Македонскиот ракометен шампион, Вардар 1961 вечерва од 20.45 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ го пречекува Кил во мечот од 6. коло од Лигата на шампионите. Гостите се големи фаворити на хартија, но Вардар ќе ја има предноста на домашниот терен и фактот што Германците во Скопје дојдоа некомплетни. Кил денеска останува без ѕвездите Сагосен и Вајнхолд, па затоа нашиот првак ја гледа и својата шанса за изненадување, но и прекин на серијата од два последователни порази. Вардар во минатото коло одигра на своето ниво, но загуби кај Алборг, а претходно беше поразен дома од Монпелје, иако беше фаворит.
Author: saso
Лукас Ернандез нема да оди во затвор. Шпанскиот суд ја уважи неговата жалба и ја промени првичната одлука. Како што објавија шпанските медиуми, Провинцискиот суд во Мадрид ја уважи жалбата на фудбалерот на Баерн против налогот за прием во затвор поради прекршување на казна и го суспендира извршувањето на шестмесечната казна затвор изречена на осуденото лице. Според новата одлука, Ернандез добива четиригодишна условна казна, а под услов да не го повтори делото ќе се спаси од затворска казна. Казната е условена и со плаќање глоба која се утврдува во 240 парични такси со дневен надомест од 400 евра.
Синоќа се одиграа пет натпревари од продолжението на регуларната сезона во НБА лигата. Лос Анџелес Лејкерс со многу труд успеа да победи на гостувањето кај Сан Антонио Спарс по продолженија со резултат 125-121. Тешка победа на домашен терен забележаа и Јута која успеаја да триумфираат над Денвер Нагетс со 122-110. Мечот го одбележа и повредата на Никола Јокиќ кој иако имаше 24 поени за само 15 минути на паркетот, мораше да го пропушти остатокот од мечот поради повреда на коленото. Њујорк успеа да победи против Филаделфија со 112-99 и да ја оствари третата сезонска победа. Во ова коло победија и…
Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Корентин Толисо има намера да го напушти клубот на крајот на сезоната. Договорот на фудбалерот завршува летото 2022 година. Според информациите, преговорите за продолжување на договорот се прекинати, а агентот веќе работи на преселба на играчот во нов клуб. Интер е еден од главните интересенти за Толисо. Италијанците планираат да го ангажираат играчот следното лето како слободен играч. Минатата сезона Толисо одигра 24 натпревари на сите турнири на кои постигна три гола.
Манчестер Јунајтед му даде три натпревари на Оле Гунар Солскјер за да ја задржи својата позиција, објави Телеграф. Изворите велат дека замената на Солскјер не е неизбежна. Меѓутоа, доколку резултатите на тимот продолжат да се влошуваат, Норвежанецот ќе биде отпуштен. Всушност, Јунајтед веќе почна да бара нов тренер во случај на отказ на Солскјер. Дел од причините за доцнењето на одлуката за оставка е да се даде повеќе време за преговори со кандидатите. Беше објавено дека Манчестер Јунајтед е подготвен да го назначи Антонио Конте за главен тренер, а блиските луѓе на Конте потврдуваат дека Антонио е подготвен да го…
Фудбалскиот шампион на Македонија, тетовска Шкендија, е најдоброрангираниот македонски клуб на најновата клупска ранг-лист која ја објави УЕФА. Тетовци се најдоа на 132. место на УЕФА клупската листа со 9000 поени. Втор најдоброрангиран македонски тим на УЕФА листата е Шкупи кој е рангиран на 274. место. Следуваат Вардар на 347. место, Силекс 355., Ренова 410., Работнички 411. и Струга 412. место. Германскиот шампион Баерн (М) е моментно најдобро рангиран европски клуб според УЕФА, а зад него во ТОП 5 се и Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи и Барселона.
Јосип Периќ синоќа беше херој во ремито на Еурофарм Пелистер на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен (28-28) во рамките на 2. коло од ЕХФ Европската лига. Битолчани се изборија за реми токму со неговиот гол во последните секунди на средбата, иако во еден дел од мечот имаа негатива од 8 гола. „Немам што многу да кажам, преморен сум и полн со емоции. Имавме многу лош резултат, а тоа е емотивно тешко. Бевме во ’црна дупка’, но успеавме да се вратиме. Одигравме добро второ полувреме, а на крајот не посака и среќата. Мислам дека го заслуживме овој бод. Одигравме навистина добар дуел…
Ракометарите на Вардар 1961 влегоа во серија од два порази во Лигата на шампиони, а веќе в среда имаат нов тежок предизвик. Во Скопје доаѓа легендарниот германски шампион, Кил. Во пресрет на мечот, на денешната прес-конференција првиот човек на клупата на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ вели: „Кил доаѓа кога не е во најдобра форма и има некои играчи кој не се во составот. Нас повеќе не оптеретуваат вестите токму околу составот, јас би сакал Кил да дојде во полн состав, за да Вардар го покаже својот квалитет. Сакам Вардар да не игра само во моментите на инспирација, носен од добрата атмосфера,…
Македонската кугларска репрезентација со пораз го почна настапот на Светското првенство во Тарново Подгорне во Полска. Во првото коло од групната фаза, нашите куглари беа поразени со 7:1 од селекцијата на Словачка. Денеска нашите куглари паузираат, а утре во 2. коло се среќаваат со фаворитот Србија.
Утрово од Австралија Опен стигнуваат вести дека тенисерите кои не се вакцинирани, а кои сакаат да настапат на првиот Грен Слем следната сезона, ќе можат да допатуваат во Мелбурн, но само под услов да поминат двонеделен карантин. ВТА испратила мејл до тенисерките во кој ги информира дека во Мелбурн можат да играат и невакцинирани играчи, но дека ќе мора да поминат задолжителен карантин во хотел. Вакцинираните тенисери нема да мора да поминуваат низ такво нешто, но секако ова е добра вест за Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев кои се уште немаат примено вакцина за Ковид-19. Австралија опен треба да се…
