Author: saso

Њукасл е подготвен да направи вистинска јануарска офанзива за потписот на дури четворица играчи од првиот тим на Манчестер Јунајтед, пренесува „Дејли Стар“. Играчите што се на радарот на новите сопственици на „страчките“ се Ентони Марсијал, Џеси Лингард, Дони ван де Бек и Ерик Баји. Марсијал, Ван де Бек и Баји во моментов ретко се во стартниот состав на менаџерот Оле Гунар Солскјер, додека Лингард се бори да се пробие во стартната постава, што значи дека преселбата на дел од овие имиња во Њукасл е сосема реална.

Read More

Бразилскиот напаѓач Нејмар синоќа беше во дресот на „кариките“ за квалификацискиот меч за СП 2022 со Колумбија (0:0), но повторно имаше очаен настап, Тој синоќа имаше дури 15 неточни додавања за 90 минути на теренот. Ова е антирекорд за напаѓачот на ПСЖ во квалификациските натпревари. Во исто време, Нејмар не постигна гол од ефективна акција на трет натпревар по ред на сите турнири, што зборува за неговата моментална форма.

Read More

Денеска цела Македонија ќе биде со нашите фудбалери во еден од клучните натпревари во квалификациите за пласман на СП 2022. Во Скопје за првпат во историјата ни гостува големата Германија, која во март оваа година успеавме да ја изненадиме и победиме на гостински терен со 2:1. Едно од имињата кои многу добро го познава германскиот фудбал, затоа што најголемиот дел од кариерата ја мина во германските клубови, нашиот екс-репрезентативец Саша Ќириќ, деновиве е домаќин на многу свои пријатели од Германија кои специјално се дојдени во Скопје да го следат денешниот дуел. Во разговор за Спортското радио 90.3 фм, Чириќ вели:…

Read More

За првпат од почетокот на квалификациите, Бразил не успеа да забележи победа, откако синоќа одиграа без голови (0:0) на гостувањето против Колумбија во јужноамериканските квалификации за СП. И покрај ремито, Бразил е убедливо прв на табелата со 28 бода, пред првиот конкурент, Аргентина. „Гаучосите“ раноутринава ја прегазија селекцијата на Уругвај со 3:0 и дојдоа до шестата победа која ги остана на второто место на табелата. Венецуела беше подобра од Еквадор со 2:1 со пресврт, додека Боливија победи со 1:0 во Перу. Во последниот дуел утринава, Чиле славеше со 2:0 над Парагвај.

Read More

Европската куќа на ракометот денеска ги објави деталите за претстојното Европско првенство во женска конкуренција. Скопје е еден од организаторите на настанот, како еден од четирите градови каде ќе се одиграат натпреварите од прелиминарната фаза по групи. Скопје ќе биде организатор на групата „Ц“, што автоматски значи дека Македонија како домаќин ќе биде сместена во оваа група. Европското првенство ќе се одигра од 4. до 20. ноември следната година. ЕП 2022 Прелиминарна рунда: Група А, Љубљана (Словенија) Група Б, Целје (Словенија) Група Ц, Скопје (Македонија) Група Д, Подгорица (Црна Гора)

Read More

Германија синоќа со пресврт славеше над Романија со 2:1 во мечот од нашата група во квалификациите за СП, па сега с еподготвува за пат кон Скопје. Селекторот на „панцирите“, Ханси Флик, по мечот рече дека Германија мора да игра подобро и тоа ќе го покаже на следниот меч со Македонија во Скопје. На новинарскто прашање што очекува од дуелот со Македонија, Флик вели: „Внимателно го анализираме противникот. Видовме кои се нивните добри работи. Но, сега треба да работиме низ играта против Романија за да донесеме правилни заклучоци. Потоа сакаме да го направиме следниот чекор и да се пласираме на Светското…

Read More

Тимот на Њукасл планира да го доведе фудбалерот на Барселона Филипе Кутињо како прво големо засилување во јануари. Како што е добро познато, конзорциумот од Саудиска Арабија го купи тимот за 300 милиони британски фунти и така заврши ерата на Мајк Ешли на „Сент Џeјмс Прак“. Зад инвестицискиот фонд стои наследникот на престолот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман. Њукасл го доби статусот на најбогат клуб во Премиер лигата, надминувајќи ги дури и претендентите за титулата Манчестер Сити и Челзи.

Read More

Суперsвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, изјави дека сака „црвените ѓаволи“ да го доведат крилото на Јувентус, Федерико Киеза. „Калчомеркато“ тврди дека Португалецот има голема желба Киеза да му се придружи на „Олд Трафорд“. Двајцата добро се познаваат, бидејќи минатата сезона беа соиграчи во тимот на Јувентус, и се чини дека Роналдо е импресиониран од она што го покажа 23-годишниот Киеза. Минатата сезона, Италијанецот постигна 15 гола и реализираше 11 асистенции. 

Read More

Француската фудбалска федерација утрово објави дека играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио не ќе може да игра на утрешното финале од Лигата на нации против Шпанија, затоа што е позитивен на „Ковид-19“. Фудбалерот од средниот ред се изолира и нема да биде заменет во составот на Дидие Дешамп како резултат на воспоставените прописи. Како резултат на тоа, францускиот тим ќе патува за Милано со 21-члена екипа.

Read More

Македонското репрезентативно крило, Дејан Манасков, се здобил со сериозна повреда на еден од последните настапи за екипата на Веспрем. Како што објавија од клубот, тестовите извршени вчера го потврдија она од што лекарите и стравуваа. Манасков има скинати предни вкрстени лигаменти, плус повреда на страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата, па во следниот период го чека операција и долга пауза. Засега нема се уште термин за операција, но еден од клучните ракометари на Веспрем и нашата репрезентација според видот на повредата го чека најмалку 6 месечна пауза од терените.

Read More