Author: saso

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа и играчот од средниот ред Федерико Валверде се повредија за време на натпреварот против Барселона во вчерашното „Ел Класико“ во Ла Лига. Реал славеше со 2:1 во најважниот меч во сезоната, но данокот го плати со две повреди. Валверде се појави на теренот во вториот дел, но 20 минути по влегувањето беше заменет поради повреда. Фудбалерот има повреда на коленото. Куртоа имаше проблеми со десната нога во обид да расчисти една топката во својот шеснаесетник. И двајцата денеска ќе бидат подложени на дополнителни прегледи.

Read More

По дебаклот на домашен терен и поразот од 5:0 од Ливерпул вчера, по мечот се огласи и првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“, Кристијано Роналдо. „Понекогаш не го добиваме резултатот за кој се бориме. Понекогаш добиваме погрешен резултат. Ние сме одговорни за ова, само ние, нема кој друг да биде виновен. Уште еднаш, нашите фанови не преплавија со нивната поддршка. Тие заслужуваат повеќе, многу повеќе, и ние мора да го направиме ова. Дојде времето за тоа“, напиша Роналдо на Инстаграм.

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не е целосно задоволен од резултатот на синоќешниот меч од 9. коло на италијанското првенство против Интер. Јувентус одигра 1:1 на гостувањето во Милано, спасувајќи се од пораз со гол од пенал во самиот финиш. „Првото полувреме беше добро, второто уште подобро. Имавме неколку шанси, па можевме и подобро. Да не заборавиме дека Интер е силен технички и физички, затоа ни требаше големо залагање. На почетокот бевме премногу возбудени од притисокот, но ова е исто така уште една фаза во процесот на раст. Загубивме осум од девет бода во првите три кола, па моравме да…

Read More

Најдобриот македонски кик-боксер, Димитар Ѓоргиев е нов светски првак. Во финалето на Светското првенство во Италија во дисциплината лоу кик, Ѓорѓиев славеше против Никола Дробњак од Босна и Херцеговина со 3-0 и повторно се закити со светско злато. Ова за него е четврта титула на светските првенства, откако претходно беше златен и на СП во 2011 година во дисциплината кик лајт. На патот до финалето во Италија, Ѓорѓиев обезбеди три убедливи победи, без загубен поен.

Read More

Традицијата на фудбал и добра дружба меѓу медиумите продолжува и оваа година. Во органзиација на Спортското радио 90.3 фм и оваа година во услови какви што дозволуваат, дел од македонските медиуми ќе ја одржат традицијата на меѓусебна дружба и ќе настапат на новото издание на „Турнирот во мал фудбал на медиумите 2021“. Поради пандемијата со Ковид-19, оваа година со скратен список на учесници и број на натпревари. Годинава како учесници покрај Спортското радио 90.3 фм ќе се појават и Сител, Канал 5, Алфа, МРТВ и МТВ 2. Натпреварите ќе се одиграат во еден ден на 23 октомрви (сабота) на теренот…

Read More

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, разгледува различни опции за засилување на ростерот за да може неговиот клуб да ја задржи лидерската позиција во Европа. Една од приоритетните опции за рускиот олигарх е враќањето на Еден Азар од Реал. Челзи е подготвен да плати 50 милиони евра за Азар. Реал Мадрид не смета на него, па затоа е подготвен да го разгледа секој предлог кој ќе стигне за него. Сепак, Флорентино Перез бара најмалку 60 милиони евра за Белгиецот, сума з акоја Челзи и Реал ќе мора да се натегаат. Азар се пресели во Реал летото 2019 година за 115 милиони…

Read More

Македонскиот ракометен репрезентативец Томислав Јагуриновски е промовиран во нов ракометар на исландскиот тим Тор Акурејри. Тоа е тимот во кој како тренер работи екс-тренерот на Вардар, Стевче Алушовски. Како што објавија исландските медиуми, Јагуриновски ќе дебитира за својот нов клуб уште на првиот следен натпревар за Тор Акурејри. Инаку тој е се уште играч на Вардар, а според договорот неговото заминување на Исланд е како позајмица до крајуот на натпреварувачката сезона.

Read More

Шпанскиот гигант Барселона ќе се вклучи во борбата за потписот на Килијан Мбапе. И покрај постојаните информации за тешката финансиска состојба на „каталонците“, весникот АС тврди дека клубот од „Камп Ноу“ е подготвен да изброи 90 милиони евра за услугите на францускиот репрезентативец. Според информациите, оваа сума ќе биде личен бонус за фудбалерот доколку е подготвен да потпише со Барселона. Преговорите меѓу двете страни ќе ги води фудбалскиот агент Пини Захави, кој практично го однесе Нејмар од Барса во ПСЖ.

Read More

Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини по вчерашниот дебакл на неговиот тим на гостувањето кај Бодо/Глимт во Конференциската лига на УЕФА, изјави дека тој и играчите им должат извинување на навивачите. „Немам многу што да кажам. Можам само да се извинам. Кажавме што треба да правиме во соблекувалната и тоа останува таму. Понекогаш ви треба шлаканица за да научите. Денеска ја примивме сосема заслужено. Мора да научиме нешто од овој срам“, рече Пелегрини по натпреварот.

Read More

Француската лига има намера да одигра првенствен натпревар во Кина. Според информациите, станува збор за мечот меѓу Монако и Лион кој треба да се одигра во рамките на 23 коло од француската Лига 1. Според најавите, дуелот би се одиграл на 5 февруари 2022 година, а и двата клуба се согласиле да патуваат за Кина. Тоа би бил прв првенствен натпревар од која било европска лига на друг континент, со оглед на тоа што досега се одиграни само пријателски или оние од Суперкупот. Натпреварот би се играл во Шангај, а претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола разговарал за тоа минатата сабота…

Read More