Лука Дончиќ и неговиот Далас доживеаја дебакл на премиерата од новата сезона во најсилната светска кошаркарска конкуренција. На гостувањето кај Атланта, Далас е поразен со 113-87 во меч во кој Дончиќ постигна 18 поени со 11 скока и 7 асистенции.
Голден Стејт го потврди победничкиот старт во новата сезона, откако однесе и втора победа над градските ривали од ЛА. По Лејкерс, Воините ги совладаа и Клиперс, откако синоќа на домашен терен славеа со 115:113. Стеф Кари имаше брилијантна вечер со 45 поени и 10 скока, додека кај Клиперс Џорџ постигна 29.
Во третиот ноќешен меч, Мајами ја оствари првата сезонска победа и тоа со тотална доминација против актуелниот шампион Милвоки, победувајќи го со 137:95.