Author: riste

Вест Хем загуби пет последователни домашни натпревари во првата лига на Англија по втор пат во својата историја. Првиот пат ова се случило во 1931 година. Лошата серија започна минатата сезона со пораз од 1:2 на гостувањето кај Нотингем Форест. Оваа сезона, „Чеканите“, под водство на Нуно Еспирито Санто, загубија дома од Челзи (1:5), Тотенхем (0:3), Кристал Палас (1:2) и Брентфорд (0:2). Ова значи дека тимот ја повтори својата најлоша серија порази на домашен терен по речиси еден век. Вест Хем во моментов е на 19-то место во Премиер лигата со четири бода од осум натпревари.

Read More

Светскиот рекет број 11, Холге Руне, ја скина Ахиловата тетива во полуфиналето на турнирот во Стокхолм. За потсетување, 22-годишниот Данец се откажа за време на натпреварот против Хуго Хембер (6-4, 2-2, повлекување). Тој ја претрпе повредата во последниот напад и рече дека „чул пукање“ во Ахиловата тетива. „Ќе помине извесно време пред да можам да се вратам на теренот. Тешко е. Беше толку одлично да се игра во Стокхолм и е неподносливо да се помисли дека нема да ја чувствувам таа енергија уште некое време. Ахиловата тетива ми е целосно скината на врвот, па следната недела ќе имам операција, по…

Read More

Поранешниот менаџер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, Јирген Клоп, се приклучи на Германската фудбалска лига (DFL) како дел од нејзиниот нов стручен комитет. Според весникот „Сан“, улогата на комитетот ќе биде да го промовира развојот, растот и целокупната конкурентност на германскиот фудбал. Првичните наоди и предлози на комитетот ќе бидат дискутирани напролет 2026 година. Оваа елитна група, покрај Клоп, ја вклучува и легендата на Реал Мадрид, Сами Кедира, и неколку раководители на клубови од Бундеслигата. Ова е прва официјална улога на Клоп во фудбалот откако го напушти Ливерпул минатата година. Германецот ќе продолжи да работи во Ред Бул, каде што ја држи…

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изрази целосна доверба во Виктор Гекереш и покрај периодот на неефикасност на шведскиот напаѓач. По тесната победа од 1:0 над Фулам, Шпанецот рече дека целиот тим „буквално го молел да постигне гол“, но верува дека головите ќе дојдат благодарение на неговата напорна работа и карактер. Арсенал го доби лондонското дерби на „Кревен Котиџ“ со голот на Леандро Тросар во 60. минута откако Габриел го одби центаршутот на Букајо Сака кон Белгиецот, кој ја смести топката во мрежата на Бернд Лено. И покрај успехот, Виктор Гекереш повторно не успеа да постигне гол и сега е во…

Read More

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе ја има пол-позицијата на трката за Големата награда на САД во Формула 1, откако синоќа беше најбрз во квалификациите. Актуелниот светски шампион имаше време од 1:32.510 во квалификациите на патеката Остин. Ландо Норис од Мекларен беше втор, со заостанување од 0,291 секунди, додека Шарл Леклер од Ферари беше трет, со заостанување од 0,297 секунди. Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, беше четврти, Луис Хамилтон од Ферари заврши како петти, а Оскар Пјастре од Мекларен шести. Кими Антонели од Мерцедес ќе стартува од седмото место, Оливер Берман од Хас од осмото, а Карлос Саинц од…

Read More

Поранешниот тренер на Барнли и Евертон, Шон Дајч, е фаворит да стане нов менаџер на Нотингем Форест во наредните денови, бидејќи сопственикот Евангелос Марананакис се обидува брзо да обезбеди замена за Анге Постекоглу. Австралијанецот беше отпуштен во саботата, само 18 минути по поразот на Нотингем Форест од Челзи на домашен терен со 3:0, и би можел да му ја отвори вратата на Дајч да се врати во Премиер лигата. Тој има врска со Форест, откако помина неколку години во младинските редови на клубот пред да започне професионална кариера во пониските лиги на Англија во 1990 година, без да се појави…

Read More

Македонскиот прволигаш Брера Струмица има несакан проблем, затоа што доби блокада од Светската куќа на фудбалот (ФИФА) за трансфери во иднина. Името на Брера Струмица се најде на листата на ФИФА и фигурира на оваа листа од последната седмица од месец септември. Забраната за трансфери трае во следните три преодни рока. Причината за ваквите потези на ФИФА се претежно долговите кон странски играчи или тренери, кои ги пријавуват своите побарувања до централата на ФИФА, па следи потег за да бидат заштитени и да си ја добијат својата исплата. Покрај името на Брера Струмица, на листата на ФИФА се уште стои…

Read More

Холандскиот играч од средниот ред Френки де Јонг официјално го потпиша својот нов договор со Барселона до 2029 година во присуство на претседателот Жоан Лапорта, пријатели, семејство и членови на спортскиот комитет на клубот. Де Јонг, исто така, ја пофали работата на Ханзи Флик откако германскиот тренер се приклучи на клубот: „Мојот однос со тренерот беше добар од првиот момент. Тој секогаш велеше дека верува во мене и го докажа тоа. Можам да се подобрам во многу работи и ќе продолжам да работам како и секогаш“, заклучи играчот од средниот ред. Френки де Јонг пристигна во Барселона во летото 2019…

Read More

Барселона е многу незадоволна од повредата на Роберт Левандовски. Полскиот интернационалец почувствува болка во бутот за време на првото полувреме од квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Литванија, кој заврши 2:0 во корист на Полска. Левандовски одлучи да продолжи да игра, откако стави завој на ногата. Искусниот голгетер веројатно ќе ги пропушти натпреварите на Барселона во следните четири недели, вклучувајќи го и дербито со Реал Мадрид на 26 октомври. Ситуацијата предизвика голема нервоза во седиштето на шпанскиот шампион, според информациите од „Марка“. Незадоволството сега е насочено и кон самиот играч, кој требало да одбие да игра доколку не се чувствувал…

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација ја очекува настпа на четврто Европско првенство во низа. Среќата посака избраниците на ЈошкоМиленковски да се најдат во група заедно со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел. Домаќин на оваа група ќе биде Бугарија, но се чекаше да се види кој ќе биде градот организатор. Иако првично беше најавено дека групата ќе се игра во Варна, потоа дојде до промена откако ЦЕВ во соработка со Бугарската одбојкарска федерација ја смени одлуката. „По вонредниот состанок на Управниот одбор на Бугарската одбојкарска федерација, донесена е одлука Софија да биде град-домаќин на ЕвроВолеј 2026 во Бугарија“, објавија од федерацијата. Ова…

Read More