Author: riste

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане беше позитивен на КОВИД-19 и е веќе ставен во домашен карантин, објавија од страна на Ливерпул. Сенегалецот е втор што е заразен со коронавирус во екипата на Ливерпул, по новиот играч Тиаго Алкантара. „Мане покажа некои симптоми на болеста, но генерално се чувствува добро“, изјавија од Ливерпул. Крилниот напаѓач беше стрелец на гол при успехот на ливерпул против Арсенал со 3:1 во понеделникот, но поради неговиот позитивен тест за коронавирус тој ќе го пропушти неделното гостување кај Астон Вила.

Read More

Наполи е многу близу до привлекување на Тимуе Бакајоко од Челзи, објавија неколку медиуми во Италија. Играчот од средниот ред се согласи да се пресели во Наполи, а договорот нема да вклучува опција за купување на играчот по крајот на сезоната. Бакајоко веќе има една сезона во Серија А со екипата на Милан, а до сега се сметаше дека скоро сигурно повторно ќе го облече дресот на „росонерите“, но на крајот тоа нема да се случи. Гигантот од Милано не успеа да постигне договор со лондончани за опцијата за откуп, бидејќи тие сакаа следното лето да можат да го привлечат…

Read More

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг го сподели своето мислење за атмосферата во тимот под водство на тренерот Микел Артета. „Тој создава атмосфера што ги прави сите во клубот да се чувствуваат како дома. Дури не тера да си ја работиме домашната задача! Мислам дека во Арсенал се развива навистина добар менталитет, сите работат во еден единствен импулс. Многу е важно. Нашата цел е да го вратиме клубот на позициите каде што треба“, изјави Обамејанг за „BBC Sport“. Артета ја презеде функцијата прв човек на клупата на Арсенал во декември 2019 година. Под водство на шпански тренер, англискиот клуб го освои…

Read More

Реал Мадрид се соочува со кадровски проблеми пред натпреварот со Леванте во рамките на 5 коло од Ла Лига. Во текот на денешниот ден станало јасно дека дефанзивецот Даниел Карвахал заработил повреда на лигамент на десното колено и ќе биде надвор од теренот долго време. Според прес-службата на Кралскиот клуб, по Карвахал се повредил уште еден играч на десната страна од одбраната, Алваро Одриозола. Според АС , заздравувањето на Шпанецот ќе трае од 7 до 10 дена. Натпреварот Леванте – Реал Мадрид ќе се одигра утре на 4 октомври на стадионот „Де ла Керамика“ во Виљареал. Почетокот е во 16:00…

Read More
NBA

Кошаркарите на ЛА Лејкерс успеаа да го искористат отсуството на Горан Драгиќ и Бам Адебајо од составот на Мајами за да поведет со 2:0 во НБА финалето против Мајами. ЛА Лејкеср ноќеска славеше со 124:114 и со тоа ја зголеми предноста во финалната серија во борба за титулата. Фаворитот водеше во текот на целиот натпревар и таа предност ја одржуваше во текот на сите четвртини и не му дозволи на Мајами да се доближи. Во редовите на ЛА Лејкерс, најефикасен беше Леброн Џејмс со 33 поени и по девет скока и асистенции, додека Ентони Дејвис успеа да уфрли 32 поени и 14 скока. Кај…

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски е најдобриот играч според  УЕФА во сезоната 2019/2020. Полскиот напаѓач ја доби наградата МВП за време на церемонијата на ждрепките во групната фаза за Лигата на шампионите на УЕФА 2020/2021 во во Женева. Левандовски беше прогласен и за најдобар напаѓач. Исто така, номинирани за најдобар играч во сезоната беа играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн и голманот на Баерн, Мануел Нојер, кои беа избрани за најдобар играч за врска и најдобар голман од УЕФА. Минатата сезона Левандовски постигна 55 голови и 10 асистенции на 47 настапи за Баерн во сите натпреварувања.…

Read More

Белгискиот фудбалер Кевин де Брујн од Манчестер Сити ја доби наградата за најдобар играч во средниот ред за изминатата сезона која ја доделува УЕФА. Де Брујн беше вистински водич на неговата екипа во текот на изминатата сезона, а во трката за првото место беше подобар од двојката на баерн Минхен, Томас Милер и Тиаго Алкантара. Во рангирањето од четвртото до десеттото место завршија Гнабри, маркињо, Кимих, Горецка, Ауар, Ди Марија и Сабицер. На истата позиција, но во женска конкуренција е прогласена Џенифер Маросан од Лион.

Read More

Најдобриот стрелец во Бундеслигата и човекот кој ја одбележа минатата сезона во Лигата на шампионите, Роберт Левандовски сосема заслужено ја доби наградата за најдобар напаѓач во изминатата сезона во изборот на УЕФА Очекувано, Левандовски го освои првото место во овој избор и го наследи Лео Меси, кој победи во овој избор минатата година. На второто и третото место завршија Нејмар и Мбапе од ПСЖ. Од четвртото до десеттото место според гласовите на новинарите и тренерите завршија Гнабри, Халанд, Меси, Милер, Роналдо, Ди Марија, Мане.

Read More

УЕФА на посебна свеченост одржана во Женева ги одреди групите за новата сезона во Лигата на шампионите. Бранителот на титулата Баерн Минхен ќе игра во групата А заедно со Атлетико Маддрид, Салцбург и Локомотив Москва, а интересна ќе биде и групата Г каде ќе играат Јувентус и Барселона, а тоа ќе значи нови два дуела меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Во продолжение еве како изгледаат сите групи во ЛШ за новата сезона: ГРУПА А: Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Салцбург, Локомотив Москва ГРУПА Б: Реал Мадрид, Шахтјор, Интер, Борусија Менхенгладбах ГРУПА Ц: Порто, Манчестер Сити, Олимпијакос, Олимпик Марсеј ГРУПА Д: Ливерпул, Ајакс, Аталанта, Митјиланд ГРУПА…

Read More

Можеби најмалку неизвесно беше за тоа кој ќе ја добие наградата за најдобар голман  во изминатата сезона од Лигата на шампионите. Новинарите и тренерите на сите екипи учесници во евро-куповите, околу изборот за најдобар голман во сеозната 2019/20 во Лигата на шампионите го дфадоа својот глас за жуварот на голот на актуелниот шампион на Лигата на шампионите , Баерн Минхен, Мануел Нојер. Тој беше вистински херој за својата екипа во клучните моменти кога се решаваше победникот, а тоа беше само плус а да ја добие оваа награда од УЕФА. Во изборот на второто и третото место завршија Кејлор Навас од ПСЖ…

Read More