Author: riste

Трансферот на напаѓачот на Олимпик Лион, Мемфис Депај во Барселона е комплициран поради финансиските барања на францускиот клуб, пишува „Мундо Депортиво“. Според изворот, Барселона ја разгледува опцијата за размена. Потенцијален кандидат е дефанзивецот Самуел Умтити, кој може да се пресели во Франција во замена за Холанѓанецот. Како што се наведува, Каталонците имаат ограничен буџет, па веројатно нема да си дозволат купување на Депај без вклучување други играчи во зделката. Холандскиот напаѓач потпиша договор со Лион во 2017 година. Тековниот договор истекува на крајот на сезоната 2020/2021. Минатата сезона Депај одигра 22 натпревари за Лион во сите натпреварувања, постигна 15 гола…

Read More

Италијанскиот репрезентативец Кристијано Бираги потпиша нов договор со Фиорентина до 2024 година, објави новинарот Џанлука ди Марцио. 28-годишниот Бираги првпат го носеше дресот на Фиорентина во сезоната 2017/18, кога беше префрлен од Пескара. Потоа беше купен од „Виолетовите“, но во последната сезона 2019/20 повторно позајмен, овој пат во Интер. За оваа екипа Кристијано Бигари одигра вкупно 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола. Сепак по завршувањето на сезоната се врати во Фиорентина каде што ќе остане и во наредните неколку сезони.

Read More

Зенит сепак има намера да се засили со играчот за врска на Удинезе, Родриго Де Пол. Според одредени новинари во Италија кои ги следат трансферите, Зенит дал подобрена понуда за 26-годишниот аргентински фудбалер во износ од 30 милиони евра, но тоа не му се допаднало на италијанскиот клуб. Удинезе бара 40 милиони евра за играчот. Де Пол потекнува од школата на аргентинскиот Расинг. Во Удинезе, играчот за врска се пресели во 2016 година од Валенсија, а износот на трансферот беше 3 милиони евра. Во сезоната 2019/2020, Родриго одигра 35 натпревари, на кои постигна 7 гола и 7 асистенции. Договорот на…

Read More

Само две кола требаше да се одиграат во Бундеслигата за да почнат смените на тренерските позиции. Најнапред Шалке 04 синоќа информираше дека ја раскина соработката со Давид Вагнер, од денес уште една екипа е во потрага по нов тренер. Раководството на Мајнц 05 потврди дека тренерот Ахим Бајерлорцер поради лошите резултати на стартот од сезоната и официјално го напушта тимот и добива отказ. Бајерлорцер на клупата на Мајнц седна кон крајот на минатата сезона и за краток период успеа да го стабилизира тимот, но лошиот старт во новата сезона и поразите од Штутгарт и Лајпциг беа причина за негов експресен…

Read More

Хрватскиот интернационалец во редовите на Милан, Анте Ребиќ, синоќа мораше порано да го заврши натпреварот со Кротоне, откако заработи незгодна повреда на раката. По првичните фотографии кои можеа да се видат на малите екрани, се чинеше дека Ребиќ има скршеница на раката, но денешните лекарските прегледи и снимките покажаа дека нема скршеница, што е добра вест за неговата екипа бидејќи станува збор за полесна повреда. Според проценката на лекарскиот тим, заздравувањето треба да трае околу две недели, што би значело дека Анте Ребиќ ќе биде подготвен за градското дерби против Интер, кое треба да се игра на 17 октомври. Милан…

Read More

Голманот на Џенова, Матија Перин кој официјално е играч на Јувентус, а игра на позајмица цо Џенова се заразил со коронавирус, пренесува Фудбал Италија, повикувајќи се на изјавата на тренерот на Џенова, Роландо Маран. Според изворот, голманот бил позитивен на коронавирус. Се вели дека Перин има мала треска. Фудбалерот веднаш бил ставен во карантин. Така, Перин нема да може да и помогне на Џенова на натпреварот од италијанската Серија А против Наполи, што ќе се одигра утре, 27 септември. И оваа сезоната, италијанскиот голман игра за Џенова со позајмица од Јувентус кој го отстапи овој голман во Џенова и минатата…

Read More

Вториот капитен на Реал Мадрид, Марсело испадна од составот на својата екипа за денешното гостување кај Бетис во Севиља на натпревар од 3.коло од Ла Лига. Искусниот Бразилец се пожали на болки во грбот и остана во Мадрид. Тренерот Зинедин Зидан одби да повика нов играч наместо тоа, бидејќи неговата листа е веќе пополнета со 21 играч. Ова ќе биде втор натпревар за Реал, кој не играше во првото коло. Пред една недела, Марсело не беше на теренот при нерешените 0:0 против Реал Сосиедад, кога Ферлан Менди беше стартер. Натпреварот Бетис – Реал Мадрид се игра вечерва од 21 часот,…

Read More

Втора сезона по ред, Јувентус нема да смета на левиот бек Лука Пелегрини, кој пред една година беше купен од Рома за 22 милиони евра. Денес од шампионот договорија овој 21-годишниот фудбалер да оди на позајмица во Џенова, но нема информации дали е вклучена клаузула за откуп. За време на последната сезона Пелегрини беше позајмен во Каљари. Со овој потег, новиот тренер Андреа Пирло изгуби алтернатива во област каде Јувентус нема многу играчи. На натпреварот против Сампдорија за „Бјанконерите“ започна уште еден млад 21-годишен фудбалер – Џанлука Фработа.

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане ги сподели своите размислувања за последните засилувања на клубот. „Не се само фановите кои се воодушевени кога го видоа Алкантара во Ливерпул. Секако, јас и моите соиграчи бевме среќни што во тимот имаме играч од ова ниво. Тоа нè прави подобри. Од првиот ден гледам што прави Алкантара на тренинг и во играта против Челзи. Сигурен сум дека ќе не однесе на повисоко ниво. Со нетрпение очекуваме да се сретнеме со Константинас Цимикас и Диого Жота. Добри играчи, и тие исто така ќе го пообрат кваилетот на тимот, што за нас, но и за навивачите…

Read More

Откако Вардар не го одигра домашниот натпревар со Елверум кој беше одложен, сега следниот предизвик за ракометарите на Врадар ќе биде гостувањето кај ПИК Сегед во Унгарија. Наредниот четврток „црвено-црните“ ќе гостуваат во Сегед во рамки од третото коло во Лигата на шампионите. Унгарскиот претставник потврди дека на трибините ќе има навивачи, првпат по долго време. Вардар ќе треба својот натпревар да го игра пред точно 972 гледачи, кои ќе имаат можност да купат влезници во наредниот период. Само оние кои имаа валидни влезници за минатата сезона ќе добијат шанса да аплицираат за влез во салата. Ако влезниците не се продадат,…

Read More