Author: saso

Тотенхем денеска изненадувачки му врачи отказ на менаџерот Нуно Еспирито Санто по само четири месеци откако го назначи на чело на тимот. Отказот дојде како резултат на саботниот пораз на домашен терен од Манчестер Јунајтед со 3-0. Спарс загубија пет од последните седум натпревари во Премиер лигата. Тие се на осмото место на табелата и имаат 10 бода помалку од лидерот Челзи. „Знам колку Нуно и неговиот стручен штаб сакаа да успеат и жалам што моравме да ја донесеме оваа одлука“, изјави извршниот директор на Спарс, Фабио Паратичи.

Read More

Јувентус е сериозно заинтересиран да го доведе во својот тим фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле. Според тврдењата на италијанскиот печат, Дембеле е исклучен од активностите во првиот тим на „Камп Ноу“ бидејќи продолжува негодува околу потпишувањето на новиот договор. Францускиот напаѓач се опорави од повредата, но допрва треба да го одигра првиот натпревар оваа сезона за „каталонците“. Јуве сака да го ангажира Французинот со слободен трансфер следната година, а Барса, пак, веќе го забележа Кинглси Коман од Баерн како можна замена.

Read More

Бетис и Рома работат на трансфер на 25-годишниот шпански офанзивен играч за врска кој е под договор со Реал Мадрид, Даниел Себаљос. Според извори до двата клуба, самиот Себаљос ќе го напушти Реал Мадрид во јануари поради недостиг на минутажа. Бетис работи на неговиот трансфер и разговара со челниците на „галактикоси“ за евентуална позајмица со опција за откуп на договорот во јуни, а сличен интерес има и тренерот на Рома, Мурињо.

Read More

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше презадоволен од најновата победа на „росонерите“ во Серија А. Милан синоќа со 2:1 славеше на гости кај Рома, а Пиоли вели дека овој негов тим има карактер. „Покажавме карактер, постапивме според нашиот план и замисли. Рома е силен тим. Кога игравме 11 на 11, бевме добри, се обидувавме да постигнеме гол. Таков карактер ни треба на вакви важни натпревари. Сега доживуваме позитивен период. Треба да го возиме овој бран, да бидеме храбри и сигурни во себе. Многу сум среќен“, изјавил Пиоли.

Read More

ПСЖ, наводно, размислува за раскин на договорот со Серхио Рамос, бидејќи тој никако не успева да се рехабилитира од повредите и никако да дебитира во дресот на парижани. Шпанскиот дефанзивец се пресели во ПСЖ со слободен трансфер во текот на летото, но сепак навивачите чекаат три месеци тој да се опорави од повредите и да заигра. Сите овие повреди ги иритираат челниците на ПСЖ и приказните во Франција велат дека таму вече се размислува за раскин на договорот. Францускиот весник „Ле Паризиен“ тврди дека  ПСЖ би можел да го прекине неговиот договор доколку неговите здравствени проблеми продолжат да ги попречуваат…

Read More

Аксел Витсел ќе биде главната трансфер цел на Јувентус во јануари и покрај тоа што има 32 години. Белгискиот играч за врска има договор со Борусија Дортмунд, кој истекува во јуни 2022 година, но на „бјанконерите“ итно им требаат засилувања на средината на теренот и ќе се обидат да го активираат неговиот трансфер пред почетокот на следното лето. „Старата дама“ планира сериозни рокади во својот среден ред. Вестон Мекени и Арон Ремзи можат да бидат продадени, а торинскиот клуб се надева дека ќе се ослободи од огромната плата на Велшанецот која изнесува преку 8 милиони евра.

Read More

Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години на 2. и 3. ноември ќе учествува на квалификацискиот турнир во Гибралтар за пласман во Елитна фаза квалификации за ЕП. Репрезентацијата предводена од селекторот Зоран Лекиќ ќе одигра два натпревари против Црна Гора и домаќинот Гибралтар. Првиот меч го играме на 2. ноември со Црна Гора во 17:00 часот, ден подоцна ќе се спротивставиме на домаќинот Гибралтар од 19:00 часот. Селекторот на младата футсал репрезентација на Македонија Зоран Лекиќ ги повика следните играчи: Никола Анчевски (Железарец), Иса Фера (Шкупи), Бојан Неделковски (Шкупи), Антонио Јанев (Велес), Христијан Митев (Овче Поле), Душко Пауновиќ (Клими),…

Read More

Никола Секулов потпиша нов договор со тимот на Јувентус кој е важечки до 2025 година. Италијанецот со македонско потекло засега настапува во У23 тимот на Јувентус и ја чека шансата која треба да му биде дадена кога станува збор за првиот тим.

Read More

Чави Ернандес наскоро треба да биде промовиран во нов тренер на Барселона, но неговиот сегашен клуб Ал Сад од Катар не сака да му даде дозвола за преселба во Шпанија. Како што информираат шпанските медиуми, Катарците се децидни дека Чави нема да го напушти Ал Сад за да ја преземе Барса. Ал Сад се закани дека Барселона ќе биде пријавена во ФИФА доколку продолжи да го надлетува нивниот стратег. Чави има двегодишен договор со катарскиот тим и ако сака да си замине, ќе треба да седне и да разговара со раководството на клубот. „Има многу шпекулации во последните денови. Ал…

Read More
NBA

Кон крајот на втората четвртина на мечот меѓу Јута и Денвер, најдобриот кошаркар на Нагетс, Никола Јокиќ имаше судар со Французинот Гобер при што го повреди коленото и не го продолжи мечот. Стравувањата дека се работи за сериозна повреда, сепак, ги смири тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун. „Мислам дека не е ништо премногу сериозно. Му пријдов на Никола додека се загревав на полувремето. Му реков: „Како се чувствуваш?“ Тој рече дека се чувствува малку слаб. Тогаш решив да не игра во второто полувреме. Јас ја донесов одлуката – тоа не беше негова одлука“, изјави тренерот на Денвер.

Read More