОК треба да се одржи…
Карим Бензема постигна гол на вчерашниот натпревар против Борусија Менхенглдбах, а со тоа успеа да дојде добројката од 30 клубови против кој успеал да постигне гол во Лигата на шампионите. Бензема стана четвртиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој успеал да постигне гол против 30 различни екипи во ова натпреварување. Ова досега им успеало само на Лионел Меси, Раул и Кристијано Роналдо. Сепак Бензема ќе има шанса да ја зголеми оваа бројка бидеќи го очекуваат нови натпревари во Лигата на шампионите, но за да ја зголеми оваа бројка ќе треба Реал Мадрид да игра против екипа со која…
23-годишниот португалски напаѓач, Диого Жота, го запиша своето име во клупската историја на Ливерпул, постигнувајќи гол на мечот од 2-то коло на групната фаза во Лигата на шампионите против данскиот Митјиланд (2-0). Според информациите објавени денес , Диого Жота, кој го отвори резултатот против Митјиланд, е автор на 10.000-от гол во историјата на Ливерпул во сите натпреварувања. Ова се случи по 128 години откако Џок Смит го постигнал првиот во септември 1892 година во Лигата на Ленкшаир. Диого Жота стана играч на Ливерпул во последниот преоден рок, откако се пресели од Вулверхемптон за 44,7 милиони евра.Тој веќе одигра 8 средби…
