НБА лигата која новата сезона ја почнува на 16 октомври, потврди дека останува на своите начела за вакцинирање на кошаркарите пред стартот на сезоната. Лигата зазеде позиција со која играчите кои ќе ги пропуштаат натпреварите бидејќи не се вакцинирани нема да бидат финансиски компензирани, поточно отсуствата ќе им бидат одбиени од платата. „Секој играч кој ќе избере да не постапува во согласност со упатствата за вакцинација на локалната власт, нема да биде платен за натпреварите кои што ги пропушта“, рече Мајк Бес, извршен потпретседател за комуникации во НБА. Некои тимови, како што се Њујорк Никс, на пример, објавија дека се…
Author: saso
20-кратниот освојувач на Грен Слем трофеи, Шпанецот Рафаел Надал стана првиот тенисер во светот кој успеа да помине 6.000 дена по ред во ТОП 10 на АТП листата. Шпанецот за првпат влезе меѓу најдобрите десет светски рекети во машко конкуренција на 25 април 2005 година и оттогаш не излезе од најдобрата „десетка“.
Каталонски „Диарио Спорт“ денеска пишува дека Барселона денеска има закажано итен состанок на кој треба да се разгледа ситуацијата во тимот по дебаклот во Лисабон. Според изворот, претседателот на клубот Жоан Лапорта влегол во соблекувалната на тимот по натпреварот и ги расположил играчите. Во исто време, Диарио Спорт пишува одлуката за иднината на Куман треба да се донесе во денеска. И натаму во медиумите се споменуваат две имиња како можни наследници на Холанѓанецот, а тоа се Чави и Роберто Мартинез.
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, по синоќешната нова бламажа на Барса во ЛШ и поразот од Бенфика со 3:0, вели дека не се откажуваат од идејата за пласман во следната фаза. „Има уште многу натпревари пред нас. Ако ги освоиме, ќе имаме шанса. Се уште верувам дека можеме да ја минеме групата. Мораме да продолжиме да се бориме, да останеме обединети и да излеземе од оваа ситуација. Единствениот излез е да работиме напорно и да се држиме заедно“, рече Де Јонг.
Ракометарите на Вардар вчера успеаја да направат голем подвиг обезбедувајќи победа над европскиот вицешампион Алборг во Скопје со што по три кола во ЛШ нанижаа две победи и едно реми за лидерско место во групата. Еден од најзаслужните за триумфот, голманот Борко Ристовски, по мечот вака го прокоментира триумфот над Данците. „Сум кажал повеќе пати, не ми се важни одбраните, важни ми е што победивме. Во претходните натпревари Мартин беше неверојатен, тој е млад голман, го чекаат уште многу вакви натпревари. Сите сме тука да му помогнемен а Вардар. Кога говорам за мечот, доста тежок натпревар. Можеби од трибини не…
Ракометарите на Вардар одигра фантастичен натпревар во 3. коло од Лигата на шампионите и успеаја да ја остварат втората победа во групата, овој пат над европскиот вицешампион Алборг со 30:28. Избраниците на Веселин Вујовиќ со одлична игра во двете полувремиња, успеаја да најдат рецепт за победа против првиот фаворит во групата. Вардар вечерва го имаше неверојатниот Борко Ристовски кој забележа 16 интервенции и го понесе Вардар кој новата победа. Оливие Њокас постигна седум погодоци, Дибиров кој застана на шест и Жереми Тото кој немаше промашување постигна 5 гола.
Адола Гуеј и Готит Гебресласе се годинешните победници на 47. Берлински маратон. 39-годишниот трикратен олимписки победник, Кененизе Бекеле, кој беше голем фаворит на трката, на крајот мораше да се задоволи со освојување на 3. место. По бројните пресврти, на крајот славеше второпласираниот од 2017 година, 30-годишниот Гуеј, која истрча време од 2 часа, 5 минути и 45 секунди. Втор заврши Кениецот Бетвел Jeегон, а Бекеле на крајот беше само третопласиран. Кај дамите најдобра беше Гебресласе, која патеката ја истрча со време од 2:20,09 часа. Победниците и во двете конкуренции за награда добија по 40.000 евра.
Дефанзивецот на Челзи, Антонио Ридигер, одби да го продолжи договорот што му го понуди лондонскиот тим. Договорот за германскиот репрезентативец истекува следното лето, а актуелниот европски шампион сака што поскоро да го обезбеди неговиот престој на „Стемфорд Бриџ“. Сепак, очигледно е дека понудата не ги задоволи Реал од Мадрид и Баерн Минхен се заинтересирани за услугите на 28-годишниот дефанзивен играч, кои со свои понуди ќе излезат во јануари следната година.
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа го одигра својот 100-ти натпревар во Примера без примен гол. Синоќа на мечот со Виљареал, неговиот тим одигра само нерешено, 0:0, а со тоа Тибо стана само петтиот голман во 21 век со такво достигнување. Белгискиот чувар на мрежата на Реал има 100 „суви“ мрежи на 217 одиграни средби во Примера. Пред него ваков резултат има само голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак. Словенецот стигна до 100 натпревари без примен гол на 182 натпревари.
Украинскиот боксер Александар Усик извојува победа над Британецот Ентони Џошуа и ги обедини титулита во верзиите WBA (Super), IBF, WBO и IBO во тешка категорија. Борбата за титула се одржа во арената на фудбалскиот клуб Тотенхем во Лондон и траеше 12 рунди, по кои судиите едногласно го прогласија за победник 34-годишниот Украиниец. Усик досега ги доби сите 19 професионални борби, од кои 13 со нокаут.
