Лука Дончиќ и неговиот Далас доживеаја дебакл на премиерата од новата сезона во најсилната светска кошаркарска конкуренција. На гостувањето кај Атланта, Далас е поразен со 113-87 во меч во кој Дончиќ постигна 18 поени со 11 скока и 7 асистенции. Голден Стејт го потврди победничкиот старт во новата сезона, откако однесе и втора победа над градските ривали од ЛА. По Лејкерс, Воините ги совладаа и Клиперс, откако синоќа на домашен терен славеа со 115:113. Стеф Кари имаше брилијантна вечер со 45 поени и 10 скока, додека кај Клиперс Џорџ постигна 29. Во третиот ноќешен меч, Мајами ја оствари првата сезонска…
Author: saso
Сите тенисери кои сакаат да добијат виза за учество на Австралија опен на почетокот на следната година, мора да бидат целосно вакцинирани. Ова денеска го објави австралискиот министер за имиграција, Алекс Хок. Новак Ѓоковиќ, кој е актуелен шампион на Австралија опен, досега одбиваше да открие дали е вакциниран, и рече дека не е сигурен дека ќе ја брани титулата во Мелбурн. „На сите спортисти им се потребни две дози вакцина ако сакаат да ја посетат Австралија. Ова не се однесува само за тенисерите, туку и за секој странец кој сака да дојде”, изјави Хок за австралиското радио. „Немам посебна порака…
Милвоки ја започна новата сезона во НБА лигата со победа на домашен терен против екипата на Бруклин со 127:104 и да потврдат дека и оваа сезона имаат состав за одбрана на тронот. Јанис Адетокунбо покажа зошто Бакс минатата сезона стигна до долгоочекуваниот шампионски прстен со страшен „дабл-дабл“ водејќи го својот тим до првата победа во новата НБА сезона. Грчкиот кошаркар постигна 32 поени, со 14 скока и седум асистенции. Дурент на спротивната страна имаше исто така „дабл-дабл“ со 32 поени и 11 скокови, а Харден додаде 20 поени, но и тие не беа доволни за почетна победа. Во вториот меч…
Со двата гола на синоќешниот меч со Атлетико (М), голгетерот на Ливерпул Мохамед Салах постави нов клупски рекорд. Египќанецот постави нов клупски рекорд по бројот на постигнати голови во Лигата на шампионите – 31. Тој од врвот на листата го симна легендарниот поранешен капитен на тимот, Стивен Џерард кој имаше 30 гола за Ливерпул во ЛШ.
Олимпискиот оган за Зимските игри во 2022 година, што ќе се одржат во Пекинг, стигна од Атина во кинеската престолнина. Авионот со делегацијата на организацискиот комитет на Олимпијадата утрово слета на меѓународниот аеродром во Пекинг. Факелот запален во понеделникот во античка Олимпија, вчера им беше предаден на организаторите. 24 -те Зимски олимписки игри ќе се одржат во Пекинг од 4 до 20 февруари 2022 година, а Параолимписките игри се од 4 до 13 март.
Менаџерот на Ливерпул изјави дека тренерот на Атлетико, Диего Симеоне не се ракувал по натпреварот од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите затоа што бил лут. „Не ми се допаѓа, но да, тоа е ситуацијата. Сакав да му подадам рака. Неговата реакција, исто како и мојата, не беше толку остра. Следниот пат кога ќе се видиме, дефинитивно ќе се ракуваме. Тој беше лут, но не на мене, туку на резултатот. Ништо повеќе“, изјавил Клоп.
Барселона се уште му должи пари на Ливерпул за трансферот на Филипе Кутињо на „Камп Ноу“, објави радиото „Кадена СЕР“. Како што е познато, Бразилецот пристигна во Барса зимата 2018 година, а Каталонците се согласија да му платат на Ливерпул 160 милиони евра за неговите права. Добрата вест е што Барселона им плати на Борусија (Дортмунд) и Атлетико (Мадрид) за уште две мега трансфери – Усман Дембеле и Антоан Гризман. Сите три трансфери беа направени за време на владеењето на Хозе Марија Бартомеу, кого многу фанови на клубот го обвинуваат за тешката финансиска ситуација во која се наоѓаат Каталонците.
Реал Мадрид продолжува да го одржува интересот за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба. Шпанскиот клуб е подготвен да му плати на 28-годишниот фудбалер на француската репрезентација 14 милиони евра годишно, наведува „АБЦ“. Реал, исто така, на Погба и неговиот агент Мино Раиола ќе им понуди потпишан бонус од околу 30 милиони долари за двајца. Во меѓувреме, Манчестер Јунајтед сака да го задржи играчот. „Црвените ѓаволи“ му понудија на Погба нов петгодишен договор со плата од 20 милиони евра по сезона.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и натаму го брани својот план Светското првенство да се одржува на секои две години. За време на посетата на Венецуела, земја која во својата историја никогаш не се квалификувала за Светско првенство, тој вели дека двогодишниот проект за Светското првенство, е реална опција. „Нашата работа во ФИФА е постојано да размислуваме како можеме да го подобриме фудбалот во светот, да го направиме фудбалот вистински глобален спорт. Претседателот на ФИФА е претседател на 111 земја и сите овие земји имаат право да сонуваат. Тие, исто така, мора да бидат способни да го остварат овој сон,…
Се враќаат шпекулациите за иднината на sвездата на Баерн, Роберт Левандовски. Полјакот има договор со Баварците до летото 2023 година, но според некои извори тој инсистира да си замине на лето. Според АС, напаѓачот сака да го напушти германскиот шампион на крајот на сезоната, а приоритет му е преселба во Реал Мадрид. На почетокот на неделата, Левандовски исто така беше поврзуван со Манчестер Сити. Сепак, Баерн е категоричен дека го има најдобриот напаѓач на светот и нема намера да се раздели со него.
