Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе ја има пол-позицијата на трката за Големата награда на САД во Формула 1, откако синоќа беше најбрз во квалификациите.
Актуелниот светски шампион имаше време од 1:32.510 во квалификациите на патеката Остин. Ландо Норис од Мекларен беше втор, со заостанување од 0,291 секунди, додека Шарл Леклер од Ферари беше трет, со заостанување од 0,297 секунди.
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, беше четврти, Луис Хамилтон од Ферари заврши како петти, а Оскар Пјастре од Мекларен шести. Кими Антонели од Мерцедес ќе стартува од седмото место, Оливер Берман од Хас од осмото, а Карлос Саинц од Вилијамс од деветтото. Како десетти во квалификациите заврши Фернандо Алонсо од Астон Мартин.
Оскар Пјастри е лидер во генералниот пласман со 336 поени, Ландо Норис е втор со 314 поени, а Верстапен е трет со 281 поен. Трката за Големата награда на САД е на програмата вечерва од 21:00 часот.

