Конечно дојде денот кога Македонија ќе игра со Косово, а остануваат уште два дена до оваа средба која може да не однесе на чекор до пласман на ЕП. Тоа го знаат и нашите репрезентативци, дефанзивецот Егзон Бејтулаи во пресрет на дуелот даде оптимистична изјава. „Дојде денот да се собереме сите заедно и да се подготвиме за средбата со Косово. Очекуваме да се пласираме на Европско. Мораме да дадеме свој максимим и да го победиме Косово. Имаме респект за противникот, но нашата цел е јасна. Тимот е многу добар и веќе долго играме заедно, мислам дека ако дадеме сите максимум ќе победиме.…
Author: riste
Репрезентативецот на Македонија и играч на АЕК Ларнака, Стефан Спировски ќе има сериозна задача во средината на теренот во организација на играта на нашата репрезентација на мечот со Косово. Пред натпеварот со Косово, Спировски изјави… „Ова ќе биде можеби најважниот натпревар во кариерата. Се работи за настап за националниот дрес и можност да се избори пласман на Европско првенство. Предноста за нас ќе биде што ќе играме на домашниот терен, но факт е дека сем поквалитетна репрезентација од Косово. Пандев е нашиот лидер, тој е најдобриот играч на нашата репрезентација и ќе значи многу неговото играње на овој натпревар Слушаме…
Пријателски натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Украина може да не се одигра поради коронавирусот кај гостинскиот тим, објавија украинските медиуми. Според изворот, селекторот Андриј Шевченко има на располагање само еден голман, бидејќи по пристигнувањето во Франција беа тестирани голманите Андриј Лунин и Јуриј Панкив, како резултат на што на играчите им беше дијагностициран коронавирус. Претходно, PCR тестовите за ковид -19 дадоа позитивен резултат кај двајца играчи на Шахтјор – Тарас Степаненко и Андриј Пјатов. Така, целиот тим отиде во самоизолација, што значи дека Николај Матвиенко, Виктор Коваленко, Марлос и Жуниор Мораеш исто така нема да можат да учествуваат на…
Играчот за врска на Ливерпул, Џердан Шаќири се зарази со коронавирус, се вели во информацијата објавена на веб-страницата на Швајцарскиот фудбалски сојуз. Пристигнувајќи на локацијата на националниот тим, 28-годишниот играч за врска помина корона тест, што даде позитивен резултат. Џердан Шаќори во моментов е изолиран од соиграчите. Шаќири стана третиот фудбалер на Ливерпул на кој му е дијагностициран коронавирус. Претходно, поради инфекција од составот се изолирани новиот играч за врска Тиаго Алкантара и напаѓачот Садио Мане. На почетокот на септември, исто така беше објавено дека инфекцијата е откриена кај дефанзивецот на Ливерпул, Костас Цимикас, но оваа информација не е официјално…
Ноќта меѓу 5 и 6 октомври, заврши летниот преоден рок во повеќето од најдобрите европски шампионати. Според сите реализирани трансфери, лидери во однос на трошењето беа Челзи (247,2 милиони евра), Манчестер Сити (156,8 милиони евра) и Барселона (124 милиони евра), кои потрошија вкупно 528 милиони евра. Неспорен лидер во Европа според трошоците во изминатиот период на регистрација на нови играчи беше Челзи, кој вложи 271 милиони евра за да купи 7 играчи – Каи Хаверц (Баер, 80 милиони евра), Тимо Вернер (РБ Лајпциг, 53 милиони евра), Бен Чилвел (Лестер, 50,2 милиони евра), Хаким Зијеш (Ајакс, 40 милиони евра) и Едуард…
Шпанската Барселона има сериозни финансиски проблеми, на крајот на финансиската година, Шпанците забележаа загуба во износ од 97 милиони евра. Во исто време, управата на клубот е убедена дека ситуацијата најверојатно нема да се подобри, пренесува „Кадена Сер“. За да избегнат сериозни потешкотии, раководството на Барселона ги замолува играчите да ги намалат платите. Преговорите се водат преку „неформални индивидуални контакти“. Исто така, клубот работи на продолжување на договорите на многу играчи. Претходно стана познато дека сумата која се издвоила за платите на фудбалерите за 2019 година изнесува 545 милиони евра.
За прв пат по 40 години, Реал Мадрид нема потпишано договор со ниту еден играч за време на летниот преоден рок, објаво весникот „АС“. По завршената позајмица, во Реал Мадрид се вратија голманот Андреј Лунин (Овиедо), дефанзивецот Алваро Одриозола (Баерн Минхен) и играчот за врска Мартин Едегор (Реал Сосиедад). Клубот не направи нови трансфери. Мадридскиот клуб по постигнатите резултати од првите четири кола во шпанското првенство е на првата позиција со 10 бода. Избраниците на Зинедин Зидан имаат натпревар помалку, бидејќи неговиот тим ја започна сезоната подоцна од другите поради учество во европски натпреварувања. Во изминатата сезона од Ла Лига,…
Во последниот ден за трансфери се очекува реализација на еден од оние трансфери кои беа најавувани во текот на изминатите неколку месеци. Со заминувањето на Луис Суарез од Барселона, тимот остана без класична „деветка“, затоа оваа празнина на „камп Ноу“ ќе ја пополнат со мемфис Депај кој беше големата желба на Роналд Куман. Мемфис Депај е пред конечна преселба на „Камп Ноу“. Неговиот трансфер во шпанскиот гигант ќе се реализира до крајот на денешниот ден, а дека се е готово потврди и спортскиот директор на Лион, Жунињо, кој за француските медиуми изјави дека Депај се договорил со Барселонаи дека ќе…
Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски од денес заедно со своите избраници предводени од капитенот Горан Пандев ќе се подготвува за натпреварите кои ја очекуваат нашата селекција во октомвриските репрезентативни натпревари. Секако најзначаен е првиот, оној против Косово (8. октомври, Национална арена „Тодор Проески“) од полуфиналето во Лига на нации за пласман на Европското првенство, а потоа ќе следат двата натпревари против Естонија (11. октомври, Талин) и Грузија (14. октомври, Национална арена „Тодор Проески“) од новото издание на Лига на нации. Капитенот на нашата фудбалска репрезентација Горан Пандев веќе пристигна во Скопје и ќе се приклучи на подготовкие заедно…
Трансферот на Федерико Киеза од Фиорентина во Јувентус сега може да се смета за готова работа, тврди „Скај Италија“ и „Спорт Италија“. Двата клуба се договориле за оваа прилично комплицирана зделка за 22-годишниот талент, кој денес ќе отпатува во Торино за да ги помине лекарските прегледи и официјално да го потпише договорот со Јувентус. Првично, Киеза ќе пристигне во Јувентус на позајмица на две години, а клубот од Торино ќе плати 2 милиони за првата година и уште 8 за втората. Покрај тоа, зделката вклучува опција за откуп во вредност од 40 милиони и уште 10 милиони како дополнителни бонуси.…
