Тренерот на Леванте, Пако Лопез утрово и официјално е отпуштен, откако тимот почна катастрофално во новата сезона на Ла Лига. Тоа значи дека тимот на нашиот репрезентативец Енис Барди наскоро ќе назначи нов предводник. Леванте загуби од Мајорка со 1:0 во саботата и се најде на незавидното 18-то место на табелата со само 4 бода по 8 одиграни натпревари. Тимот се уште нема победа оваа сезона. 54-годишниот Лопез е првиот тренер во шпанската елита што доби отказ оваа сезона.
Author: saso
Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, од денеска, 4. октомври започнува со продажба на билети за квалификацискиот натпревар на македонската А репрезентација против Германија кој ќе се одигра на 11. октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Влезниците ќе се продаваат по цена од 100. денари за западната трибина, 300 денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 од јужната трибина и блоковите 13, 18, 19 и 24 од северната трибина и 500 денари за централните блокови од јужната и северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“. Билетите од источната трибина се…
Јирген Клоп ќе остане без двајца важни фудбалери од првиот тим за големото дерби в недела против Манчестер Сити во англиската Премиер лига. Трент Александар-Арнолд ќе мора да го пропушти гдуелот поради повреда, откако пред него повреден веќе една недела е и без Тиаго Алкантара. Дефанзивецот на „црвените“ доживеа повреда на препоните за време на тренинг во понеделникот и го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите во вторникот против Порто. Клоп откри дека 22-годишниот фудбалер нема да игра против Сити на „Енфилд“ и засега не е познато колку точно ќе му треба за комплетна рехабилитација.
Капитенот и селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров од денес е сопственик на највисоката тренерска диплома на ЕХФ, Мастер-коуч. Лазаров го положи последниот тест на кој ја анализираше темата „Репрезентација на Шпанија на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка 2020 година – освојувач на златен медал (структура на тимот, применета стратегија и оцена на играчи)”. Со овој сертификат, Лазаров само ја зголеми македонската група на тренери со највисоката лиценца на ЕХФ. Селекторот на нашата репрезентација дебитираше со победа на натпреварот против светскиот првак Данска на почетокот од годината, а потоа ја одведе и нашата сениорска репрезентација на Европското…
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек сака да го напушти тимот уште во јануари. Холанѓанецот беше фрустриран на континуираното греење на клупата бидејќи воопшто не се појави и во последниот меч на Јунајтед и троиумфот над Виљареал во Лигата на шампионите. Поранешниот играч за врска на Ајакс сака да има повеќе минутажа и затоа разговарал со клупското раководство да му биде дозволено да замине од „Олд Трафорд“ што е можно поскоро.
Роналд Куман веќе следната недела ќе замине од позицијата прв тренер на Барселона. Холандскиот стручњак ја загуби поддршката од управата на клубот и ќе добие отказ, но најпрво ќе го води тимот против Атлетико (М) утревечер во дербито на колото во Ла Лига. Каталонските медиуми пишуваат дека Барселона ќе ја објави одлуката за смена на Куман по натпреварот со Атлетико, а воедно ова ќе биде последен натпревар на кој Куман ќе ја има улогата на главен тренер. Отпуштањето на Куман ќе ја чини Барселона 12 милиони евра, а каталонскиот гигант веќе преговара со потенцијалните наследници.
Некогашниот напаѓач на Ливерпул, Даниел Стариџ потпиша за австралискиот клуб Перт Глори. Договорот со 32-годишниот англиски фудбалер важи до 30 јуни 2022 година. Стариџ е слободен агент од март 2020 година. Неговиот последен клуб беше турски Трабзонспор. Договорот му беше раскинат со заеднички договор на двете страни.
Италијанскиот шампион Интер кој ја освои првата титула по 11 години има очајна финансиска ситуација. Финансиските проблеми на „нероаѕурите“ станаа очигледни во текот на летото, но сега тие се и официјализирани со објавувањето на финансиските извештаи за минатата година. И покрај рекордните приходи од 373,3 милиони евра, Интер објави рекордна загуба во историјата на италијанскиот фудбал од 245,6 милиони евра. Овие бројки се додаваат на оние објавени во претходната сезона, кога загубите изнесуваа 102,4 милиони евра.
Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на турнирот од Мастерс серијата во Индијан Велс кој е на програмата следниот месец, соопштија организаторите. “Многу ми е жал што нема да можам да ги видам моите обожаватели во Индијан Велс и да играм во пустината, едно од моите омилени места. Се надевам дека ќе се видиме следната година!”, изјавил Ѓоковиќ. 34-годишниот Србин кој загуби од Русинот Даниел Медведев во финалето на УС Опен и ќе биде уште една sвезда која се повлекува од турнирот по шампионката од 2018 година, Наоми Осака, женскиот светски рекет број еден Ешли Барти…
Екипата на Еурофарм Пелистер утрово ги дозна противниците за групната фаза од новата сезона на ЕХФ Европската лига. Според имињата на ривалите, битолскиот тим има реални шанси да се бори за место кое води во осминафиналето. Нови ривали на битолчани оваа сезона ќе бидат Татабања од Унгарија, АЕК од Грција, Спортинг од Португалија, Ним од Франција и Кадетен Шафхаузен од Швајцарија. Со Татабања и Кадетен Шафхаузен, нашиот преставник играше и минатата сезона во групната фаза.
