Долгоочекуваниот судир меѓу светскиот рекордер во маратон Елиуд Кипчоге и легендата на долги патеки Кенениса Бекеле на лондонскиот маратон нема да се случи утре.
За жал Кенениса Бекеле се повлече од трката во последен момент поради повреда во бутот на ногата. Бекеле (38) заврши на второто место зад Кипчоге на минатогодишниот маратон во Берлин, кога Кениецот постави светски рекорд.
„Јас сум многу разочаран. Имам мал проблем во левиот бут по последните два тренинга, кои беа за кратко време. Силно верував дека ќе бидам подготвен, но денес е полошо и знам дека не можам да се натпреварувам. Оваа трка беше толку важна за мене. Мојот резултат во Берлин минатата година ми даде самодоверба и мотивација. Жал ми е што ги разочарав навивачите, организаторите и другите натпреварувачи“, изјави Бекеле по веста дека нема да се натпреварува утре.